Арсовски: СДСМ сака да украде 600.000 евра преку маркетинг кампања

Влада на СДСМ сака да даде 600.000 евра преку два тендери објавени од Генералниот секретаријат за маркетинг услуги и рекламни кампањи.

300.000 евра за кампања за успешна вакцинација и уште 300.000 евра за кампања за спречување корупција. Ниту едното ниту другото е успешно ниту на едното поле се работи ниту пак на другото поле се работи па за да се тера некаква кампања.

600.000 евра народни пари Заев, Филипче и Љупчо Николовски ќе ги дадат на маркетинг агенции, а кои се зборува веќе дека подоцна ќе им ја прават кампањата за локалните избори.

Еве јавно прашуваме, како ќе се потрошат овие 600.000 евра?

Ова е прашање кое што ја интересира јавноста и треба да се одговори.

Јавно прашуваме каде ќе завршат овие 600.000 евра и како ќе допрат до јавноста овие кампањи за кои што нели ќе се доделат парите, бидејќи се огромни пари, не се малку пари, ако се земе предвид дека Владата не смее да се рекламира?

Двојат 600.000 евра од Буџет за рекламни кампањи, кои се огромни пари и со нив се прави навистина сериозни кампањи, а јасно е дека нема да завршат тие пари за закуп на рекламен простор никаде, што е уште појасно дека од старт кампањите ќе бидат неуспешни и се само начин за крадење на државни буџетски пари.

Еве нека кажат каде ќе се рекламираат за 600.000 евра за овие две кампањи и за што ќе бидат наменети тие пари кои што ги даваат на тендер ?

Владата да каже по кој закон ќе се рекламира и каде ќе се рекламира со оваа сума на пари? Бидејќи сите знаеме дека волкава сума на пари за две кампањи единствено може да се издвои доколку се рекламира некаде владата.

На пример со 600.000 евра ќе се купат 10 амбулантни возила кои што фалат низ градовите, наместо да ги испумпаат и украдат СДСМ овие пари од Буџет.

На пример исто така со 600.000 евра ќе се купат повеќе од 25.000 вакцини наместо граѓаните секојдневно да умираат.

На пример со 600.000 евра ќе се реконструираат градинки и училишта или некоја поликлиника бидејќи граѓаните немаат каде основните здравствени услуги да ги реализираат.

Јасно е, намерата на СДСМ со овие 2 тендера од 600.000 евра е само и само и единствено да се украдат парите и за сметка на овие државни пари да си ги платат кампањите кои им следат за локални избори.

Самите овие тендери за маркетинг и кампањи се основ за сериозна корупција и сериозен криминал. Вакви лопови почитувани граѓани како оваа гарнитура на СДСМ се срам за Република Македонија .

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Фифти Сент ќе бара самостојно старателство над синот

Американскиот рапер Фифти Сент ќе побара самостојно старателство над синот што го има со Дафне Џој, откако таа е посочна како наводна сексуална работничка во тужбата против музичарот Шон Комбс - „Диди“.

„Со оглед на најновите случувања и вести за вмешаноста на Дафне Џој во тужбата на Диди, Фифти Сент ќе бара самостојно старателство над неговиот син“, изјави извор близок до двојката за „Ју-ес викли“ (Us Weekly).

Портпаролот на Фифти рече дека нема коментар за овие наводи.

Раперот и Дафне беа во врска во 2011. и 2012 година. Тие се разделија набргу по раѓањето на нивниот син Сајр. По последните наводи, Фифти на својот интернет-простор објави фотографија од себе со пура и не многу пријателски коментар за поранешната девојка.

„Не знаев дека си сексуална работничка. Мала сексуална работничка. 'ЛОЛ'. Овие г**нарии се претворија во филм", напиша музичарот.

Според западните медиуми, во судските документи Дафне Џој е обвинета дека била вмешана како сексуална работничка, заедно со Јанг Мајами и Џејд Рејми, во наводниот синџир за секс-трговија на Диди. За нив, наводно, раперот „се фалел“ дека им плаќал „месечна стипендија“ за нивната сексуална работа./МИА

Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто

Индустриското производство во февруари годинава во однос на истиот месец лани е поголемо за 0,3 отсто. 

Во периодот јануари – февруари 2024 година, пак, споредено со првите два месеца од 2023, растот изнесува 1,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст од 5.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 14.5 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на хартија и производи од хартија, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки, Производство на останата опрема за транспорт, Производство на мебел, Останата производствена индустрија и Поправка и инсталирање на машини и опрема.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.9 %, Капитални производи за 4.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 15.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %

Фетел одговори на прашањето дали се враќа во Формула 1

Себастијан Фетел го прекина молкот за гласините за неговото враќање од пензија за да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.

Четирикратниот светски шампион се прости од трките на крајот на 2022 година во автомобил на Астон Мартин за да помине повеќе време со семејството, но германскиот возач тогаш за можното враќање рече: „никогаш не треба да се каже никогаш“.

Откако Хамилтон во февруари објави дека ќе го напушти Мерцедес и ќе се пресели во Ферари од 2022 година, се шпекулираше дека Фетел ќе го замени, но…

-Сè уште сум заинтересиран и ги следам трките. Во моментов се случува многу - на и надвор од патеката. Но, за мене Формула 1 не е во фокусот во моментов. Кога заминував, реков дека никогаш не вели никогаш за враќањето, но намерата не ми беше да застанам и потоа да почнам повторно, изјави Фетел и со тоа ги демантираше гласините дека се враќа. /МИА

притисни ентер