Арсовска: Противкандидатот тера црна кампања,ама јас ќе го победам со 30 илјади гласови разлика

Кога оваа кампања од кампања за локални избори противкандидатот ја направи црна кампања, наместо да им се каже на граѓаните што ќе прави за нив се виде кој каков интерес има, рече независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.

Според Арсовска, во гостувањето на Телевизија Канал 5 во емисијата Само Интервју, наместо за визии, идеи се зборуваше за се друго само не за тоа што треба, како за името, за бугарско државјанство.

„Од своето раѓање до денес јас моето име не го дадов, името ми е од името на дедо Дане. Од другата страна имате чоек кој се што кажал излажал, затоа се што зборуваат за мене се манипулации и лаги. Јас знам само дека овие манипулации и лаги ќе се докажат. Од другата страна има луѓе во очај, а сега нив ќе ги победам со 30 илјади гласови разлика“, рече Арсовска додавајќи дека ќе ги тужи за сите кажувања како и за она за бугарското државјанство.

Многу медиуми извадија многу информации, рече таа, и додаде дека ова го прават бидејќи премиерот Заев рече ќе ја депонира оставката.

„Знаеме зошто се толку големи нападите. Заев рече ако го загубат Скопје ќе поднесе оставка“, рече Арсовска.

Говорејќи за најавените тужби таа рече дека се подготвуваат предмети и оти таа не отстапува од тоа.

Арсовска говорејќи за салата Расадник рече „јас веќе поднесов тужба, јас сум била менаџер во многу претпријатија и секаде имало успех, оваа сала била во моето портфолио пред 20 години, а кажувањата се невистина за Расадник и за ова поднесов тужба“, рече Арсовска,се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

Еден повреден во престрелка во паркот во Чаир

Во паркот на улица „Кемал Сејфула“ во Чаир денеска од огнено оружје било повредено едно лице. Случајот во СВР Скопје ги пријавиле од Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“, каде бил пренесен повредениот.

- Денеска (02.12.2024) од ГОБ „Св.Наум Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен Џ.Х. од Скопје, кој според пријавеното, бил повреден во паркот на ул. „Кемал Сејфула“ во Скопје, информираат од МВР.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Германски клуб бил пред згаснување, неговите навивачи за два дена собрале милион евра

Љубителите на фудбалот во Германија се од посебен вид, а тоа го покажа уште еден случај во текот на претходната недела.

Имено, четвртолигашот Либек беше на работ на згаснување, се додека неговите поддржувачи не изреагираа.

Клубот од северот на Германија минатата недела објави дека е пред банкрот и дека треба да собере милион евра за да преживее за помалку од 48 часа. Секој би рекол - невозможна мисија.

Но...

Навивачите на Либек веднаш започнаа акција и во експресно време ги собраа потребните пари и собраа доволно за да го спасат клубот од згаснување. На настанот во Либек вчера вечер, претседателот на клубот, Дитер Гидел објави дека повеќе од 4.000 навивачи донирале пари и дека се собрани милион евра кои го спасиле клубот.

По 18 одиграни кола во четвртата лига на Германија, Либек е десетти на табелата во Регионалната лига Север со 25 бода, што е седум повеќе од зоната за испаѓање.

Израел запре ирански авион над Сирија под сомнение дека пренесува оружје за Хезболах

Два борбени авиони Ф-35 на израелските одбранбени сили (ИДФ) пресретнаа ирански товарен авион на компанијата Кешм Фарс Ер, осомничен дека носел оружје за Хезболах во Либан над Сирија.

Оваа акција се случила во ноќта меѓу саботата и неделата, дознава „Тајмс оф Израел“.

Ловците на израелското воздухопловство (ИАФ) го пресретнале иранскиот Боинг 747 и му наредиле да се врати назад, што и го направиле по кратко време.

Во последниве месеци, израелските одбранбени сили принудија неколку ирански товарни авиони да се вратат назад додека биле во сирискиот или ирачкиот воздушен простор, поради сомневање дека носат оружје за Хезболах. ИДФ соопшти дека, за време на прекинот на огнот, ќе продолжи да дејствува за да ги спречи сите испораки на оружје за либанската група, вклучително и напади врз пратки насекаде во Либан или Сирија.

Минатата недела, висок воен функционер рече дека ИДФ не само што ќе ги нападне пратките со оружје, туку дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад ќе се соочи и со последици за помошта на Хезболах.

Неколку часа пред прекинот на огнот кој стапи на сила во средата рано наутро, ИДФ изврши напади на шверцерските рути на Хезболах.

притисни ентер