Арсовски: СДСМ не смее да ја покачи акцизата

Економската политика на владата тотално ја осиромашува целата држава.

Илјадници луѓе веќе остануваат без работа, ги отпуштаат компаниите од своите работни места, а никој не превзема никаква мерка само за да им помогне и да ги избави од целата ситуација. Во моментов сведоци сме како гледаме дека има предлог од страна на владата да се покачи акцизата на нафтените деривати и горивата за 2 денари. Ова е недопустливо и ова е невидено. Ова е единствената влада во Република Македонија која што во моментов ја имаме, единствената влада во светот која што наместо да им помага на граѓаните и компаниите во ваква економска криза дополнително ги осиромашува.

Покачувањето на акцизата за два денари ќе значи катастрофално одразување врз стандардот на граѓаните. Тоа ќе значи директно товар на грбот на граѓаните, осиромашување за дури 35 милиони евра годишно.

Имавме ситуација кога на почетокот на доаѓањето на СДСМ на власт, владата донесе законска уредба да се покачи акцизата за 3 денари што тоа значеше годишно удирање на грбот на граѓаните за над 48 милиони евра.

Во моментов доколку се донесе и ова како предлог од стопанските комори, а прифатено од владата да се покачи акцизата за 2 денари, тоа ќе значи над 35 милиони евра директно врз грбот на граѓаните. Ова ќе значи дополнително и покачување на животниот стандард, ќе значи дополнително покачување на патниот транспорт, ќе значи покачување на транспортот на стоки, ќе значи покачување на прехранбени продукти и сите други. Целата спирала ќе влијае врз покачување на животниот стандард на граѓаните кои што дополнително во моментов се осиромашени и не се на своите работни места голем дел од нив, односно секој десетти граѓанин од приватниот сектор е отпуштен од своето работно место.

На Република Македонија и на граѓаните во моментов најмалку им треба ова како мерка, дополнително најмалку им треба формирање на нова транзициона елита како во деведесеттите години кога беше целата онаа транзиција во која голем дел од фирмите беа затворени, а граѓаните оставени на улица. Со оваа мерка дополнително, која ќе влијае врз стотици и стотици мали и средни претпријатија постои можност да се затворат истите и да ги отпуштат своите вработени од работа.

Во моментов можам само да истакнам дека ние како ВМРО-ДПМНЕ ја поздравуваме онаа мерка која беше донесена од Владата за помош на луѓето со една плата, односно за месеците април и мај. Но, мораме да потенцираме дека иако ја прифатија мерката предложена од ВМРО-ДПМНЕ истата мерка треба да значи и за месец март што директно ќе значи помош за граѓаните.

Почитувани,

Наместо оваа влада да помага на граѓаните и компаниите оваа иста влада удира по грбот на граѓаните, наместо да донесе уредба оваа мерка која што ја донесоа во текот на вчерашната седница за граѓаните да им се исплати и за месец март платата, тие наместо тоа сакаа да воведат акциза од два денари која што ќе ги осиромаши уште повеќе. Ова не смее да се донесе како мерка за покачување на акцизата.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ 

притисни ентер