Се враќа сјајот на древната црква Пресвета Богородица Привлептос во Охрид

Се враќа сјајот на еден од највредните фрескоживописи во земјава. Овој месец треба да започне конзервацијата на црквата Света Богородица Перивлепта во Охрид. Со донација на американската амбасада ќе се заштити архитектурата, кровот, камбанаријата и конаците.

- Продавницата за свеќи за рекламни материјали ќе биде пренесена во манастирскиот конак. Просторот за палење свеќи ќе биде дислоциран од црквата со што ке се овозможи тој простор да биде што повеќе еднакво климатизиран, вели Тања Паскали Бунташеска, директор на Завод и музеј Охрид. 

Сериозните оштетувања на фрескоживописот настанаа поради влагата од прокиснувањето на кровот. Санацијата ќе ја прават меѓународни експерти конзерватори на културни спменици. 

Црквата Пресвета Богородица Привлептос е изградена пред 1295година. Извонредните уметнички вредности на фреско-декорацијата и ризницата од икони се сметаат за ремек дела во историјата на сликарството. 
притисни ентер