Армијата на Македонија како членка на НАТО во прва мисија во Косово

 Армијата на Македонија како 30-та земја членка на НАТО од денеска, првпат директно, со 44 нејзини припадници, ќе учествува во мисијата КФОР во Косово. 

Првата ротација е составена од штабни офицери и вод за обезбедување, кои ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата и командата „Запад".

Со присуство на највисокиот воен и државен врв во касарната „Илинден" во Скопје, ќе се реализира воена свеченост по повод упатувањето на првиот контингент на Армијата на Република Македонија во мисија на КФОР.

Од АРМ соопштија дека пред упатувањето во оваа мисија припадниците на Армијата поминале низ потребниот процес на обука, подготовки и селекција каде се извежбувале и обучувале за изведување на задачи кои ги очекуваат за време на мисијата.

– Припадниците на Армијата својата подготвеност, интероперативност и способност за извршување на најтешки задачи, веќе ги имаат докажано во досегашното 18 годишно учество во мировните мисии Исаф и Одлучна поддршка во Авганистан и мисиите Слобода за Ирак, Алтеа во Босна и Херцеговина и Унифил во Либан, информираа од АРМ.

Армијата на Република Македонија како 30-та земја членка на НАТО првпат директно учествува во мисијата КФОР, а во досегашниот период учествуваше посредно преку обезбедување на логистичка поддршка за НАТО преку координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, кој вршеше координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување.

Активноста ќе се реализира во согласност со протоколите и преораките на Комисијата за заштита од заразни болести за бројот на учесниците, здравствено-безбедната организација и движењето, со обезбедено растојание и заштита.

Хрватска: 1867 нови случаи на Ковид-19

Нов неславен рекорд во Хрватска.

Според официјалните податоци кои се објавени после 10 часот, во Хрватска за последните 24 часа се регистрирани 1867 нови случаи со Ковид-19, додека починале седум лица.

Вчера во Хрватска беа регистрирани 1.563 нови случаи на заразени со коронавирус, а починаа 13 лица.

Македонија го празнува 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба

Македонија денеска го празнува 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

Во рамки на годинешното одбележување на празникот Владата организираше положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје, на настанот присуствуваше владина делегација составена од заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, заменик министерот за култура, Седат Сулејмани и националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов.

На спомен куќата на Петар Поп Арсов во Богомила, претпладнево владина делегација предводена од министерката за култура, Ирена Стефоски ќе положат свежо цвеќе.

Билд: Германија се подготвува за вакцинација

Германија се подготвува да започне вакцинација против коронавирусот пред крајот на годината, пишува Бидл.

Министерството за здравство планира да формира 60 посебни центри во кои ќе се изврши вакцинација.

Како што дознава Билд, министерството од 16 сојузни држави побарало да ги достават можните адреси за тие центри до 10 ноември.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан претходно рекол дека очекува дека вакцината против коронавирусот ќе биде подготвена во првиот квартал од следната година. Тој рекол и дека германски „BioNTech“ е близу до одобрување на својата вакцина.

притисни ентер