Арсовски: Лидија Димова јавно да ги објави рангирањата и бодувањата на проектите

Навршува скоро една недела откако излезе скандалот со сомнеж за злоупотреба на пари во Националната агенција со која раководи Лидија Димова, а се уште нема никаков потег и чекор од страна институциите.

Ниту од ЈО, ниту од МВР, ниту од било која друга институција.

Лидија Димова се уште оди на работа и не дава оставка, се уште зема огромна плата, се уште се вози во две луксузни возила купени на лизинг од близу 100.000 евра земени на лизинг и се уште постои простор да влезе и во друга афера и друг скандал од ваков тип. Односно, доколку навистина има сомнеж за кривично дело во претходниот скандал со фризерницата, се уште постои простор да се повтори такво дело.

Затоа Лидија Димова треба да си даде оставка уште веднаш!

Дополнително, 6 дена се кријат ранг листите на сите рангирани конкуренти за проекти кои што аплицирале преку Еразмус + програмата.

Зошто Лидија Димова не ги објавува ранг листите на проектите да видиме кој правен субјект со својот проект со колку бодови ги добиле парите?

Ако постои сомнеж како што се појави во јавноста дека одреден проект од оние што ги добила фризерницата, не исполнувал критериуми на бодување, а сепак го добил проектот и финансирањето, тоа е голем скандал.

Затоа, Лидија Димова треба јавно да ги објави рангирањата и бодувањата на проектите за да се тргне оваа дамка, овој сомнеж од рангирањата, но тоа не ја исклучува од целиот скандал каде што има сомнеж дека се проневерени пари.

Само по себе е скандал што фризерница добива проект за медиумска писменост и едукација и неколку други проекти во вредност од над 270.000 евра, а не пак рангирањето кое дополнително фрла сериозни сомнежи на целиот процес.

Затоа бараме оставка од Лидија Димова уште веднаш, да нема ни ден повеќе, ни минута повеќе простор било како да управува и раководи со Националната агенција и бараме ЈО, МВР, Финансиска полиција уште веднаш да отворат случај за овој сомнеж за проневера на пари каде што ќе се доведе до разрешница и крај.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер