Арсовска предлага итна седница на Советот на Град Скопје за помош на Леонид Индов

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред - да му помогнеме на младиот Леонид Индов. 

- Арсовска до советниците предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во акцијата организирана од Град Скопје за што побргу да се соберат потребните средства за Леонид, стои во соопштението од Град Скопје.

Град Скопје од денеска почнува со хуманитарната акција во сите јавни претпријатија, институции и училишта под надлежност на градот. Во акцијата можат да се вклучат и сите граѓани на Скопје.

- Скопје е град на солидарноста, Скопје е град на хуманоста, скопјани знаат што значи помошта кога ти е најпотребна, време е уште еднаш да ја покажеме својата хуманост. Ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да помогнат, да ја покажеме уште еднаш својата хуманост!, се вели во соопштението од Град Скопје.

Ковачки: Бесрамниот Пендаровски да и се извини на Силјановска Давкова

Бесрамниот Пендаровски да и се извини на Силјановска Давкова затоа што нарачува говор поврзан со нејзиниот пол и со нејзината возраст.

Пендаровски Стево нарачува говор на омраза и говор на мизогинија.

Бесрамниот Пендаровски Стево е должен да и се извини на професорката Гордана Силјановска Давкова затоа што нарачува говор поврзан со нејзиниот пол и со нејзината возраст.

Бесрамниот Стево Пендаровски мора да се извини веднаш.

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Уапсени 17 припадници на затворска полиција во Идризово

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираше утринава дека се уапсени 17 припадници на затворската полиција во КПУ Идризово. 

Акцијата ја спроведе МВР во координација со ОЈОГОКК , а доаѓа по претресите извршени во Идризово пред неколку дена.

Уапсените затворски полициајци веќе се спроведени во Кривичениот суд, а Обвинителството најави повеќе детали во текот на дејнот.

Милијардерот Бил Гејтс со нова девојка на црвениот тепих

Еден од најбогатите луѓе на светот, 68 годишниот милијардер Бил Гејтс се појави на доделувањето на наградите „Breakthrough“ во Лос Анџелес во друштво на својата девојка, 60-годишната Пола Херд . 

Пола е вдовица на поранешниот извршен директор на „Oracle“, Марк Херд.

Гејтс се разведе од сопругата Мелинда во мај 2021 година по 27 години брак, а разводот беше финализиран во август истата година. Бил и Пола само една година по разводотна милијардерот беа видени заедно а врската ја потврдија во 2023 година.

притисни ентер