Арсовска: Скопје тоне во диви депонии,некој не сака да се исчистени,ќе ги исчистиме за 82 дена

Диви депонии има во секое населено место, градот тоне во смет и во депонии што никнуваат насекаде. 

Денеска, при посета на Матка и Езерото Треска наидовме на две диви депонии кои некој не сака да ги види, а уште помалку да ги исчисти, објави на социјалната мрежа кандидатката за градоначалник, Данела Арсовска.

Дали ова се истите тие депонии за кои актуелниот градоначалник вели дека се исчистени. Ова е реалната слика за Скопје денес. Град кој се дави во смет и диви депонии. Постојани контроли, инспекции и грижа да не се појават повторно, треба да биде секојдневна обврска на градот. Чистењето на градот и околината од дивите депонии е еден од приоритети на Програмата на Данела Арсовска, За модерно Скопје.

“До мене секој ден пристигнуваат фотографии од депонии од различни локации. Некои од нив секојдневно се палат, го загадуваат воздухот, почвата и подземните води и ги загрозуваат нашите животи. Ваква не смее да биде иднината на Скопје и скопјани. Токму затоа чистењето на депониите е еден од приоритетите во мојата програма. Ќе ги исчистиме сите депонии за точно 82 дена и ќе го ревитализираме просторот во чиста зелена површина”, вели Арсовска, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

Возач на БМВ сакал да се прави важен, па завршил во ендек (ВИДЕО)

Несреќниот човек зад воланот на БМВ сакал да си замине со стил, но завршил посрамен во каналот.

Видеото објавено на Редит предизвика голем интерес, пред сѐ поради несреќникот кој доживеа незгода во БМВ.

Видеото започнува со Mercedes AMG C63 кој го напушта паркингот со контролирано лизгање, а да не зборуваме за дрифтање. Иако овој Мерцедес е доста проблематичен за контрола, очигледно е дека зад воланот е релативно ладна глава со одредено искуство.

За жал, истото не може да се каже за возачот на БМВ, чија желба беше посилна од неговите способности. И излетал од паркинг со многу лизгање. Но, поради недостаток на искуство премногу ги вртел тркалата, па наместо да се исправи, родстерот БМВ тргнал десно и слетал на патот во ендек.

Иако несреќата не се случила со голема брзина, на видеото се гледа како BMW Z4 претрпел значителна штета. Поправката сигурно нема да биде евтина.

Солзите на Нејмар по поразот од Хрватска го обиколија светот

Репрезентацијата на Хрватска го победи Бразил со 4:2 на пенали во четвртфиналето на Мундијалот, откако по 120 минути беше 1:1.

Нејмар ги доведе Бразилците во водство со прекрасен гол во 105. минута, а Хрватска возврати преку Бруно Петковиќ, кој погоди во 117. минута на асистенција на Оршиќ.

Во првата серија Доминик Ливаковиќ му го одбрани пеналот на Родриг и со тоа изврши огромен притисок врз Бразилците кои немаа право на погрешен потег бидејќи Влашиќ, Мајер, Модриќ и Оршиќ брилијантно ги изведуваа пеналите. Во четвртиот сет Маркињос ја погоди стативата и Хрватска се пласираше во полуфиналето.

Фотографиите од шокираните Бразилци, кои долго по крајот на натпреварот лежеа на теренот, во неверување што им се случи, го обиколија светот. Посебно неутешни беа Антони и Нејмар кој плачеше на тревникот. Соиграчите го тешеа, но Нејмар не можеше да ги сопре солзите.

Четворица уапсени во Брисел под сомневање за корупција во Европскиот парламент

Четири лица, меѓу кои и поранешен пратеник во Европскиот парламент, се уапсени во Брисел како дел од истрагата за корупција поврзана со земја во Персискиот залив, соопшти Федералниот јавен обвинител на Белгија.

Државното обвинителство не ја именувало државата, но според белгискиот дневен весник „Ле Соар“ станува збор за државата Катар чии функционери наводно се обиделе да купат поранешен претставник на италијанските социјалисти, кој бил во ЕП од 2004 до 2019 година.

Истрагата опфатила дејствија „корупција“ и „перење пари“ од организирана банда, соопшти истрагата. Неколку месеци, белгиските истражни судии „се сомневаа дека една држава од Персискиот Залив влијаела врз економските и политичките одлуки на Европскиот парламент, со плаќање суми на пари или нудење големи подароци на трети лица кои, поради нивната политичка и/или стратешка положба, имаат големо значење“ во таа институција.

Сојузното државно обвинителство, кое е задолжено за истрага на кривични дела тероризам и организиран криминал, не го открива идентитетот на приведените лица. Утринава во рамките на истрагата нарачана од судија од Брисел, извршени се 16 рации во различни општини на главниот град на Белгија, каде се наоѓа и седиштето на ЕП.

Покрај четворицата уапсени, во рамки на истрагата полицијата запленила „околу 600.000 евра во кеш“ и „компјутерски материјал и мобилни телефони“ чија содржина ќе се анализира. Цел на операцијата биле помошниците на европратениците кои работат во ЕП. Меѓу уапсените е и поранешен пратеник во Европскиот парламент, соопшти државното обвинителство.

притисни ентер