Арсовски: МВР се виновни што секој бандит со пиштол пука кај стигне

На МВР поважно им е дали на граѓаните маската им е под нос или закачена само на едното уво за веднаш да ги казнат, а воопшто не им е важно кој поседува и носи со себе пиштол, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

За овој хаос и пукање кое што го видовме денеска во центарот на Скопје, пред Градската болница, претходно и во селото Батинци, директно се одговорни и надлежни МВР.

Откако дојде СДСМ на власт изминативе години гледаме само филмски пукотници низ центарот на Скопје и граѓаните не се чувствуваат воопшто безбедно. Секој што си зема за право да носи пиштол во себе, се повикува на блискоста со власта и станува опасен за околината, што денеска се виде и во самиот центар на Скопје пред Градската болница, но претходно каде што имаше пукотници во селото Батинци.

Дополнително, голем е сомнежот дека власта крие нешто бидејќи нејасни беа информациите кои ги споделуваа во медиумите. Најпрвин очевидци за медиуми брифирале дека лице со пиштол се заканувало и пукало пред болницата, за потоа експресно МВР и директорот на СДСМ на болницата, да демантираат дека немало никакво пукање пред градската болница, а за што сепак сведочи и автомобилот и пиштолот кои се најдени на паркингот.

Дали и зошто полицијата ги крие овие информации од граѓаните останува нејасно, но се поочигледно е дека доколку од самиот почеток кријат, тоа значи дека можеби се работи за лица кои се блиски до структурите на власта.

Скопјани и граѓаните на Република Македонија не се безбедни со вакви бандити кои што шетаат со пиштоли, а пак кои имаат поддршка од бандитите кои што се на власт, рече Арсовски.


Дневен хороскоп за 23. јануари 2021 година

Дневен хороскоп за сабота, 23. јануари 2021 година. 

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе веводи силна плима на чувства , ќе блескате и ќе имате потреба за љубов повеќе од порано. Ќе ви биде возвратена.

Кариера

Пред вас е ден одличен за секаков вид пријатни , естетски и уметнички проекти.

Здравје и совет

Изразете се слободно .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку сте во тајна љубовна врска , денеска вонеа би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза.

Кариера

Уметниците денеска ќе бидат посебно инспирирани за големи и квалитетни дела. За сите се однесува дека треба подобра организација.

Здравје и совет

Обрнете внимание на соништата.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска би можело да дојде до искрени изливи на емоции од страна или кон личност од работното место. Другите во личниот живот ќе бидат успешни.

Кариера

На работното место денеска ќе ви биде пријатно. Можни за ангажмани поврзани со убавина или со уметност , односно со работи што го прават животот посреќен.

Здравје и совет

Не обрнувајте внимание на ситници.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе бидете расположени за шеги и забава , а ќе ви недостига јасна цел поврзана со трезвенсот и емотивност.

Кариера

Се чини дека колегите толку ве сакаат што се подготвени се да направат за вас. Немојте тоа да го злоупотребувате.

Здравје и совет

Барате пријатна диета за себе.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Засилени од претходните љубовни успеси , вашата самодоварба ќе порасне , а вие ќе тргнете во нови подвизи.

Кариера

Ќе се двоумите дали во нешто што е стабилно и добро да внесете малку чудни идеи , што уште не сте ги испробале.

Здравје и совет

Некои размислуваат за диета.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Како што ќе минува денот , вие ќе бидете се понежни и поемотивни. плимата на чувства ќе направи да блескате.

Кариера

Во ситните деловни задачи ќе има мал хаос , што ќе треба да го надминете со добар план и подобра организација.

Здравје и совет

Преминете од зборови на дела.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашиот главен адут во љубовните теми ќе биде сензуалноста и смилосот за еротика. Многумина ќе заведуваат , без оглед на резултатот.

Кариера

Влијанијата се многу различни. Од една страна убаво напредувате и имате поддршка од другите , а од друга , некого иритирате.

Здравје и совет

Ќе има мали неровози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска во личните прашања ќе успеете да ја поврзете еротиката со идеалите. Се ќе стане појасно , а вие ќе бидете помирни.

Кариера

Се чини како да нема ниедна нејаснотија , што сега не би можеле да ја решите.Затоа многумина ќе ве прашаат за совет.

Здравје и совет

Излезете им во пресрет на другите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Денеска ќе се чувствувате стабилно ,а од вас ќе зрачи токлаво колилчество на самодоверба , што ќе оставате впечаток како се можете да постигнете.

Кариера

Кај некои ќе дојде до окрупнување на имотот или заработката што ќе ви изгледа како вистинско мало богатство.

Здравје и совет

Здрави сте и инвентивни.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во попладневните часови ќе дојде до поголема отвореност меѓу вас и саканата личност. Доколку се додворувате , ќе станете дрдорливи.

Кариера

Ќе анализирате можни опцииза влоувања и развој на работата врз добри финансиски темели.

Здравје и совет

Вашите идеи се се подобри и подобри.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот партнер денеска ќе биде особено емотивен и инспириран за љубов. Оние кои сеуште се сами, ќе ги измачува копнеж.

Кариера

Во соработката со другите ќе покажете исклучителна способност за дипломатија , па дури и да не ви се допаѓа.

Здравје и совет

Проблеми со исхраната.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повеќето работи ќе се одвиваат според желбите на вашиот партнер , а на вас ќе остане само да ги следите.

Кариера

Некои ќе сонуваат за подобри деловни партнери , иако оние кои сега ги иамте не се толку лоши. Треба дас е разбудите и самите дасе уверите во тоа.

Здравје и совет

Разбистрете ги мислите во тишина.

По тригодишна врска, девојката на Дибала признава: Сакам и мажи и жени (ФОТО)

Пејачката и актерка Оријана Сабатини е во врска со sвездата на Јувентус, Пол Дибала, а на социјалните мрежи ја следат 5,5 милиони луѓе.

Дибала ја видел на концертот на Ариана Гранде во Буенос Аирес во 2017 година, каде што Сабатини била танчерка. Тој бил толку маѓепсан што веднаш и го побарал бројот и ја поканил на пијачка по што започнала романсата. Тие се во врска веќе три години.

Сега Сабатини го сврте вниманието кон себе велејќи дека таа сака и жени.

„Ако треба да си ставам етикета - да, мислам дека сум бисексуалка.

Италијанците и Аргентинците пишуваат веќе три години, навестувајќи дека Сабатини сака и мажи и жени, особено по синглот „Остани или бегај“ во чие видео таа се гушка и бакнува со манекенката Соледад Алонсо.

„Нема ништо подобро во животот од чувството за слобода“, одговорила таа тогаш на прашањето дали е личност која сака и мажи и жени.

Руски доктор: Имунитет се создава 45 дена по вакцинацијата

Имунолошкиот одговор на корона вирусот не се развива пред 32-45 дена по вакцинирањето, или максимум 52 дена после тоа, изјави денеска Александар Горелов, заменик директор за наука на Централниот истражувачки институт за епидемиологија.

„Знаеме дека антителата не се произведуваат пред да поминат 32-45 дена, додека максималното количество се развива по четири периоди на инкубација или 56 дена подоцна, кога сите можеме слободно да дишеме. Сепак, тоа не значи дека можеме да престанеме да носиме маски “, рече Горелов, пренесува ТАСС.

Горелов истакнал дека луѓето не треба да се грижат ако поради некоја причина го пропуштат датумот на втората доза.

"Всушност, тоа не е толку критично, бидејќи светот има информации дека одредени земји ја применуваат вакцинацијата во рок од шест недели. Значи, мислам дека времето може да се избере во овој период. Всушност, веќе сме свесни дека ова е класичен пример за 30 -45 дена временската рамка помеѓу вакцинациите да биде прифатлива “, рече експертот.

Русија на 18 јануари започна масовна вакцинација против корона вирусот.

Граѓаните можат бесплатно да добијат една од двете регистрирани вакцини Спутник V или ЕпиВаКорона.

притисни ентер