Арсовски: Фирмата на братот на Љупчо Николовски наплаќа во кеш спротивно на закон

УЈП и ДКСК да отворат случај.

Дали Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата е всушност најголем корупционер во власта ?! Додека инспекциите затвораат фирми на граѓани и за најмал пропуст, фирмата на братот на Љупчо Николовски наплаќа во кеш, без притоа да издава фискални сметки.

Братот на Николовски врши криминал и нелегално зема готовина.

Николовски наплаќаат кеш спротивно на Законот за регистрирање на готовински плаќања, наплаќа на одредени правни субјекти. Фамилијата Николовски го кршат законот и работат спротивно на прописите.

Имено според чл.12 од Законот за регистрирање на готовински плаќања се вели -„Не е дозволен промет на добра и услуги кои не се вршат преку монтиран и воведен во користење одобрен фискален систем на опрема освен во случаи кога е потребен ремонт или поправка на фискална апаратура односно надворешниот GPRS уред“.

Доколку било кој друг граѓанин беше на местото на братот на Љупчо Николовски, првин ќе добиеше глоба од 5000 евра, а потоа ќе имаше и постапки против него од страна на УЈП. И така човекот глава немаше да крене од инспекции и казни, но кога се работи за личните бизниси на врвот на СДСМ, вклучително тука за вториот човек во СДСМ и во власта, закон не важи, важно е само да се прават пари.

Ова се каса прими издадени од страна на фирмата на братот Николовски, Лариком Импекс, како доказ дека наплаќаат во кеш, без да издадат фискална сметка.

Ја повикуваме јавно Сања Лукаревска и УЈП веднаш да постапат согласно законот и да влезат во фирмите на семејството Николовски, но и да каже зошто до сега не постапиле согласно закон. Каде се пропустите, и дали Љупчо Николовски влијаел со својата функција за неговиот брат да може непречено да работи нелегално, спротивно на законот?

Ја повикуваме ДКСК веднаш да отвори случај против Љупчо Николовски и да ја испита неговата вмешаност влијание дали го има, како и дали била злоупотребена неговата функција и влијание во корист на фирмата на неговиот брат. Но и како додека 6200 фирми во Македонија пропаднаа заради корона кризата, фирмата на Николовски има раст на приходите од 2100%.

Го повикуваме уште еднаш, јавно да соопшти Љупчо Николовски дали и како се случило ова и веднаш да си даде оставка од позицијата вицепремиер за борба против корупцијата, како институциите непречено без страв од него и неговата позиција и влијание и моќта која му ја пружа позицијата ќе го истражат случајот. Дали семејството Николовски преку фирмата Лариком Импекс наплаќале во кеш, преку каса прими спротивно на законот. Одговорност мора да има и одговорност ќе има. Институциите да си ја завршат својата работа, ние ќе го следиме случајот.

Новинарско прашање: Ваш став околу случајот Монструм и протестите кои се случија?

Одговор: Околу случајот Монструм и протестите кои се случија, неколку пати јавно кажавме и ќе повторам уште еднаш дека премиерот од СДСМ, Зоран Заев си играше со чувствата на граѓаните, ги лажеше и Албанците, ги лажеше и Македонците, односно ги лажеше и семејствата на оние кои што трагично беа погубени на тој настан, а ги лажеше и граѓаните и семејствата на оние коишто беа обвинети и осудени. Практично тој подгреваше меѓуетничка тензија меѓу граѓаните. И за сето ова што се случува изминатиот период е виновен единствено Зоран Заев.

Факт е дека е ноторен лажго и во однос на било какви инциденти кои што се случуваат во Македонија, осудуваме секаков вид на насилство и инциденти.

Новинарско прашање: Коментар за нападот врз академик Илија Чашуле?

Одговор: од она кое што може да се види низ медиумите, вклучително и изминатиот период, еминентни лица од општеството се брутално тепани, малтретирани да не речам масакрирани физички низ улиците низ Скопје и останатите градови. И тоа наназад трае неколку години, а тоа е затоа што постои неказнивост од институциите вклучително Оливер Спасовски не си ја работи својата работа.

Од она коешто сакам да го потенцирам е дека неказнивоста којашто постои само повеќе ги стимулира луѓето да бидат вршат напади, а вакви еминентни личности да бидат предмет на напад.

Не сакам ни да помислам дека е вистина, но сите факти укажуваат на истото, а тоа е дека ова можеби е порака од власта до господинот Чашуле заради она дека МАНУ одби да ја внесе северна во својата институција.

Затоа сакам најостро да ги осудам нападите врз господинот Илија Чашуле, сторителите веднаш да бидат најдени. Бидејќи ако отсекаде се говори и се слуша дека оваа порака му е пратена од власта, многу лесно власта ќе може да ги најде сторителите и веднаш тие да се најдат зад решетки. Доволно е самоволие, доволно е сеење страв и доволно е тепање на луѓе низ улиците, особено на вакви еминентни лица од општеството и државата како господинот Илија Чашуле.

Затоа уште една го осудуваме насилството и повикуваме веднаш да бидат најдени сторителите, а вклучително како морален чин на одговорност и Оливер Спасовски и Зоран Заев да си поднесат оставки. Дали за овој случај, дали Заев за лежењето за случајот Монструм, морална одговорност е да си дадат оставки.

Новинарско прашање: Коментар за кинеските вакцини, министерот Филипче кажа дека ќе доцнат?

Одговор: ако се вратиме наназад периодот ќе видиме дека и Венко Филипче и владата на Зоран Заев постојано лажат за набавката на вакцини. Најпрвин велеа дека ќе стигнат стотина илјади, па 50 илјади, па 200 илјади, па биле нарачани. Даваат датуми како 15 февруари, доаѓа 1 март, се уште нема вакцини. Имам информација дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма, па затоа прашуваме јавно дали е вистина дека е вратен авансот за кинеските вакцини и воедно кои се причините доколку е вистина дека е вратен, иако нашите информации говорат дека е вратен и не само што ќе доцнат туку ние нема да добиеме вакцини од кинеската фирма во идниот период

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Последниот“ 10. филм на Тарантино во мирување

Квентин Тарантино веќе не планира да го снима „Филмски критичар“, проект за којшто претходно изјавуваше дека би бил неговиот последен филм како режисер. Во средата е потврдено дека режисерот го ставил проектот во мирување.

„Филмски критичар“ би бил десетти долгометражен филм на Тарантино. Бред Пит беше избран за главната улога, а во една прилика Тарантино рече дека филмот сместен во 1977 година е за човек кој пишува сериозни критики за порносписание. Гласините говореа дека Пит ќе игра лик сличен на оној во „Си беше еднаш во Холивуд“.

Не се знае кој проект би можел да го избере за свој следен филм, но Тарантино навестуваше дека е заинтерисиран за нешто „понискобуџетно“ и за помала публика.

- Видете, можеби ќе дојдам до навистина голема идеја. Но, во овој миг, идејата за помала публика ми е привлечна „од сите страни“, изјави ексцентричниот режисер.

Во 2022 година, тој објави и своја замисла за ТВ-серија од осум епизоди, но и тоа никогаш не се помрдна од таа првична точка на замисла. /МИА

Коалиција „Вреди“ : ДУИ преку началникот на СВР Тетово врши насилство и притисок

Седат Сулејмани од изборниот штаб на коалицијата „Вреди“ денеска ја обвини ДУИ дека преку началникот на СВР Тетово врши насилство и притисок во 6. изборна единица.

-Криминалците и корумпираните на власт последниве денови го користат секој механизам за притисок врз граѓаните кои не ги поддржуваат или не излегуваат на собирите на ДУИ и нивниот Фронт. Оваа појава е уште поизразена во шестата ИЕ. Повеќе од еден месец Тетово се претвори во град во кој бандите се борат меѓу себе среде бел ден, каде што затворениците слободно се движат. Додека одредени полицајци секојдневно ги притискаат граѓаните од шестата ИЕ, дури и преку телефонски јавувања, да излезат на митинзи на ДУИ и да гласаат за ДУИ на претстојните избори. Сето ова се случува откако ДУИ на незаконски начин, го држи на функција шеф на Секторот за внатрешни работи, Шефик Бајрами, кој е познат како злобната и одмаздничка рака на ДУИ. Граѓаните во Тетово се изразително потресени од криминалот и настаните што се случија во Тетово откако Шефик Бајрами незаконски беше именуван шеф на Секторот за Внатрешни Работи, истакна Сулејмани на прес-конференција во Тетово.

Тој рече дека имајќи ги предвид секојдневните инциденти и случувања, директно го прашуваат министерот за внатрешни работи дали Секторот за внатрешни работи во Тетово и началникот Шефик Бајрами се под контрола на министерот за внатрешни работи?

-Дали ситуацијата и вработените во СВР Тетово се под контрола на началникот? Зошто началникот доброволно го прифати сопственото деградирање од функцијата „помошник директор“ во „началник на СВР“ Тетово и тоа само неколку дена пред формирањето на техничката влада? Од друга страна, ја прашуваме и ДУИ: Министерот бара Владата да го разреши првиот човек на СВР - Тетово, но Владата незаконски го задржува на функцијата. Зошто?!! Која е улогата на началникот на СВР Тетово назначен од страна на ДУИ?! Што очекува власта од овој началник?! Да обезбеди безбедност за време на изборниот процес или или да контролира камионите на јавните претпријатија во Тетово и Гостивар?! Или да создаде паника и небезбедност кај граѓаните?! Додека ДУИ ќе ни даде одговори на овие прашања, ние ќе им ги образложиме точните задачи на овој началник на СВР Тетово, именуван од страна на ДУИ, рече Сулејмани.

Тој покажа снимките и фотографиите од собирите на ДУИ на социјалните мрежи и медиумите, кои според Сулејмани се докази.

-Докажуваат дека овој началник има задача да менаџира со полицајците и полициските инспектори, одредувајќи кој треба да отиде во кој штаб на ДУИ треба да оди, имајќи ги лично под контрола тие полицајци дури и на собирите на ДУИ! Ви прикажуваме само дел од тие фотографии на кои можете лично да го видите првиот човек на СВР Тетово како се шета по партиски активности и врши притисок врз граѓаните но и врз вработените во полицијата. Овие се само неколку фотографии на самиот началник на СВР Тетово и на некои од инспекторите контролирани од него во некои штаби на ДУИ во Тетово и Гостивар, каде присутни биле и Ариф Асани и Ардит Џафе, кои, исто така, се советници во кабинетот на заминик министерот Назим Буши, изјави Седат Сулејмани.

Тој рече дека тие фотографии ќе ги испратат до сите амбасади и релевантни меѓународни институции, за да имаат појасна слика за ситуацијата за време на кампањата и колку демократски и коректни ќе бидат изборите во регионот на Тетово и пошироко.

Видео: Борба меѓу борбен пилот и систем за вештачка интелигенција

Воздухопловните сили на САД соопштија дека успешно ја ставиле технологијата на вештачка интелигенција во функција на пилот на борбен авион. Вежбата се случила во септември 2023 година.

Американската агенција ДАРПА (Агенција за напредни истражувачки проекти за одбрана) објави дека борбен авион контролиран од систем со ВИ успешно му се спротивставил на човек-пилот за време на пробната битка во воздух спроведена минатата година. ДАРПА почна да експериментира со примена на ВИ во декември 2022 година како дел од програмата „АЦЕ“ (Air Combat Evolution) и разви ВИ-систем способен самостојно да управува со борбен авион придржувајќи се до безбедносните протоколи на американските воздухопловни сили.

Брзиот напредок на оваа технологија предизвикува и загриженост за тоа како војската би можела да ги користи овие системи.

По извршувањето на борбените симулации со помош на ВИ, ДАРПА го тестраше и експерименталниот авион „Икс-62A“, во воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија.

- Борбата беше проблем што требаше да го решиме за да може да почнеме со тестирање на воздухопловни самоуправувачки ВИ-системи. Секоја лекција што ја учиме се однесува на секоја задача што може да му ја дадете на самоуправувачки систем, изјави Бил Греј, главен тест-пилот во Школата за пилоти.

Агенцијата што досега има завршено вкупно 21 пробен лет, соопшти дека тестирањата ќе продолжат и годинава. „Волстрит журнал“ минатата година објави дека Пентагон се обидува да развие ВИ-технологија за одбрана како надградба на својата флота беспилотни летала. /МИА

притисни ентер