Моментот кога 5 годишно глуво девојче прв пат го слуша гласот на мајка си

Животот станува добар за несреќното 5 годишно кинеско девојче кое на 8 месеци било напуштено и оставено на улица. Американско семејство го посвојува, а сега со посебен имплант таа за прв пат слуша!

Џејд Шол за прв пат слуша звук. Моментот кога ќе го слушне гласот на својата мајка е непроценлив за семејството. Девојчето со помош на специјални импланти сега слуша, и бргу ќе надомести во учењето бидејќи е извонредно интелигентна.

Џејд сега има шанса, но не личело така пред само 4 години. На 8 месечна возраст таа била оставена на улица во Кина. Семејството Шол две години подоцна почнува со процесот на посвојување на детето, кој трае до неодамна. Таа е сега дел од нивното семејство.

Нејзината мајка Џеки која работи во центар за глуви во Оклахома забележала дека Џеки не слуша добро. Наскоро се испоставило дека таа воопшто не слуша и затоа и е тешко да зборува.

- Кога имате дете кое на 5 гоидини прв пат слуша звук значи дека сме пропуштиле доста време во кое требало да го научи говорот и јазикот. Но сега се ќе се промени. Ова е извонреден момент за нас!- вели Џеки.

Погледнете го моментот кога слаткото девојче Џејд прв пат слуша звук во оваа американска приказна која добива убав тек!

притисни ентер