Арсовски: Раководството на ГТЦ преку цензура се обидува да заштити криминал - Канал 5

Арсовски: Раководството на ГТЦ преку цензура се обидува да заштити криминал

СДСМ и оваа власт е среде огромен скандал на крадење струја, ништо по различно единствено крадење 4 години, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Арсовски: Раководството на ГТЦ преку цензура се обидува да заштити криминал

Сега веќе е и повеќе од јасно зошто молчат СДСМ со денови за најголемиот скандал за крадење струја во ГТЦ.

Копањето криптовалути преку машини во подрумите на ГТЦ изминативе 3 години дуќанџиите, односно сопствениците да дуќаните и оние кои што имаат таму или водат бизнис ги чинело милиони евра. Од сопственици на бизниси ги доведоа на питачки стап.

Дополнително, обидот за цензура од страна на ГТЦ е пуштен на најјако, откако завчера раководството на ГТЦ се обиде да прекине моја прес конференција пред влезот на канцелариите, а истиот ден се обидоа и да прекинат мирен протест и им забрануваа да говорат пред медиумите на сопствениците на дуќаните во ГТЦ, ова нема да помине.

И Ѓоко Трајчевски и Трајанка Тасевска, кои се кадри на СДСМ и партиски штитеници на Зоран Заев, во ниту еден случај нема да замолчат никого. Единствено што можат е да си подготвуваат одбрана и да им објаснат на сопствениците на дуќаните колку пари им е направена штета изминативе години и дали и на кој начин ќе им надоместат.

Вчера медиумите исто така пренесоа дека и во железница се копале криптовалути во канцеларија.

Замислете, државата е девастирана од оваа Влада. Не се знае во ниту една институција што и како се прави. Нема никаде ред, се работи недомаќински и сето тоа, заради храброста која ја добиваат членовите на СДСМ од Зоран Заев и си мислат дека државата е нивна.

Во ГТЦ директорите продавале 3 дури и 4 пати поскапа струја на дуќаните за да надоместат крадење на струја, внимавајте продавале повисока струја на чесните луѓе кои што работат таму, само за да надоместат крадење на струја од страна на коалициониот партнер на СДСМ, семејството Бајрам.

Дополнително, отворено се сомневаме дека ова не е изолиран случај за крадење струја за копање криптовалути случајот со семејството Бајрам, туку дека има и други кои што истото го прават или го правеле во подрумските простории на ГТЦ. Најмалку што можеа наместо да молчат и да ги нема никаде и да штитат криминал раководството на ГТЦ, можеа да направат увид низ целото ГТЦ и да видат дали има и на друго место крадење на струја за копање криптовалути.

Но, тие одлучија да молчат, одлучија да штитат криминал нормално затоа што и самите се вмешани во истиот и според наши сознанија, постои можност изминативе денови да се изнесувале и други машини на диви копачи на криптовалути од ГТЦ.

Дополнително, исто така претпоставуваме и имаме простор за сомнеж дека и во други институции се краде струја за копање криптовалути. Но бидејќи од врвот на Владата и од врвот на СДСМ единствено што прават и што знаат е крадење и никој не може да поведе ред и да направи увид дали и на други места и во други институции се краде.

Почитувани,

Раководството на ГТЦ да си сноси одговорност и да си размисли дали и како ќе ги обештети сопствениците на дуќаните. Сега веќе и сите се свесни зошто половина дуќани во ГТЦ нефункционираат, се затворени, не работат или пропаднаа, тоа е заради оваа криминална банда на власт.

YouTube video

Герасимовски: Досега 1360 пензионери од Општина Центар аплицирале за еднократната помош од 2.500 денари

За помалку од една недела, 1360 пензионери од Центар се пријавиле за еднократна парична помош од 2.500 денари.

Герасимовски: Досега 1360 пензионери од Општина Центар аплицирале за еднократната помош од 2.500 денари

„Пријавувањето е во тек. Интересот е навистина голем. Пензионерите најчесто ги користат утринските часови за да се пријават, а бројот на поднесени барања секојдневно расте. Ова е јасен показател дека ваквата мерка навистина им значи на нашите повозрасни граѓани”, посочи градоначалникот Горан Герасимовски.

Право на оваа помош имаат сите пензионери, жители на Општина Центар, кои примаат старосна, семејна, инвалидска или социјална пензија во месечен износ до 26.157 денари.

Потребни документи за аплицирање: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, потврда за последната примена пензија (чек или потврда од банка за мај или јуни), а за социјална пензија потребна е потврда или решение од надлежниот Центар за социјална работа.

Барањата се поднесуваат во Општина Центар , барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Формуларот за пријава може да се преземе и од веб-страницата на општината.

Повикот е отворен до 18 јули или до исцрпување на предвидените средства.

Исплатата на средствата ќе се реализира во текот на летото.

Општина Центар

Женски излегувања без мажи ги освојуваат клубовите во Австралија: Настани за кои се бара билет повеќе

Две најдобри пријателки од Перт, Австралија, предизвикаа вистински бум во ноќниот живот со организирање на ексклузивни поп-ап настани наменети исклучиво за жени.

Женски излегувања без мажи ги освојуваат клубовите во Австралија: Настани за кои се бара билет повеќе

Нивниот проект „The Blackout Room“ веќе стана еден од најбараните настани во градот – без мажи, само за девојки кои сакаат да се забавуваат без притисок.

Адел Казинс (42) и Шејрис Содерберг (37), и двете мајки со полн работен ангажман, успеале да создадат безбеден простор за жените кои сакаат да се забавуваат без непосакувани ситуации, флерт или непријатности.

Настаните се одржуваат во хотелот „Абердин“ и билетите се продаваат по цена од 29 австралиски долари, со бесплатен шот на влез. Иако почнале како малку поинаква идеја, денес настаните се распродадени со над 300 присутни.

– На 42 години, не се чувствував веќе добредојдена во клубовите, а сè уште сакав да танцувам. Само не сакав да се справувам со погрешни погледи или да ме вознемируваат – изјави Адел.

Организаторките велат дека нивната публика најчесто е меѓу 30 и 40 години, но присуствуваат жени од сите возрасти – па дури и млади кои сакаат ова да биде нивно прво клубско искуство.

Иако настаните добиваат позитивни реакции од женската публика, на социјалните мрежи не изостануваат критики од мажи, од кои дел прашуваат „Кој ќе ги купува пијалаците?“. Адел на тоа одговара:

– Сакавме свој простор, и го создадовме. Никого не исклучуваме трајно, ова се само повремени настани. Мажите се слободни да си направат свој клуб.

Жените, пак, во коментарите велат дека конечно имаат простор каде што можат да танцуваат, да се чувствуваат слободно и безбедно.

Настанот се случува во време кога низ Австралија се водат дискусии и правни битки за потребата од женски простори – меѓу кои и уметничката изложба „Ladies Lounge“ во музејот Мона, која по правна постапка мораше да биде отворена и за мажи.

Иако предизвикува дебати, концептот на „женски излегувања“ продолжува да добива поддршка – и од жени, и од мажи кои велат дека на нивните партнерки конечно им е пријатно да излегуваат без грижа, пишуват австралски медиуми.

Куомо останува во трката за градоначалник на Њујорк како независен кандидат

 Поранешниот гувернер на Њујорк, Ендру Куомо, изјави дека ќе остане во трката за градоначалник на Њујорк како независен кандидат откако ги загуби прелиминарните избори на демократите од Зохран Мамдани, јавуваат американските медиуми.

Куомо останува во трката за градоначалник на Њујорк како независен кандидат

Тој, во видео порака, навести дека ќе се соочи со демократскиот кандидат Мамдани, за кого рече дека „нуди паметни слогани, но нема вистински решенија“.

-Борбата за спасување на нашиот град не е завршена, рече Куомо, додавајќи дека „само 13 проценти од жителите на Њујорк гласаа на прелиминарните избори во јуни. Изборите се во ноември и јас ќе се кандидирам за победа“.

Актуелниот градоначалник Ерик Адамс, исто така, ќе се кандидира како независен кандидат, а републиканците како свој кандидат го номинираа Куртис Слива, основачот на грашанските патроли против криминалите на „Ангели чувари“ во 1970-тите, јавуваат американските медиуми.

притисни ентер