Арсовски: Хибридниот режим на Заев во обид да ја спречи вистината за кражба на струја

Крадат струја коалиционите партнери на Заев од ГТЦ, а од МВР велат дека тоа не било кривично дело за кое што требало да сносат одговорност, вели Арсовски.

Замислете, јавна тајна беше дека на трошок на дуќанџиите од ГТЦ се копа криптовалути, а МВР вели дека ЕВН утврдиле дека нема крадење, туку дека имало дополнителни броила и таму била приклучена таа машина за копање. Од ЕВН пак велат дека нема дополнителни броила и дека има само едно броило за ГТЦ, со што потврдија дека МВР лаже и го штити криминалот.

Е сега сакаме да ги прашаме Ѓоко Трајчевски и Трајанка Тасевска, дали ГТЦ смее да препродава поскапа струја на дуќанџиите, од онаа што ја купува?

ГТЦ ја купува струјата како акцизна стока за 3.7 денари по киловатчас, а ја продаваат 15.9 денари по киловатчас .

Почитувани,

Ова е класичен грабеж од дуќанџиите кои имаат дуќани и ова е класичен криминал што го прават директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски и претседателот на одборот на директори Трајанка Тасевска, инаку сопруга на директорот на БЈБ.

Дали со ова плаќање на повисока цена, односно препродавање на повисока цена на струја кон дуќанџиите од страна на ГТЦ која што ја набавува се покривало крадењето струја кое што го правело семејството Бајрам?

На ова треба одговори МВР, треба да одговори Ѓоко Трајчевски, треба да одговори Трајанка Тасевска.

Ова е јавен простор и немаме потреба од одобрение, така да ако сметате повикајте полиција. А, камерата и Вас ве снима бидејќи влетавте на сред прес конференција. И за ова кое што го прават службите на ГТЦ треба повторно да се види како функционира хибридниот режим.

Дуќанџиите кои што имаат дуќани тука од сопственици на бизнис ги доведоа на питачки стап со крадење струја. Така да за сето ова и за целиот овој хибриден режим треба да се сноси одговорност. Одговорност ќе има, прашање е кога и како.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Заврши драмата во Италија: По 44 часа закана, момче се откажа до намерата да скокне од балкон

Млад човек (23) од Пескара, Италија, кој се заканувал дека ќе скокне од терасата на својот стан, по 44 часа преговори се откажал под изговор дека е уморен.

„Доста ми е, уморен сум“, им рекол на полицајците и се симнал од оградата на терасата на која балансирал речиси два дена, објави АНСА.

Момчето од 28 февруари во 14 часот и 30 минути стоело на работ од оградата на терасата, а причините се уште не се познати.

Откако се симнал, влегол во куќата и им ја отворил вратата на специјалците на кои им рекол дека му е доста. Го завиткале во ќебе и заедно со кучето го извадиле од станот.

Екипата на итната помош му пружила соодветна нега и тој е префрлен во болница.

Георгина направи фустан од дресот на Роналдо и прошета по модната писта (ФОТО)

Георгина Родригез, партнерката на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, привлече големо внимание на Модната недела во Париз поради изборот на облека во која прошета по пистата.

Оваа шпанска убавица вчера вечер беше на модната писта, на ревијата на Vetements, облечена во фустан од дресот на Роналдо со потпис и посебна посвета на актуелниот играч на Ал Наср.

Медиумите пишуваат дека овој фустан е пример за „блоккор“ кој комбинира спортска мода со урбана облека, а на задната страна пишувало:

- За љубовта на мојот живот, Георгина и Ветементс - потпишан од Кристијано Роналдо.

На Георгина, инаку, не и е непозната Модната недела, бидејќи претходно присуствувала на некои од најголемите модни ревии. Сепак, ова е прв пат да прошета со некој од брендовите. Сите се согласуваат дека нема да и биде последен настап.

Во сообраќајка кај Колари синоќа загина 46 годишник од Скопје, со возилото излетал од патот

Во сообраќајна несреќа вчера околу 18 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар кај селото Колари животот го загуби 46 годишник од Скопје, откако со возилото што го управувал излетал од патот. 

Во сообраќајката со тешки повреди се здобила малолетна сопатничка во автомобилот.

-На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот. Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево, информираше СВР Охрид.

Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кичево.

притисни ентер