7-дневна жалост во Венецуела - погребот во петок. Каракас го обвини САД за убиство!

Венецуела ја оплакува смртта на Уго Чавез. Во земјата е прогласена 7-дневна жалост, а пораки со сочувство стасуваат од сите страни на светот.. Официјален Каракас го обвини Вашингтон дека стои зад причините за смртта на лидерот. Смртта на Чавез се одрази на цената на суровата нафта на американската и на европските берзи.

Венецуела ја слушна веста, што од поодамна ја очекуваше. Илјадници луѓе го преплавија предворјето на болницата во Каракас, оплакувајќи го лидерот, што 14 години успеваше да им го продаде сонот за подобра Венецуела.

-Тој беше нашиот татко. Чависмо ќе трае вечно. Ние сме неговиот народ, и ќе продолжиме да се бориме, изјави жител на Каракас

-Чувстувам голема болка, не можам да зборувам. Тој беше најдоброто што оваа земја го имаше. Да се надеваме дека земјата ќе се смири и ќе го продолжиме она што тој ни го остави, изјави жителка на Каракас.

Владата објави 7-дневна жалост. Погребот е закажан за во петок. Таму секој ќе мора да биде облечен во боите на државното знаме. До изборите кои мора да се одржат за 30 дена, земјата ќе ја води неговиот заменик Николас Мадуро, кој во обраќањето до нацијата, го обвини вечниот непријател Вашингтон дека е одговорен за смртта на командантот.

- Нема сомнежи дека болеста на Чавез е дело на историските напријатели на нашата татковина. Како и во случајот со палестинскиот лидер Јасер Арафат, и нашиот лидер е отруен. Посебна комисија ќе докаже дека болеста на командантот е предизвикана, изјави Николас Мадуро заменик претседател на Венецуела

Изрази на сочувство стасаа од целиот свет, па и од самиот Обама. САД ја потврдуваат поддршката на венецуелската влада во ова чувствително време, порача Обама, кој се уште го чува подарокот од Чавез, книгата „Пет ве­ка ограбу­ва­ње на еден кон­ти­нент"што Венецуелецот лично му ја даде да ја прочита.

- Сакам да го изразам најдлабоко сочувство на семејствата и владата на Венецуела поради загубата на Чавез, изјави Бан Ки Мун, Генерален секретар на ОН

-Тој одигра многу важна улога во развојот на односите меѓу Венецуела и Русија. Ние длабоко жалиме поради тоа, изјави Виталиј Чуркин амбасадор на Русија во ОН

Аналитичарите сметаат дека смртта на Чавез несомнено ќе ја промени политичката рамнотежа во Латинска Америка и оти ќе им зададе силен удар на левичарските земји, во корист на центристичките. Уникатната идеологија Чавизмо, смеса од популизам и автократија соединети во едно, а во кого западниот свет препознаваше сталинистички примеси, ќе остане предмет на анализа. Она што е факт е дека Чавез почина на ист ден со Сталин, точно 60 години подоцна.

Кнежевското семејство од Монако вознемирено од обвинувањата за прекумерно трошење пари

Принцот Албер од Монако, во ново интервју за „Пари мач“ (Paris Match), по повод неговиот 66-ти роденден, изјави дека неговото семејство и јавноста го поддржале откако поранешен сметководител го обвини за финансиски неправилности. 

Сепак, тој призна дека неговата сопруга, принцезата Шарлин, е вознемирена поради сѐ тоа.

- Шарлин беше многу вознемирена и тажна поради одредени работи што се појавија во медиумите. Но, ние се поддржувавме меѓусебе, изјави принцот Албер.

Принцот (66) зборуваше за тоа два месеци откако неговиот поранешен вработен Клод Палмеро тврдеше дека личните трошоци на Шарлин скокнале на повеќе од милион евра годишно. Палмеро (67) беше задолжен за финансиите на кнежевското семејство од Монако повеќе од 20 години, но се повлече во јули. Протечените документи го обвинуваат семејството и дека наводно вработувало нелегални имигранти.

Принцезата Шарлин ја нарекуваат „најтажната принцеза на светот“, поради нејзиното наводно постојано лошо расположение, како што се говори. И за нејзиниот брак со Албер често се јавуваат гласини дека е во криза, но кнежевската двојка и натаму се појавува заедно во јавноста.

Еврокомесарот Рејндерс од 25 април ја става функцијата во мирување

Во соопштението се посочува дека функцијата на Рејндерс ќе биде во мирување од 25 април, кога официјално стартува изборната кампања за нов генерален секретар на Советот на ЕУ.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го одобри барањето еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс за неплатено отсуство од должноста, откако на почетокот на неделава Комитетот на министри на Советот на Европа ја поддржа неговата кандидатура за нов генерален секретар на оваа паневропска организација, соопшти ЕК.

Во соопштението се посочува дека функцијата на Рејндерс ќе биде во мирување од 25 април, кога официјално стартува изборната кампања за нов генерален секретар на Советот на ЕУ, па до гласањето за избор во Парламентарното собрание на Организацијата, што е предвидено за во јуни.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕК информира дека имајќи ја предвид заложбата на Рејндерс да се воздржи од директно и индиректно учество во каква било активност поврзана со изборната кампања до 25 април, да гарантира дека таква активност не се спроведува во негово име, како и да избегне какви било дополнителни дејствија што би можеле да се перципираат како конфликт на интереси, Фон дер Лајен му одобри неплатено отсуство, нагласувајќи дека и во тој период за него ќе важат одредбите и правилата од Кодексот за однесување на членовите на Европската комисија.

- Претседателката посебно ја истакна обврската да не ги користи човечките или материјалните ресурси на Комисијата во периодот на кампањата и да продолжи со почитување на принципите на доверливост и колегијалност, како и со општите обврски утврдени во Кодексот на однесување, се додава во соопштението, при што се посочува дека за привременото повлекување на Рејндерс, ЕК ги информирала и Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Рејндерс е еврокомесар за правда од декември 2019 година, на која должност дојде од местото белгиски министер за надворешни работи, функција што ја извршуваше од декември 2011 година во влади на тројца премиери. Пред тоа, од јули 1999 до декември 2011 тој беше министер за финансии на Белгија. Од декември 2018 до ноември 2019 паралелно со должноста шеф на дипломатијата, беше и министер за одбрана. Тој веќе беше кандидат за генерален секретар на Советот на Европа во 2019 година, но загуби од актуелната шефица на Организацијата, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Негови противкандидати за функцијата се донеодамнешниот швајцарски министер за внатрешни работи Ален Берсет и поранешниот естонски министер за култура Индрек Сар.

Засега е не јасно дали доколку биде избран на новата должност, Рејндерс уште веднаш ќе го напушти местото еврокомесар или ќе го истурка целиот мандат до крај. Мандатот на сегашната Европска комисија и на нејзините членови истекува со изборот на новиот состав на извршното тело на ЕУ, што се очекува да се случи во октомври или ноември. Од друга страна актуелниот мандат на Пејчиновиќ Буриќ истекува во септември.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со школки

Во среда (27.03.2024) во емисијата гостин ни беше Катерина Танева.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче шпагети

2 пакетчиња школки

2 конзерви пасиран домат

1 главица лук

1 лимон

бибер, сув зачин, сол по потреба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер