Арсовски: Заев лажеше дека има писмени гаранции за датум

Ветото на Бугарија на нашите евроинтеграции има име и презиме, тоа е Зоран Заев, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој се коцкаше со македонските национални интереси, се коцкаше со идентитетот, со народот, односно играше ол ин и загуби.

Не загуби само тој, загуби целиот македонски народ, заради неговото коцкање.

Заев три години ветуваше дека го заштитил идентитетот, јазикот и народот, дека добил писмени гаранции за датум за почеток на преговори и што ли уште не.

Но, тој лажеше бесрамно и затоа замолувам да погледнеме едно видео каде што го лажеше целиот македонски народ.

Зоран Заев во очи ги гледаше граѓаните и ги лажеше и се уште ги лаже. Но, веќе се е кристално јасно, нема повеќе кого да лаже. Поразена е неговата патлиџан дипломатија и свиткана кичма. Македонија со Заев е оставена на ветрометина. Нема ни црвени линии, ниту бетониран идентитет, ниту датум. Оттука постојат отворени сомнежи дека Заев за да се заштити влегува уште подлабоко во своето пазарџиство и нути се што може да понуди.

Прашуваме, дали освен идентитетските прашања, за кои и самите потврдија дека ги тргувале во Берлин, на маса се и други концесии кои Заев ги ветувал на одредени структури во Бугарија?

Кои се тие концесии?

Дали е точно дека Заев ветувал на одредени луѓе, дека на патот кон ЕУ, како дел од цената за обезбедување поддршка од бугарската влада ќе биде и директна продажба на одредени државни удели во државни институции кои треба да преминат во капитал на бугарски бизнисмени, удели за кои и најавија продажба од самата Влада на Зоран Заев јавно на медиумите?

Тука повторно и денес би ги потенцирал делот кој го поседува Владата на Македонија во Телеком, железничкиот транспорт, ТЕЦ Неготино, Македонски пошти и уште неколку државни компании?

Заев после сите лаги, после целото пазарење и коцкање со идентитетот, после сите порази на Македонија во надворешната политика изгуби секаков легитимитет.

Поради Заев, Македонија само губи, а ништо не добива. Затоа Заев, Димитров и целата влада треба да си поднесат оставка, а Република Македонија да добие нова влада за национален спас, кој ќе ја извади од ќор-сокакот во кој ја доведе Заев и целата негова влада, рече Арсовски.

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна./МИА

ДИК: До 11 часот излезноста 12,78 отсто или 229.473 гласачи

До 11 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е 12,78 отсто или на гласање излегле вкупно 229.473 граѓани. 

Како што е објавено на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК), овие проценти се врз основа на обработени 3 418 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава.

Кина го осуди одобрувањето на пакетот американска воена помош за Тајван

Кина денеска го критикуваше одобрувањето на новиот пакет американска воена помош за Тајван, наведувајќи дека со тоа островот се става во „опасна ситуација“.

Американскиот Сенат синоќа одобри воена помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван по неколку месеци одложување и дебата за тоа колку САД треба да бидат вклучени во војни во странство.

Од тоа, осум милијарди долари беа наменети за Тајван, со цел да се спротивстави на кинеската закана од инвазија.

Кина смета дека Тајван, кој прогласи независност, е дел од нејзината територија и се закани дека таа позиција ќе ја брани со сила доколку е потребно.

Кинеската канцеларија во Тајван соопшти дека помошта „сериозно ги прекршува“ обврските на САД кон Кина и „испраќа погрешен сигнал до тајванските сепаратистички сили“. /МИА

притисни ентер