Арсовски: Џолев има рок до вторник да поднесе иницијатива за разрешување на Сандев

Иван Џолев 5-ти ден по ред молчи за противзаконското делување и постапување на поротникот Митко Сандев.

Митко Сандев има полни 60 години и согласно одлуката на Уставен Суд од 2007 година, но и Член 80 од Закон за Судови, кој јасно кажува дека судија поротник со навршени 60 години мора да биде заменет со друг судија поротник во Републичкиот судски совет.

Дополнително, Иван Џолев или Митко Сандев, сокриле дека судијата поротник Митко Сандев на кој треба да му прекине мандатот, е член на партиско тело од Партијата на пензионерите, што е уште една причина да се постапи со менување на нов судија поротник.

Согласно законот за кривична постапка, судија поротник не смее да биде член на политичко тело или партија, од едноставна причина затоа што може да одлучува пристрасно. Дотолку што партијата во која членува Митко Сандев е во колиација со СДСМ и со власта.

Иван Џолев има време до вторник да постапки согласно законот и да поднесе иницијатива до Републички Судски Совет за прекин на мандатот на судијата поротник Митко Сандев. Бараме да биде заменет со друг, за да може текот на случајот да продолжи непречено и непристрасно.

Доколку Иван Џолев не постапи по законот и не пушти до вторник иницијатива до Републички судскиот совет ќе биде поднесена кривична пријава и за него, но и за Митко Сандев.

Целиот овој суд на Иван Џолев кој следи наредби од Зоран Заев е крајно пристрасен во постапувањето по овој предмет и не ги почитува законите.

Иван Џолев и Митко Сандев имаат избор, или да бидат слуги на Зоран Заев и неговата неселективна правда или да го почитуваат законот.

Ако се одлучат за првото, набрзо ќе сносат и кривична одговорност, во вторник, ако се одлучат за второто, ќе покажат дека овој Суд има барем малку капацитет за фер судење и почитување на законите.

УХМР: Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Летото на северната хемисфера официјално започна утрово во 5 часот и 32 минути, додека на јужната хемисфера во исто време започна зимата.

Првата недела од летото е со најава за високи температури и до 40 степен.

Изгоре камион кај Струмица, нема повредени

Во близина на селото Добрашинци, кај Струмица денеска околу 13:30 часот изгоре камион. Предизвикана е материјална штета, повредени нема.

Според информацијата од Територијалната противпожарна единица на Струмица, во гаснењето на запалениот камион марка „Застава" учествувале тројца пожарникари и едно против пожарно возило, а пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кусо време.

Според пожарникарите причина за пожарот најверојатно е самозапалување на товорното возило од електричната инсталација.

Министерот Јетон Шаќири оствари работна средба со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука

,,Денес ми беше чест, во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација да го чекам на работен состанок, градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука.

За време на состанокот разговаравме за можноста за дигитализација на услугите на оваа општина и нивно вклучување во националниот портал за е-услуги. Го уверив градоначалникот Дука дека Министерството што го водам е подготвено да ги стави на располагање сите свои капацитети за да помогне во овој процес.

Исто така се дискутираше за можноста за поврзување на оваа општина со системот за управување со документи (ДМС). Со поврзување на овој систем, меѓуинституционалната комуникација станува побрза и поефикасна.

Состанокот го завршивме со ветување дека ќе ја продлабочиме меѓуинституционалната соработка и комуникација, со цел да постигнеме конкретни резултати во иднина, во корист на граѓаните“, истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

притисни ентер