Нападот со киселина в лице на директорот на Баљшој бил нарачан од балетски солист!

Солистот на Баљшој театарот Павел Дмитриченко призна дека го нарачал нападот на уметничкиот директор Сергеј Филин чие лице на 17 јануари беше изгорено со сумпорна киселина.
Дмитриченко е уапсен заедно со извршителот на нападот Јуриј Заруцки и таксистот кој Заруцки го одвезол до местото на инцидентот, Андреј Липатов. Сите тројца признале вина.

Што е причината балетанот да организира лилето на директорот да биде изгорено. Полицијата допрва ќе испитува, но никој нема да се изненади ако Дмитриченко се одмаздувал поради нешто што го почувствувал како неправда во острата конкуренција во Баљшој.

Некои медиуми веќе јавија дека можно е Дмитриченко да се одмаздувал на директорот затоа што неговата девојка, балерината Ангелина Воронцова, не ја добила главната улога во Лебедово езеро.

Самиот Филин по нападот изјави дека точно знае кој стои зад него, но не го именува. Тој тогаш нападот го поврза со својата позиција во театарот.

Американските тенкови гаѓани со компири додека се повлекуваат од Сирија (ВИДЕО)

Сириските Курди го изразија своето незадоволство од повлекувањето на американсктие трупи , така што ги гаѓаа со компири.

Видеото објавено во курдските медиуми покажува дека Курдите фрлаат компири кон американски конвој што ја преминува областа во Камишли.

„Американците бегаат како стаорци“, извикува толпата кон тенковите што заминуваат. „Срам да ви е“, им довикуваа.

Поминаа скоро две недели откако Турција ја започна големата офанзива во северо-источна Сирија, додавајќи дека нејзина цел се милитантите на Исламската држава и курдските сили на ПГР.

Претседателот Доналд Трамп претходно нареди повлекување на САД од областа, давајќи и практично на Турција зелено светло за влез во Сирија.

Курдски извори велат дека нападнатиот конвој го преминал граничниот премин Сахел и влегол во северната ирачка провинција Дохук.

Курдите додаваат дека повеќе од сто американски возила се упатиле вчера кон Дохук.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер во саботата објави дека скоро илјада американски војници ќе се повлечат од северна Сирија.

Собранието го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците

Собранието во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 114-тата седница го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците.

Во текот на расправата пратениците од опозицијата побараа оваа точка да се одложи на неопределено време се до добивањето на финалната верзија на извештајот на Венецијанската комисија заради, како што релкоа, поврзаноста на ова законско решение со Законот за употреба на јазиците. Тие укажаа дека Венецијанската комисија има забелешки на Законот за јазици и додадоа дека не треба на брзина да се носат законски решенија кои имаат сериозни последици за сите.

За владејачките партии Законот за Инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците и со него се гарантира рамноправност, еднаквост и непристрасност при примена на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.

По усвојувањето на Законот претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот.

Министерот Бектеши го прими новоименуваниот кинески амбасадот Џанг Ѕуо

Кина е важен трговски партнер на Македонија, континуирано работиме на подобрување на соработката меѓу двете земји, било речено на средбата , соопшти Министерството за економија.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со Н.Е. Џанг Ѕуо, новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Македонија.

На средбата министерот и амбасадорот разговараа за досегашната соработка помеѓу двете земји, но и за можностите за соработка во иднина, особено во полето на економијата. 

Министерот Бектеши го изрази своето задоволство за успешната реализацијата на досегашните проекти во областа на патната инфраструктура. Истакна дека постои голем потенцијал за проширување на соработката  и делот на енергетиката , туризмот, земјоделството и културата.

Бектеши изрази убедување дека развојот на трговските и економските односи меѓу двете земји ќе продолжи на високо ниво, особено во рамки на Процесот за соработка „17+1“.

Во рамките на состанокот министерот ги презентираше реализираните проекти и планираните активности на Министерството за економија во делот на енергетиката, трговијата, соработката со бизнис заедницата и поддршката на странските инвеститори, со посебен акцент на можностите кои што ги имаат домашните и странските компании согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите кој е основа за развој на економијата и има еднаков третман за сите инвеститори.

Амбасадорот Ѕуо изрази поддршка на политиките кои ги води Владата во делот на подобрување на билатералните односи меѓу двете земји и истакна дека е многу важно и понатаму интензивно да се работи на зајакнување на трговската соработка помеѓу Кина и Македонија.

Потенцираше дека ќе вложи максимални напори, Македонија да ја претстави како поволна дестинација за кинеските компании и ќе иницира средби и посети на кинески компании во земјата.

притисни ентер