МВР апси учесници во нередите и затвора Фејсбук профили

Врз основа на направената идентификација од снимките добиени од медиумите, МВР соопшти дека во текот на вчерашната вечер и утринава, на службен разговор повикало десетина лица поврзани со инцидентите од минатиот викендво Скопје, како и од нередите на вчерашниот фудбалски натпревар во Битола.

За петмина од приведените постојатсомненија дека се инволвирани во петочните инциденти, додека останатитеучествувале во инцидентите кои се случија во саботата. Три од лицата се малолетници.

Во моментов, лицата се распоредени по полициски станици и со сите нив се разговара. По целосно документирање, во консултација со надлежниот Јавен обвинител, против сите за кои ќе има доволно докази ќе бидат процесуирани соодветни пријави.

Министерството продолжува да ги следи и повиците за повторно организирање на протести во петок и во сабота преку социјалните мрежи. Се работи на утврдување на лицата кои стојат зад профилите кои повикуваат на протести и насилство во рамки на групите отворени на Фејсбук. Неколку од групите каде се употребуваше говор на омраза и имаше повици на насилство веќе се затворени, а во тек е постапка за затварање и на останатите.

Во текот на вчерашниот ден, околу 16.00 часот, по завршувањето на фудбалскиот натпревар помеѓу Пелистер и Вардар, полицијата интервенираше поради поголемо нарушување на јавниот ред и мир кога дел од навивачите на домашниот тим започнаа да фрлаат камења кон полициските службеници. При полициската интервенција насилната група беше разбиена, а беа приведени осум лица од кои четири се малолетни. За време на каменувањето, четири полициски службеници се пожалиле на повреди здобиени од ударите.

Министерството за внатрешни работи апелира да надвладее разумот и да се престане со девијантно и насилничко однесување. Без разлика што никакви протести не се формално најавени, врз основа на оперативните сознанија и информации, полицијата ќе ги преземе сите неопходни мерки, а против сите кои би предизвикувале или би учествувале во какви било инциденти ќе следуваат најостри санкции. Граѓаните кои размислуваат да учествуваат во некакви протести не смее да дозволат да бидат изманипулирани и вовлечени во какви било сценарија бидејќи товарот на одговорноста ќе падне врз нивниот грб.

МВР ги повикува сите општествени чинители, вклучувајќи ги и медиумите и невладините организации, активно да се вклучат и да го дадат својот придонес за смирување на страстите.

Вработените во културните институции почнаа со протести

На денешниот протест беа присутни и вработени во културата од други градови, а поддршка добија и од други синдикални организации.

Како што најавија, вработените во културните институции и денеска повторно излегоа на протест пред Министерството за култура поради неисплата на мартовските плати на над 3000 вработени, а обвинуваат дека нема да го добијат и зголемувањето од 12% кое им следи согласно колективниот договор. Од Синдикатот на култура велат дека иако вчера имале средба со претставници од Министерството за финансии, таму не бил постигнат никаков договор, а најавија секојдневни протести пред Минстерството за култура до исполнување на нивните барања.

-Не убедуваа дека нас во овој момент не ни следува покачување согласно колективниот договор, бидејки ние во септември минатата година сме добиле 10% покачување од општиот колективен договор. Порачуваме на Министерството за финансии и на Министерството за култура ако ја направило грешката и не предвидело пари во буџетот согласно Колективниот договор за култура тоа да го стори и на овие луѓе овде да им исплати плата и здравствено осигурување во најбрз можен рок.- Вера Атанасовска – претседателка на синдикатот на култура

На денешниот протест беа присутни и вработени во културата од други градови, а поддршка добија и од други синдикални организации.

Вчера и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на вонредна седница најави и отпочнување на процедура за генерален штрајк во сите установи во дејноста култура, доколку не се реши нивниот проблем.

Пред две недели од Министерството за култура кажаа дека нема промени во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот за култура. Единствена промена била внесувањето на минималната плата во диспозитивот на договорот.

„Водостопанство“ бара пари од владата за плати и одржување на каналите

Без плата, одиме на штрајк. Менаџментот толерира четири општини да не плаќаат снабдување со вода, а ние едвај крпиме месец со месец.

Ова го порачаа вработените од АД Водостопанство на Македонија, кои излегоа на мирен протест, бидејќи се уште не ја добиле мартовската плата.

Разочарани се што, и покрај тоа што вработените во ова препријатие, како што велат, си ја извршуваат својата работа, но за тоа веќе не добиваат ништо. Тие се пожалија дека, иако побарале средба во Владата, досега не добиле никакво известување.

Од Синдикатот додадоа дека целата оваа ситуација може да предизвика поголеми проблеми за 30 илјади земјоделски семејства, кои можат да останат без водоснабдување.

Како што додадоа синдикаците од Водостопанство, граѓани од Куманово, Струмица, Тетово и Кавадарци повеќе години не плаќале снабдување со вода со што, како што додадоа од синдикатот, направиле штета врз претпријатието до 240 милиони денари.

Синдикатот на Водостопанство порача дека доколку не се решат нивните финансиски проблеми, ќе излезат на генерален штрајк во блиска иднина.

Уставниот суд на Хрватска пресече: Милановиќ не може да биде мандатар, ниту премиер

Уставниот суд на Хрватска одржа вонредна седница за изборот и ангажманот на претседателот Зоран Милановиќ во предизборната кампања.

„На 18 март, Уставниот суд го предупреди Милановиќ дека неговата кандидатура на листата на која било партија или листи и неговата номинација за кандидат за премиер е некомпатибилна со неговите овластувања како претседател. Тој беше предупреден дека мора да поднесе оставка доколку одлучи да се кандидира. Уставниот суд ги покани претседателот и СДП да престанат со активностите што се спротивни на Уставот“, рече на почетокот претседателот на Уставниот суд Мирослав Шепаровиќ.

Уставниот суд утврдува дека СДП постапила според предупредувањето на Уставниот суд, рече Шепаровиќ.

„Милановиќ го прекрши Уставот, не само што не ја почитуваше одлуката на Уставниот суд, туку се стави во позиција на учесник на изборите“, додава тој.

„Во текот на целата кампања постапуваше спротивно на Уставот“, велат оттаму, пренесува Индекс.

„Уставниот суд утврдува дека претседателот на републиката со своите изјави, без претходно да поднесе оставка, се стави во ситуација да не може да биде мандатар или премиер“, рече Шепаровиќ.

Тој додаде дека секој е должен да го почитува Уставот и законот.

„Уставот е пред сѐ. Претседателот навреме беше предупреден дека може да учествува во кампањата, но дека мора да поднесе оставка. Сега е готово. Тој повеќе не може да биде мандатар“, рече Шепаровиќ.

притисни ентер