Синди Крафорд загрижена за своите гради

Еден од најпрепознатливите топ-модели во деведесетите години, на прагот е на својот 47-ми роденден не е задоволна со својот изглед.


- Гравитацијата е тука, градите ми се обесија, брчките се појавија. Да ме прашавте пред 20 години дали би одела „под нож“, сосема сигурно би рекла дека нема шанси, а денес сериозно размислувам за тоа. Користам ботокс, но тој целосно го менува мојот изглед. Не ме подмладува, туку едноставно ме менува – искрено изјавила Синди. www.kanal5.com.mk

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ „Македонија, достоинствено исправена пред светот“

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје синоќа организираше отворена трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи, враќањето на дигнитетот на дипломатијата и заштита на македонските национални интереси .

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје синоќа организираше отворена трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи, враќањето на дигнитетот на дипломатијата и заштита на македонските национални интереси на меѓународната политичка арена, под наслов „МАКЕДОНИЈА, ДОСТОИНСТВЕНО ИСПРАВЕНА ПРЕД СВЕТОТ“.

Професор д-р Гордана Силјановска Давкова ја критикуваше нефункционалноста на постоечката дипломатија поради дискомуникација меѓу претседателот, министерот за надворешни работи и Собранието. Таа укажа дека мора да се врати фокусот на мултилатералната дипломатија и борбата за национални интереси преку меѓународните организации и институции со почитување на европското право и сите релевантни документи во врска со малцински и човекови права. Исто така, таа навести користење на институтот реципроцитет во иднина, како базичен национален приоритет во односите со други држави.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска Давкова како нужно укажа на неопходноста на враќање на функционалноста на македонската дипломатија, пред се преку зацврстување на системот за вреднување на работата на дипломатите, нивното кариерно унапредување и упатување на служба во странство според заслуги и искажани способности и дипломатски вештини

Поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов врз основа на своето искуство ја потенцираше важноста од повторно воспоставување на нарушениот баланс помеѓу законодавната, извршната и судската власт. Извршната власт ги има киднапирано ингеренциите на Собранието, претседателот и правосудството сведувајќи ги на улога на своевиден сервис на Владата. Тоа резултира со редица нестручни, погрешни и неквалитетни одлуки, кои многу ја чинат државата. Враќањето на балансот на ингеренциите помеѓу нив ќе биде клучен елемент за координирано настапување на државните чинители и успех на домашен и на надворешен план.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски се осврна на актуелните слабости во Министерството за надворешни работи кои со геометриска прогресија се зголемуваат последните седум години. Покрај бројните прекршувања на законот од страна на министерот Османи, тој ги потенцираше прекршувањата на процедурите за упатување на амбасадори во странство, масовното партиско впумпување кадри и отстранувањето на најспособните дипломатски кадри од тековните процеси, нарекувајќи го Кабинетот на Османи „чајна кујна“ со само неколку луѓе, каде што одлуките се носат независно од структурата на МНР. Тој најави ревизија, односно враќање на незаконски испратените амбасадори од странство.

Трибината предизвика интерес во стручната јавност и присуство на голем број сегашни и поранешни дипломати и пратеници.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Путин: Ловците Ф-16 ќе бидат легитимна цел за Русија, како и аеродромите од кои полетуваат

Доколку американските ловци Ф-16 учествуваат во конфликтот во Украина, полетувајќи од аеродромите во трети земји, тие аеродроми ќе станат легитимна цел на руската армија, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.

За време на посетата на Тверската област, Путин потсети дека борбените авиони Ф-16 можат да носат нуклеарно оружје и нагласи дека Москва „ќе мора да го земе тоа предвид“.

Тој порача дека ловците Ф-16 доколку бидат вклучени во конфликтот, руската војска ќе ги уништи тие авиони „исто како што ги уништува нивните тенкови, оклопни возила и друга опрема, вклучително и повеќе ракетни системи“.

Путин оцени дека ловците Ф-16, доколку западните земји ги испорачаат на Украина, нема да можат да ја променат ситуацијата на бојното поле.

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви:

Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија)

Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија).

притисни ентер