Арсовска демантира дека обвинителството „влегло“ во Град Скопје

Скопската градоначалничка Данела Арсовска демантира дека Јавното обвинителство упаднало во градската администрација, како што објавија некои медиуми, и дека била повикана да даде изјава за тендерот за пречистителната станица.

Вели дека единственото место кое во моментов се истражува е Водовод и им стои на располагање на истражните органи за помош.

Според неа, немало потреба да поднесе пријава до обвинителството бидејќи, како што рече, доволни биле индициите кои самата јавно ги произнела.

„Посилна претставка од онаа која што ја имав во јавноста, доколку има, мислам дека си постапуваат не само по допрен глас туку и по мое јавно барање, пријава, и верувам дека не треба да се мешаме во нивната работа. Тие треба независно да си постапуваат, да си ги откријат сите индиции. Од Град Скопје тие имаат силна поддршка да ги добијат сите оние податоци и информации кои што ќе им бидат неопходни во овој процес.“-Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

Во моментов шест директорски позиции во скопските претпријатија се празни, но Арсовска уверува дека ќе се пополнат местата во законскиот рок. Таа се надева дека новите кадри ќе бидат одговорни и чесни а не политички мотивирани.

„Сите тие луѓе треба да бидат луѓе кои што и понатаму ќе продолжат одговорно, чесно и со интегритет да си ја извршуваат својата функција. Да не слушаат луѓе кои што сакаат преку нив да си ги исполнуваат своите политички амбиции и верувам дека ќе го постигнеме тоа во следниот период.-Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

Последна во низата оставки беше вчерашната од директорот на „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски која, како што образложи, е резултат на политичките превирања на релација Град Скопје – ВМРО-ДПМНЕ.

Ноќ на вештерките: Не можеле да поверуваат што гледаат во дворот на соседот (ВИДЕО)

Едно американско семејство кое прави реквизити одлучиле да ја реинкарнираат легендарната сцена од серијата Stranger Things кога Макс лебди над гробишта за Ноќта на вештерките.

Но изгледа тоа не му се допаднало на нивниот сосед, кој бара да се отстрани инсталацијата, пишува Полигон.

Видеото од оваа сцена, кое тие го споделија на нивниот TikTok, собра 14,5 милиони прегледи и многу лајкови, а луѓето најмногу ги интересирало како успеале да го подигнат.

@horrorprops ♬ Stranger Things - Kyle Dixon & Michael Stein

Оваа инсталација привлече многумина, па корисниците на TikTok и обожавателите на Ноќта на вештерките споделија видеа. Сцената секако привлекува внимание бидејќи нема видливи жици или потпори и изгледа реално.

Семејството Епл соопшти дека им биле потребни 1.500 часа за да го реинкарнираат сетот Upside Down во нивниот двор, а користеле различни материјали за верно да ја прикажат сцената, како и да го украсат остатокот од дворот. Освен Макс, во дворот се и Alien, Predator и Pennywise.

Изложбата ја отвориле за јавноста за да ја затворат два дена подоцна бидејќи добиле критики и обвинувања од соседите дека „привлекуваат негативно внимание кон соседството и ги загрозуваат децата“.

Двојката пред два дена се огласи на својот Фејсбук и кажа дека планирале да ги отстранат реквизитите, но дека поради огромната поддршка што ја добиле, моментално паузираат и преговараат со полицијата и останатиот дел од населбата да ја задржат инсталацијата.

@horrorprops Tell me you like Stranger Things without telling me you like Stranger Things... I'll go first #halloweendiydecor #spookytok #strangerthings #vecnacurse #halloweenprops #horrorprops #halloweendiy #diyproject #upsidedown #halloween2022 #fyp ♬ Running Up That Hill (A Deal With God) - Kate Bush

„Нема да дозволиме еден луд сосед да им ја уништи забавата на неверојатните семејства и обожавателите на Stranger Things кои не посетија.“

Во САД се појави нов сериски убиец, понудени се 125.000 долари за информација

Полицијата во американскиот град Стоктон поврзала седум престрелки - шест фатални - со можен сериски убиец од Калифорнија, кој сè уште е во бегство.

Официјалните лица потврдиле дека бранот навидум случајни убиства започнал во април минатата година - повеќе од една година порано отколку што претходно се верувало - и предупредија дека може да има повеќе жртви.

Полицијата ги поврзала сите седум престрелки користејќи балистички докази и ги проверувале со националната база на податоци, како и видео-снимка од некои од местата на злосторството. „Значи, како што истрагата продолжува, дефинитивно постои можност да има повеќе“, изјавил портпаролот на полицијата во Стоктон, Џо Силва за NPR.

Тим детективи ги истражува постарите убиства за можни врски со неодамнешниот бран на насилство. Полицискиот оддел ги повикал и другите локални станици да ги разгледаат сопствените случаи и да откријат можни врски.

Минатата недела властите рекоа дека сериски убиец можеби е одговорен за неодамнешните престрелки што ги потресоа жителите на Стоктон, што се случија помеѓу 8 јули и 27 септември. Исто така, било објавено дека сите жртви се мажи од градот. Но, новите информации укажуваат дека и 40-годишниот Хиспанец кој бил смртно застрелан на 10 април 2021 година во Оукленд е поврзан со неодамнешните престрелки.

Тоа би било прво во оваа серија убиства надвор од Стоктон.

Покрај тоа, полицијата го поврзала осомничениот со ранувањето на 46-годишна црнка во Стоктон на 16 април 2021 година. За разлика од другите жртви, таа е единствената која ги преживеала повредите и единствената жена која била цел. „Нашите детективи работеа со неа за да дознаеме колку што можеме“, рече Силва, истакнувајќи дека е можно повеќе од еден сторител да е вмешан во низата убиства.

„Таа го опиша својот напаѓач како човек од непозната раса, тенок и висок од 177 до 182 см“, рече Силва. На денот на нападот, тој носел темна тренерка со навлечена качулка преку главата, темни панталони и црна маска. „Чудно е што работиме деноноќно и добиваме многу повици, но во моментов немаме никакви корисни информации“, додаде Силва.

Полицијата во Стоктон работи со неколку локални и федерални агенции за да ги идентификува и фати сторителите, вклучително и ФБИ, Калифорниската сообраќајна патрола, неколку локални одделенија на шерифот и Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви.

Пет жртви кои биле убиени во последните месеци се идентификувани од Канцеларијата на медицинскиот преглед на округот Сан Хоакин: Пол Јав, 35, кој бил убиен на 8 јули; Салвадор Дебиди Џуниор (43), кој почина на 11 август; Џонатан Хернандез Родригез (21), кој починал на 30 август; Хуан Круз (52), жртва на 21 септември; и Лоренс Лопез (54), кој е убиен на 27 септември.

По прегледувањето на повеќечасовната видео снимка, инспекторите веруваат дека пронашле „лице од интерес“, се вели во соопштението, вклучувајќи зрнеста фотографија од неидентификувано лице облечено во темна маичка со качулка и темни панталони. Во вторникот, официјалните лица објавија кратко видео од истото лице чие лице не се гледа.

Во секој случај, вклучително и инцидентот во Оукленд и нападот врз жената минатата година, Силва рече дека сите жртви биле надвор доцна во ноќта или рано наутро, сами и во слабо осветлени области. „Тогаш им беше поставена заседа“, рече Силва. Ниту еден од случаите не се однесувал на грабеж, ниту се верува дека се поврзани со организирани банди.

Полицијата ги повикува граѓаните да се обратат во полиција со информации поврзани со убиствата. Од вторникот, е понудена награда од 125.000 американски долари за информација што ќе доведе до апсење.

Лукашенко: Ги забранувам сите поскапувања. Забрането!

Белорускиот лидер Александар Лукашенко со декрет го забрани зголемувањето на цените во неговата земја.

„Од 6 октомври се забранува секое поскапување. Забрането!“ рече тој на владиниот состанок, според државната новинска агенција Белта.

„Не од утре, туку од денеска“, додаде тој.

Целта на таа наредба е да се осигура дека никој не може да го искористи рокот за покачување на цените, рече 68-годишниот претседател.

Оние кои ќе го прекршат декретот „ќе бидат веднаш уапсени и кривично гонети“, рече тој.

Лукашенко не ја отфрли целосно можноста во иднина да биде неопходно зголемување на цените во некои области, доколку тие бидат официјално одобрени.

Според податоците на Државниот завод за статистика, инфлацијата во Белорусија во август била 17,9 отсто во однос на истиот месец лани.

Особено се зголемиле цените на храната. Според предвидувањата на белоруските економски експерти, стапката на инфлација би можела да се искачи на 19 отсто до крајот на годината.

притисни ентер