Антивладини протести во Мадрид против мерките за коронавирусот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа на протестите во центарот на Мадрид, барајќи оставка од премиерот и неговиот заменик заради реакцијата на епидемијата на коронавирус.

Демонстрантите, претежно во автомобили, го изразија својот протест со песни и со шпански знамиња. Протестите ги организираше десничарската партија Вокс.

Тие ги повикаа премиерот Педро Санчез и вицепремиерот Пабло Иглесијас да си дадат оставки.

Според податоците објавени на веб-страницата на „Worldmeter“, досега од последиците од коронавирус во Шпанија починале 28.628 лица, заразени се 281.904, а закрепнати се 196.958.

притисни ентер