Арсовски: Димова доделила 125.000 евра за проект „Избери сирење“ на братот на пратеникот Диме Велковски од СДСМ

Скандалозното однесување и работење на Лидија Димова е недозволиво.

За само една недела излегоа на површина сите фекалии од криминалното работење на кадрите на СДСМ во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Да потсетиме, доделени над 270.000 евра на фризерница за проекти за медиумска писменост. Сеуште не одговори Лидија Димова за сомнежите околу рангирањето на проектите, не ги објави јавно, но и сеуште не сноси одговорност за сомнежот дека против законот е добиен проектот, од страна на надворешен соработник на агенцијата, вклучетелно кој е нејзин близок пријател од кафеански седенки.

Исто така купени се две луксузни возила од страна на Лидија Димова за луксузирање во вредност од 100.000 евра.

Доделени се над 83.000 евра за дресура на магариња, нешто невидено до сега и тоа овластено лице на носителот на проектот е брат на пратеник од редовите на СДСМ, пратеникот Диме Велковски.

Најновиот за кој денеска сакаме да поставиме прашања, помалку чуден проект за кој се доделени пари на братот на пратеникот Диме Велковски, втор проект покрај магарињата, е проектот “Избери сирење”, проект за кој се доделени 125.000 евра од Еразмус + програмата.

Значи доделени 125.000 евра европски пари од проект „Избери сирење“ каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле повторно кај Диме Велковски. Неспорно е веќе дали се валидни или не апликациите околу магарињата и сирењето.

Поставуваме дилема и прашање, како е можно, овие два проекта во вредност од над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори?

Бараме, јавно да се објави од страна на Диме Велковски и Лидија Димова на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200.000 евра, односно во чии џебови завршиле парите?

Бараме да објават јавно дали парите биле влечени преку сметки на други лица да ги вратат кај добитниците на проектите?

За што постои и сомнеж во проектите поврзани со фризерницата коишто беа јавно изнесени на прес конференцијата на Лидија Димова.

Затоа Лидија Димова треба да си даде оставка веднаш. Да не чека ниту ден повеќе. А, кој и зошто ја штити до сега, ќе дознаете наредниов период.

Овој скандал со Националната агенција е скандал налик оној на Фондот за иновации каде што милиони беа доделени на роднини и функционери блиски на СДСМ. Сега и во наредниот период ќе се дознае за проектите во Националната агенција.

Отворено 60-тото издание на Венециското биенале

На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“.

На свеченоста традиционално беа доделени и наградите „Златен лав“. За најдобар национален павилјон статуетката и е доделена на Австралија. Наградата за најдобро претставување на меѓународната изложба ја доби Матаахо колектив од Нов Зеланд. „Сребрен лав“ за перспективен млад уметник учесник на биеналето и припадна на Карима Ашаду од Велика Британија.

Награди „Златен лав“ за севкупен придонес им беа доделени на уметниците Ана Марија Мајолино и Нил Јалтeр. Тие се „жени пионери во уметноста, кои се исто така мигранти и на многу начини го отелотворуваат духот на мотото Странци насекаде“, велат организаторите. Ана Марија Маиолино е родена во Италија во 1942 година, но се населила во Сао Паоло, Бразил. Нил Јалтер е Турчинка, родена во египетската престолнина Каиро во 1938 година, а денес живее и работи во Париз.

На Биеналето во Венеција годинава учествуваат 88 земји. Во фокусот на годинашното издание се темите за миграцијата, егзилот и „странското потекло“. Централната тема е „Странци насекаде“.

Во Венеција вчера беше отворен и македонскиот павилјон, во кој е поставен повеќеслојниот и трансмедијален проект на Славица Јанешлиева „INTER SPEM ET METUM“ („Помеѓу надеж и страв“) и Националната галерија на Северна Македонија како официјален претставник на земјава на светската културна манифестација Венециско биенале 2024.

Проектот е изложен во зградата на Скуола деи Ланери (Scuola dei Laneri). Павилјонот е отворен за пошироката публика секој ден, освен понеделник, од 11 до 19 часот.

- Повторно нашето културно богатство е стационирано на светската културна манифестација Венециско биенале. Делото на Славица Јанашлиева во контекст на годинашната тема „Странци насекаде“, со наслов „Помеѓу надеж и страв“ / „Inter Spem et Metum“ се занимава со аспектот на странецот, на „другиот“, виден низ многу слоевити нивоа на антиципација на контекстот, изјави комесарот на проектот Дита Старова Ќерими.

Проектот го курираше Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија, а е поддржан од Министерство за културa.

Според Старова Ќерими, делото веќе го привлече вниманието на домашните и меѓународните медиуми како Art News, E-flux, It's Liquid, Art Review, а најавени се и интервјуа со авторката со новинари на странски и локални медиуми. Ваквиот интерес, како што наведува, дополнително потврдува дека нашата земја има уметници за кои вреди да се бориме, да бидат поддржани.

Кураторката Франговска, вели дека трансмедијалниот и транснаративен проект „INTER SPEM ET METUM“ на Славица Јанешлиева претставува визуелно исчистена и концептуално предвидена просторна инсталација, која на прилично чувствителен и имагинативен начин нè фрла во цивилизацискиот отпад.

Венециското биенале на уметноста ќе се одржува од 20 април до 24 ноември 2024 година. /МИА

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје

Како што соопшти МВР, тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

Денеска по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија.

Како што соопшти МВР, тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.

Николовски: Се обврзуваме за 70% зголемено производство на енергија

​Во изминатиот период, со посветена работа, силно го интензивиравме процесот на енергетска трансформација. 

Ја изменивме законската и подзаконска регулатива, за олеснување на инсталацијата на постројки за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Резултатите денес од овие мерки се видливи и реални.

„До 2024 година имаме инсталација на околу 700 МW, нов инсталиран капацитет од обновливи извори на електрична енергија. Постигнавме нов капацитет еднаков на вкупниот инсталиран капацитет во трите блока на РЕК Битола“, истакна Николовски.

Докажавме со дела дека може подобро. Дека можеме наместо да бидеме зависни од увоз на струја, да го ставиме во функција и надоградиме домашниот капацитет. Затоа продолжуваме во таа насока, со јасен план и нови поставени цели.

„Се обврзуваме за зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028, споредено со 2019 година. На овој начин постигнуваме енергетска независност на државата, самостојно задоволувајќи 100% од потребите. Зголемувајќи го инсталираниот капацитет од обновливи извори за најмалку 100%, во споредба со 2024 година, најмалку 1 милион граѓани би добиле електрична енергија од обновливи извори“, истакна Николовски

Воведуваме огромна промена! Државните енергетски компании ги даваме во рацете и сопственост на граѓаните!

„Преку ваучер-системот, планираме висок процент од вкупниот број издадени акции на државните енергетски компании, да се поделат еднакво на сите граѓани во Македонија. Сите граѓани, и децата и возрасните, ќе добијат најмалку по 8.000 денари, по жител од вредноста на АД ЕЛЕМ“, истакна Николовски.

Граѓаните да бидат сопственици и контролори на заедничкиот имот!

Се грижиме за граѓаните и предвидуваме забрана за исклучување на ранливите потрошувачи од енергетските мрежи, а ја продолжуваме и поддршката кон ранливите групи на граѓани, во трошоците за електрична енергија, но и поддршка во набавка на нови енергетско-ефикасни уреди и опрема.

„Посветено работејќи изминативе години успеавме невработеноста да ја намалиме на 12,6%. Сега даваме збор дека првпат во историјата на државата ќе имаме едноцифрена невработеност од 7%, до крај на мандатот. Покажаме дека можеме, и знаме како овој даден збор да го направиме реалност“, истакна Николовски.

Продолжуваме да вложуваме во силна домашна економија. Во план се 180 милиони евра за директна финансиска поддршка кон домашните компании, за инвестиции во производство, поттикнувајќи економски раст со 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции. Исто така планрано е и намалување на работното време од 8 на 7 часа. Го почитуваме и вреднуваме трудот на работникот, се грижиме и ги унапредуваме работничките права.

притисни ентер