Британка специјалист во заведување исклучиво на женети мажи

И за тоа отворено зборува за The Sun и детално објаснува зошто повеќе ги сака женетите!

The Sun ја нарече Ли Ромеин сериска љубовница. Таа се колне дека никогаш повеќе нема да влезе во врска со слободен маж, а женетите ги сака бидејќи тие се „добро истренирани од нивните сопруги“.

Ли не чувствува грижа на совест што им ги краде мажите на сопругите. Таа вели дека им прави услуга на жените.

- Женетите мажи се извонредни. Тие се внимателни, даваат комплименти, ми купуваат подароци, добро се истренирани од нивните сопруги. Најчесто добиваат многу малку секс дома, па заради тоа се благодарни кога сум со нив - вели Ли.

44 годишната бизнис консултантка почнала да ги бара овие мажи откако нејзиниот партнер поради болест станал импотентен а потоа починал. Вели дека не можела да живее без секс а не сакала да влегува во врска и да се обврзува. Пронашла сајт за вонбрачни афери на луѓе кои не сакаат да се разведуваат.

- Тоа ми одговараше одлично - вели Ли.

Од 2010 до денеска имала 7 љубовници кои биле женети. Секогаш додека се гледа со некој од нив следи кој ќе се пријавува на веб сајтот и не се двоуми да му се јави ако и се допаѓа.

Ли е децидна - нема намера да уништува нечиј брак, и ако некој од нејзините партнери само спомне развод таа бега со трчање од него. Тврди дека таа помогнала некои од браковите да се зајакнат, бидејќи мажите со кои се гледала задоволни си оделе дома а го поправиле и сексот со сопругите.

А дека бизнисот со интернет страните за запознавање на мажи и жени кои се незадоволни во бракот цвета во Британија покажува следниот податок - според анкетата на сајтовите кои го водат овој бизнис, над 25% од мажите и околу 18% од жените минатата година ги измамиле своите сопружници.


притисни ентер