Арсовска го отфрли последниот предлог на приватните превозници

Нема начин да се отповика одлуката за раскин на договорите со приватните превозници.

Се поизвесно е дека од понеделник Скопје ќе биде под целосна блокада. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во изјава за Канал 5 вели дека по одлуката на приватните превозници да се прекине јавниот превоз, договорот со нив се смета за раскинат и таа одлука е конечна. Според Арсовска, приватните превозници со одлуката за прекинот на јавниот превоз, одлучиле и да им ја укинат автобуската услуга на граѓаните.

„Можности за враќање назад, не постојат. Има нов јавен повик, на новиот јавен повик сите оние кои ќе сакаат чесно да работат и оваа јавна услуга да ја овозможуваат до граѓаните ќе имаат можност да си се пријават и да можат да си ја обавуваат дејноста којашто ја обавувале претходно, меѓутоа без да има можности за вакви манипулации како што имаше претходниот период“, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

На приватните превозници треба да им се исплати до периодот до кога нивните автобуси беа вклучени во сообраќајот.

„Тие практично за услугата којашто треба да ја извршат во наредниот месец, фактурираат за еден месец унапред. Што би значело дека таа услуга во моемтнот кога е побарана се уште не била извршена како таква. Сега со нивниот прекин практично во тековниот месец ноември ќе треба да се види што е она што го извозеле за да може за истото да се пресмета што и колку има потреба како тековно побарување да им се исплати и по основа на истото, номално никој не сака од тие лица да бидат оштетени, меѓутоа исто така како Град Скопје, сме должни да не дозволиме никакви манипулации, ниту пак злоупотреби коишто директно влијаат на буџетот на Градот Скопје“, вели Арсовска.

Приватните превозници пак бараат проблемите со Град Скопје да ги решат на средба со градоначалничката Арсовска. Тие го застапуваат ставот дека ќе ги искористат сите механизми за да ги добијат парите од 1,5 милион евра кои им ги должи градската администрација. Додека за раскинатиот договор од страна на Град Скопје, најавија тужба. Приватните превозници вчера делумно го блокираа булеварот „Илинденса“. А, ако нема решение, најавија радикализација со блокади од идната недела на три клучни крстосници во главниот град. Тоа се крстосниците кај трговскиот центар „Мавровка“, кај Црвениот крст и пред Владата.

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

притисни ентер