Арсовска тврди дека граѓаните нема да имаат проблем со јавниот превоз

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ги обвини за криминал приватните превозници, а по завршувањето на ревизиите кои се во тек, најави дека ќе бара институционална разрешница.

Според нејзе, во последниве пет години „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ не пријавиле продажба на ниту еден билет, при што според нејзе е направен криминал тежок 10тина милиони евра. Вели дека, приватниците одбивале да добавуваат карти и да ги фискализираат автобусите, па тоа што се наплаќало на граѓаните завршувало незаконски во нечиј џеб.

- Наједноставно, наплаќале билети, тие пари не ги пријавувале, се ставале најверојатно во нечиј џеб, а потоа фактурирале по 400.000 од ЈСП секој месец и оваа шема, добро разработена очигледно, трае цели пет години. Злоупотребите на овие здруженија нема да бидат премолчени, напротив со постапување на институциите овие злоупотреби ќе се спречат со што ќе резултира со покренување на соодветни постапки по изготвување на финалниот ревизорски извештај. Данела Арсовска.

Во однос на тоа дали ЈСП ќе може да ја покрие дупката која ја оставија приватниците, Арсовска вели дека претпријатието има капацитет и истиот ќе биде доволен за да се покријат потребите на граѓаните. Дополнително, ќе има нов јавен повик преку кој дел од приватните превозници, кои Арсовска ги нарече чесни, ќе можат да аплицираат и да добијат линија, со тоа што ќе ги исполнат условите на повикот за соодветен јавен превоз.

-Сакам сите манипулации кои што вчера се обидоа овие кои што над 10тина милиони евра ставиле во џеб за да си го скријат сопствениот криминал кој што сакаа да ги презентираат, денеска сакам целосно да го демантирам. Ќе возат овие луѓе кои што се борат за корка леб и кои што сакаат за нивните вработени да си обезбедат и да имаат секој месец да се прехранат, меѓутоа ќе работат чесно, ќе работат со фискални апарати и ќе работат директоно, а не преку овие што ги злоупотребувале во последните пет години и парите ги ставале во своите џебови.- Данела Арсовска.

Приватните превозници демантираа дека се правел криминал со билетите, велејќи дека никогаш не им ни биле задолжени картички. Вчера тие пред Град Скопје чекаа прием кај градоначалничката за да ги кажат своите аргументи, бидејќи тврдат дека нејзините служби погрешно ја информирале. Бараат да почне да им се исплаќа долгот барем тековно за да можат да функционираат, во спротивно, утре најавија протест и блокади.

Катарина Живковиќ во најминијатурно мини што некогаш сте го виделе (фото)

Младата поп уметница ги воодушеви своите фанови со најновиот имиџ, но имаше и такви кои се запрашаа што носи и како функционира во таква комбинација.

Пејачката Катарина Живковиќ редовно настапува во регионот. Нејзината најнова објава на Инстаграм за која доби низа пофалби пред сè за физичкиот изглед, ги збуни нејзините придружници, имено, не им беше најјасно дали во долниот дел носи појас или здолниште.

Сепак, тие го оценија нејзиниот изглед како успешен и се согласија дека пејачката никогаш не изгледала поатрактивно. Во горниот дел Каќа се одлучила за маичка од тул со долги ракави, па привидно изгледа како нејзиното тело да го покрила со тетоважи. Оваа комбинација ја дополнила со долги црвени чизми до над колена.

Поединци на шега прашуваа дали Каќа „го заборавила здолништето некаде по пат“, како и тоа дали може да седи со тоа мало парче облека.

Сепак обожавателите на Инстаграм, каде пејачката ја следат околу 300.000 лица, нејзиниот изглед го оценија како впечатлив.

Овде живеел Саша Поповиќ пред да се збогати, нема да верувате кој му бил дедо (Фото)

Хармоникашот и човекот одговорен за кариерите на бројни млади пејачи, Саша Поповиќ, може да се пофали со многу интересна животна приказна.

Еден од најмоќните и секако најбогатите луѓе на регионалната музичка сцена е роден во 1954 година во Нови Сад, каде живеел до 1996 година кога се преселил во Белград. Со своите баба и дедо, родителите и пет години постарата сестра живеел во парохискиот дом покрај Николаевска црква каде што служел неговиот дедо. Стеван Поповиќ бил свештеник три децении.

Едно време се шпекулираше дека токму дедото на Поповиќ ги венчал Алберт и Милева Ајнштајн во Николаевската црква.

- Не знам дали дедо ми ги крстил децата на Милена и Алберт Ајнштајн. Она што е сигурно е фактот дека тој беше првосвештеник 30 години, во периодот 1933-1963 година – изјави еднаш Поповиќ за локалните медиуми.

Како дете сакал да игра фудбал, па татко му го одвел на првиот натпревар на фудбалскиот клуб „Војводина“ кога имал осум години. Оттогаш фудбалот му станал главна преокупација. Неколку години тренирал во Војводина и сонувал професионално да се занимава со тоа. Сепак, животот го одвел во сосема друга насока.

Неговиот татко му купил хармоника, а подоцна Поповиќ се запишал во средно музичко училиште и ја продолжил музичката кариера. Веќе на 17 години имал свој оркестар со кој настапувал на разни веселби. Со емотивна и финансиска помош на родителите го основал оркестарот „Лира шоу“ со кој доживеал голема популарност. Пресвртот се случил кога Милован Илиќ Минимакс во неговата емисија „Претежно ведро“ на гостите им пуштил снимка од настапот на оркестарот на Поповиќ. Тогаш Брена го добила прекарот „Лепа“, а оркестарот „Лира шоу“ официјално станал „Сладки грех“.

Инаку, Саша Поповиќ е во среќен брак со Сузана Јовановиќ со кого ја имаат ќерката Александра. Сузана од првиот брак го има и синот Даниел.

Фото: Манекенка во бикини на плажа во Мајами

Светски познатата манекенка, модел и ди џејка Шантел Џефрис е фотографирана на плажа во Мајами.

30-годишна убавица уживала во својот слободен ден, а фоторепортерите знаеле каде ќе направат вистински нејзини жешки фотографии.

Атрактивната Шантел уште еднаш покажа дека е модел со природни облини - без силикон и филер.

Шантел сака сонце и плажа и ја користи секоја можност да ужива во животот.

притисни ентер