Арсовски: СДСМ нема оправдување за над 700.000 евра потрошени во кампања

СДСМ нема оправдување за потрошени над 700.000 евра, пари, во текот на кампањата за предвремените парламентарни избори.

Имено, во извештајот кој го доставија СДСМ до Државниот завод за ревизија, јасно се гледаат празни полиња, на местата каде што треба да се запишат сумите потрошени за рекламирање на социјални мрежи и за закуп на рекламни паноа, односно билборди.

Просто е нејасно, зошто СДСМ ги крие овие работи ако знаеме дека лесно може да се најдат и се достапни за истражување - онлајн.

Билбордите јавно се ждребаа во ДИК и за оние локации кои ги закупија СДСМ јасно е дека потрошиле стотици илјади евра, а пак за рекламите на социјалните мрежи веќе експертите коментираа низ медиумите дека дневно СДСМ во текот на кампањата трошеа над 27.000 евра или во текот на целата кампања над 500.000 евра, односно над половина милион евра.

Сомнежот за криењето на сума од над 700.000 евра вкупно, доведува до тоа да граѓаните веќе погодуваат на кој начин во СДСМ ги стекнале овие пари кои што не ги пријавиле во извештајот.

Дали можеби парите се од рекетирањето на бизнисмените и од Луј Витон торбата? Тоа останува да одговори СДСМ.

Целиот изборен процес и кампања СДСМ го водеше недемократски и со изборен грабеж и поткуп.

Нормално, со црни пари, за кои на сите граѓани веќе им е јасно тоа.

Дупката од 700.000 евра во извештајот на СДСМ е доволен показател дека целата кампања ја финансирале од црните пари кои ги стекнале преку рекетирање.

Прашање: Дали има нови детали околу формирање на парламентарно мнозинство, дали можеби имавте разговори со некоја партија?

Одговор: Не, во моментов остануваме на она кое го кажавме до вчерашниот ден кога одговарав на прашања, дека доколку има нови детали ќе излеземе во јавност транспарентно и ќе кажеме што се разговарало и со кого се разговарало.

Прашање: Дали за идната недела имате закажано средба со некоја од Албанските партии и дали ќе обезбедите мнозинство во Собранието?

Одговор: Како што веќе рековме, работиме на обезбедување на мнозинство во Собранието. Во однос на средбите со албанските партии, во моментот кога ќе се реализираат, односно кога ќе треба да се реализираат ние ќе ја известиме јавноста. Не би навлегувал во детали.

Прашање: Дали конкретно ќе предложите нов закон за корупција, со кој ќе се истражи начинот на стекнување на имотот кај функционерите? Дали за ова има некаков компромис, но и разговори со останатите партии, бидејќи декларативни заложби за ова има од сите политички лидери?

Одговор: Претседателот Мицкоски пред неколку дена на своја прес конференција одговараше на прашања на новинарите, таму јасно потенцираше дека еден од првите чекори на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде поднесување на нов Закон за потекло на имотот на функционерите и политичарите, сегашни, бивши. Оние кои што биле на високи функции во минатото, но и нивните семејства. И бидејќи како што тоа го говоревме ние во кампањата, го ветивме изминативе месец до два, тоа го ветуваа и останатите партии така да очекуваме дека ќе добиеме поддршка во тој дел и од останатите партии. Да не останат само декларативни заложби како што сите останати политички лидери тоа го форсираа во јавност, но не го исполнија. Затоа ние еден од првите чекори кои што ќе ги направиме во Собранието ќе биде токму Законот за потекло на имот на политичарите, и очекуваме поддршка од сите политички лидери.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Петчлено семејство од Оклахома, меѓу кои и две деца, се убиени во нивниот дом

Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.

Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјавил дека загинатите биле семејство и умреле од насилна смрт, пренесува ABC News.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно пронашле инспекторите.

Полицијата била испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека има тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство.

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

притисни ентер