Арсовска: Губиме големи странски инвестиции, неопходна е посветеност на структурните реформи

Сериозни инвеститори планираат да го насочат својот капитал и да ги реализираат предвидените проекти за следните две години во земјите од Западен Балкан. 

Во наредните две години сериозни инвеститори ќе вложуваат во регионот на Западен Балкан, но за да не ја избегнуваат Македонија потребно е итно спроведување на структурните реформи, истакна претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска по средбите со лидерите на водечките стопански комори на светските економии, САД, Русија, Велика Британија, кои ги оствари во Париз на годишниот состанок на World Chambers Federation WCF.

Таа е првиот избран претставник од Македонија, во раководството на World Chambers Federation WCF, единствениот глобален форум кој застапува над 12.000 стопански комори. На состанокот на раководството на коморите Арсовска, оствари повеќе значајни билатерални состаноци на кои беа дискутирани позициите за влез на нови инвестиции во нашата земјата.

„Сериозни инвеститори планираат да го насочат својот капитал и да ги реализираат предвидените проекти за следните две години во земјите од Западен Балкан. Со оглед на нашата позиција како земја, единствена во регионот со член во раководството на WCF, Македонија има можност за позиционирање како дестинација за реализација на крупни инвестициски проекти. Генералната слика и покрај тоа што стратешки сме добро геопозиционирани, е дека моменталната политичко и социо-економска состојба во земјата е нестабилна, а поткопаната доверба во правниот систем и владеењето на правото, се одразуваат преку непредвидлив деловен амбиент и системска нефункционалност, кои се главните причини кои ги одвраќаат инвеститорите. Без посветување на спроведување на структурните реформи, било какви стимулативни мерки кои ќе се понудат, не се доволно за инвеститорите да донесат одлука. Пропуштање на одлуки за големи странски инвестиции се пропуштена можност за остварување побрз економски развој", истакна Арсовска.

Таа додаде дека на решавање на овие проблеми кои ги одвраќаат странските инвеститори треба сериозно и посветено да се работи, бидејќи дел од светски реномираните компании веќе ја разгледуваат и можноста за отпочнување проекти во Србија, наместо во Македонија.

Арсовска е избрана за член на меѓународната група за подготовка на економските политики и препораки на петнаесеттиот Самит на лидери на Влади на Г20 кој оваа година во октомври ќе се одржи во Ријад.

На овогодишната средба во Париз лидерите на стопанските комори дискутираа и за светските економски движења, со фокус на справување со глобалните предизвици, модернизирање на глобалниот трговски систем, како и дизајнирање на нови модели на глобално управување што ќе придонесат за просперитетен и унифициран дигитален екосистем.

Светската Коморска Федерација како единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, го претставува гласот на деловната заедница во најрелевантните светски организации како, Организацијата на Обединети Нации ООН, Г20, Светската Трговска Организација, како и Европската Банка за обнова и развој.

Раководството на Светската коморска федерација со седиште во Париз, секоја година ја објавува глобалната агенда на различен континент, во 2018 година во Дубаи, минатата во Русија, а годинава во Франција.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер