Апасиев: Левица е оштетена за околу 10 илјади гласа, украдени ни се тројца пратеници

„Она што најмногу загрижува е тоа што има најмалку 80 000 гласови кои се несоодветни“.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на прес-конференција рече дека се сомневаат дека партијата по вчерашните избори е оштетена за минимум околу 10 илјади гласа и дека им се украдени, како што рече, тројца пратеници, во изборните единици 1, 2 и 4. Ќе поднесат приговор во законскиот рок од 48 часа, а најави и кривични пријави против членовите на ДИК зашто ова е, рече, „невиден скандал во досегашната изборна историја". Соопшти дека засега немаат контакти со политички партии за коалицирање, но дека со СДСМ нема за што да разговараат.

-Она што најмногу загрижува е тоа што има најмалку 80 000 гласови кои се несоодветни. Според нашиот аналитички центар, не кореспондираат електонските записници со хартиените записници. На овој начин, ние сме искрадени по 30-40 гласа во урбани средини по избирачко место, а пратениците кои „висат" во овие три изборни единици се за 200 до 600. Тоа значи дека доколку не беа овие изборни нерегуларности ние ќе имавме чисти плус тројца пратеници. Сега засега имаме двајца пратеници чисти. Се прави максимален обид од СДС да ни го земат и вториот пратеник во Третата изборна единица, кој е чист како солза. Ќе дадеме максимум од себе да дојдеме барем до тројца пратеници, рече Апасиев.

Хакерскиот напад на страницата на ДИК го нарече изборен масакр и дека по разговор со стручни лица смета дека дистрибуиран напад на сајт чини неколку милиони евра, а само неколку луѓе или структури во државата, рече тој, тоа може да го спроведат.

Незадоволен е од изборниот модел кој, рече, ќе мора да претрпи измени зашто не може да опстои и тоа ќе биде негов прв предлог како пратеник во Собранието за промена во една изборна единица.

-Ова е шизофрен изборен модел, кој ја фалсификува волјата на граѓаните. Затоа што еден пратеник на СДС и ДПМНЕ чини седум илјади гласа, а еден пратеник на Левица чини скоро 19 илјади гласа или два и пол пати повеќе. Иронија е што Алијанса и Алтернатива, кои имаат двапати повеќе освоени гласови од нас, имаат шест пати повеќе мандати од нас, рече Апасиев.

Но е презадоволен, рече, од изборните резултати со ваков изборен модел, нагласувајќи дека „Левица направи невиден скор во историјата на независна Македонија, која го нема направено ниту една политичка партија на овој изборен модел".

-Презадоволни сме од граѓаните кои дадоа официјано 40 илјади плус 10 илјади украдени односно околу 50 илјади гласови, што е пет пати повеќе од изборите во 2016. Тоа покажува дека идеологијата на Левица фаќа корен во народот. Веруваме дека ќе има наредни предвремени парламентарни избори, бидејќи е ова Пирова победа. Кој и да состави влада нема да може да ја одржи до крај. На наредните избори Левица ќе влезе со двоцифрен број пратеници, рече лидерот на оваа партија.

На новинарско прашање одговори дека засега немаат контакти со ниту една партија и веројатно преговори ќе има откако ќе биде даден мандатот за формирање влада, но, рече, „начелно со СДС и Заев нема што да разговараме". /МИА

Анѓеловски: „Дуизацијата“ е најопасен процес на испумпување средства од буџетот

„Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ“

И пред кампањата започна реториката на безалтернативност на СДСМ и онаа на „зелените“ дека имаме избор меѓу Русија и ЕУ. Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ, тоа се големите лаги пред јавноста. Ние ќе се определуваме меѓу иднина за Македонија и македонските граѓани, внатре во државата без разлика како тој пат ќе се вика. И најубавата куќа ако внатре е нечиста, децата ќе сакаат да ја напуштат. Прво да си го средиме сопствениот двор.

Повикот за обединување на Мицкоски е за јасно и недвосмислено обединување на сите кои чувствуваат дека Македонија е доведена до ѕид, дека нема правда за никого, тоа е повик до сите што се чувстввуваат така за да се прекине поцесот на „заевизација“ и „дуизација“ на Макеоднија. Дуизацијата е најопасниот процес на испумпување на средства од буџетот на лица блиски до ДУИ, за да се создадат монструми што подоцна ќе владеат со економските, политичките и општествените процеси во државата, рече Страшо Ангеловски во Само Вистина.

Меган Маркл се враќа на телевизија, ќе води кулинарска емисија

Војвотката од Сасекс Меган Маркл се враќа на малите екрани, а наскоро би требало да ја видиме во ново шоу за готвење.

Дедлајн објави дека Арчевел продукција, продукциската куќа на Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, е во „рана фаза“ на работа на две нови серии. Една од нив ќе биде за поло, спорт кој е голема страст на принцот Хари, а другата ќе биде за градинарство и готвење, а домаќинка ќе биде Маркл.

Моментално е познато, како што напиша Deadline, дека тоа ќе биде шоу кое „ги слави радостите на готвењето, градинарството, забавата и пријателството“, Маркл ќе биде извршен продуцент, а се знае и кои луѓе веќе работат на ова шоу.

Во целиот проект се вклучени режисерот Мајкл Стид, кој работеше на шоуто Ентони Бурдејн: Запознавање со непознатото, како и Леа Харитон, која стои зад готвачкото шоу на пејачката Селена Гомез, Selena + Chef, кое се емитува на HBO.

Серијата е во рана продукција, а насловите и датумите на издавање се очекува да бидат објавени во наредните месеци. Покрај тоа, извор потврди за Дејли Меил дека Нетфликс веќе изнајмил дом за снимање во Монтесито, Калифорнија.

Сето ова, како што пишува People, е дел од договорот што Меган Маркл и принцот Хари го потпишаа со Нетфликс, вреден 100 милиони долари. Кога го потпишаа во 2020 година, најавија дека ќе работат на документарни емисии и серии, играни филмови и емисии за деца, а сега изгледа решија да направат чекор понатаму.

Марковска: Никој нема да добие избори со црна кампања

„Помалите партии кои имаат понепосредна комуникација со граѓаните, тоа може да им донесе поголем бенефит на изборите“

Актуелната кампањата е веќе видена работа. Во Македонија триесет години ништо не се менува, особено што и актерите кои се во кампањата, не се менуваат. Во држава со милион и осумстотини илјади население е контрапродуктивно ова водење на кампања кога и малите дечиња да ги знаат учесниците, граѓаните од старт се изморуваат, особено што две кампањи се спојуваат во една поради спорените избори, а желбата е да се придобијат неопределените, кои вака и онака нема да излезат на гласање.

Мицкоски има добра желба, но имаме комплетно разединување на терен. Не е работата „кој прв почна“, а фрчат негативни кампањи. Никој нема да добие избори со црна кампања, туку со претставување на личноста и кој какви планови има и што мисли да направи. Кај Сиљановска, за сега нема лични навреди, за разлика од другата страна што дава лични кваливикации и тоа не е вкусно. Сведување на кампањата во „митингарење“ во која се повторуваат едната или другата страна, е лош начин на водење кампања. Дури мислам дека помалите партии кои имаат понепосредна комуникација со граѓаните, тоа може да им донесе поголем бенефит, на изборите рече Ѓулистана Марковска во Само Вистина.

притисни ентер