Антонио Бандерас има коронавирус: Го славам роденденот во карантин

Шпанскиот актер Антонио Бандерас откри дека добил позитивен тест на коронавирус за неговиот 60-ти роденден.

„Сакам да објавам. Принуден сум да го прославам 60-тиот роденден во карантин, бидејќи сум позитивен за ковид-19, што го предизвикува коронавирусот", напиша тој на Твитер.

„Би додал дека се чувствувам релативно добро, малку поуморен од вообичаеното и сигурен сум дека ќе се опоравам што е можно поскоро“, додаде тој.

„Се надевам дека препораките на лекарот ќе ми помогнат да ја надминам оваа болест која влијаеше врз мене, но и на толку многу луѓе во светот“, напиша тој.

Тој додаде дека во изолација планира да чита, да пишува, да се одмори и да прави планови и дека го слави својот 60-ти роденден полн со желба и ентузијазам.

„Голема прегратка за сите“, напиша актерот, кој моментно е во неговиот дом во Кобам, Сари, Велика Британија.

Во својата кариера, Бандерас глумеше во повеќе од 100 филмови. По повод 92-тата награда на Американската филмска академија, тој беше номиниран за Најдобар актер за неговата главна улога во филмот „Тага и слава“ во режија на Педро Алмодовар.

Нормализиран сообраќајот на патот Битола-Прилеп

Од 11:20 часот сообраќајот на патот Битола-Прилеп се одвива нормално, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Од АМСМ, пак, претходно информираат дека од 09:10 часот сообраќајот на патот Битола-Прилеп се одвивал наизменично по една коловозна лента, поради сообраќајна несреќа што се случила на овој патен правец.

Најжешкото видео на Јелена Карлеуша

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно „ги запали“ социјалните мрежи , но не со нова песна туку повторно со видео на кое во преден план се нејзините бујни силиконски облини. 

Карлеуша објави видео од плажа во Дубаи - стомачните мускули и силиконски гради во преден план!

Иако скоро никогаш не се плашела да покаже „малку кожа“, во последните месеци, по објавувањето на албумите „Алфа“ и „Омега“, Јелена реши целосно да се соблече и да покаже дека линијата ја довела до совршенство.

Популарната Џеј Кеј сега со видео од Дубаи предизвика бурни коментари - позираше во розово, минијатурно бикини, а заработи многу ласкави коментари, од кои најистакнат беше оној: „Убаво е да се види дека овој пат и жените и мажите ја фалат Јелена Карлеуш“.

Трамп не успеа да го оспори сведочењето на адвокатот и актерката во филмови за возрасни

Поранешниот адвокат на Трамп, Коен пред изборите во 2016 година и платил на Даниелс да молчи за нивната средба во 2006 година.

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп не успеа да го оспори сведочењето на Мајкл Коен и Сторми Даниелс на претстојното судење по обвинението дека неговиот поранешен адвокат и платил на актерката во филмови за возрасни да молчи за нивната средба.

Поранешниот адвокат на Трамп, Коен пред изборите во 2016 година и платил на Даниелс да молчи за нивната средба во 2006 година.

Трамп минатиот месец побара од судијата да го блокира нивното сведочење, тврдејќи дека Коен во минатото лажел и најверојатно повторно ќе лаже, а Даниел ќе се обиде да го искористи судењето за да заработи од својата приказна.

Поранешниот претседател и иден републикански претседателски кандидат се изјасни како невин по 34 точки од обвинението за фалсификување на деловната документација, со што сакаше да скрие дека му платил на Коен да ја исплати Даниелс.

Судењето беше закажано на 5 март, но минатата недела беше пролонгирано за најмалку еден месец.

притисни ентер