Антикорупциска го затвора предметот за имотите кои се поврзуваа со Филипче

 Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, при реферирање на овој предмет истакна овој случај го поделиле на две дела (финански дел и дел за имотот).

Комисијата за спречување на корупција, на денешната 50 седница утврди дека во предметот „Шпанско село” против Илир Хасани, Горан Филипов и родителите на сопругата на атуелниот министер за здравство Венко Филипче, поднесено од страна на ВМРО-ДПНМЕ, не постои судир на интереси. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, при реферирање на овој предмет истакна овој случај го поделиле на две дела (финански дел и дел за имотот). Во однос на првиот таа изјави дека утврдиле дека не постојат наводи, односно дека има конкурентност и дека имало електронска аукција.

Во однос на парцелите претседателката Ивановска наведе дека од историскиот преглед добиен од Агенцијата за катастар и Општина Карпош, е утврдено дека имотите се купени уште од 2014 година,

– Не е нешто ново што се случува. Исто така и од инспекцискиот надзор извршен од Општина Карпош е утврдено дека објектите горе се градат според одобрение за градење издадено во јули 2017 година, т.е пред локалните избори. Дека конструкцијата е изградена согласно одобрената техничката документација, односно основниот проект фаза архитектура, градежиштво, водовод и канализација. Од тие прични не гледам дека постои некаков судир на интереси како што беше наведено во пријавата. Станува збор за приватни лица, а не за службени лица во време кога се купувало земјиштето. Се уредно пријавено во анкетните листови и предлагам целата постапака за запре и предметот да се затвори, рече Ивановска.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во својата пријава до Антикорупциска обвини дека семејството на сопругата на министерот Филипче, Савевски и Горан Филипов од „Синерџи" се сопственици и сосоптвеници на 13.506 м2 во месноста Рупе под Нерези, од кои Савевски се сопственици на 6.164 m2, имот купуван од 2012 година до 2019 година. Освен со газдата добитник на тендери од Министерството за здравство, ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека смејството на Филипче било коспоственик и со директорот на Ургентен центар, Илир Хасани на друга парцела во Нерези.

Меѓудругото на денешната седница на Антикорупциска, беа затворени некои предмет од општински карактер, односно за членови на општински совети, кои освен на оваа јавна функција биле и членови на оодбори на училишта и социјални центри. Според тврдењата на членовите на ДКСК, по нивното укажување дека тие треба да изберат една од двете функции предлозите биле прифатени.

Бундесверот испраќа 10.000 артилериски гранати во Украина

 Германија ќе испрати 10.000 артилериски гранати од сопствените резерви во Украина како дел од долгорочниот план во три фази, изјави генералот на Бундесверот, Кристијан Фројдинг.

Фројдинг во интервју за Дојче веле вели дека по првата, итна фаза, на среден рок ќе биде поддржана чешката иницијатива за испраќање уште повеќе муниција.

„Ќе преземеме над 180.000 парчиња муниција, кои се планирани да бидат испорачани од почетокот на летото до крајот на годината“, рече генералот.

На „подолг рок“, Германија, покрај чешката иницијатива, потпиша и билатерален договор со кој се предвидува испорака на уште 100.000 артилериски гранати од четвртиот квартал годинава. Фројдинг не сакаше да каже со која земја е склучен договорот за испорака.

Според Фројдинг, моменталната најитна потреба на Украина е „артилериска муниција, друга муниција и наведувани проектили за модерни системи за противвоздушна одбрана и оклопни борбени возила“.

Фројдинг во интервју за Дојче веле зборува и за обуката на украинските војници во Германија. Минатата година, 10.000 припадници на вооружените сили на Украина беа обучени на германските воени полигони, а уште 3.000 до 4.000 луѓе ќе бидат обучени во првите месеци од 2024 година.

МОН: Повици за парични награди за освоени медали на научни олимпијади

Повици за парични награди за освоени медали на научни олимпијади и за први три места на меѓународни натпревари по математика и природни науки.

Министерството за образование и наука објави повик за доделување парична награда за освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad), како и повик за доделување парична награда за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки во средно образование. Тие се доделуваат на ученикот и на наставникот кој го подготвувал ученикот за олимпијадата односно за меѓународниот натпревар.

Во однос на повикот за награда за освен медал на меѓународни научни олимпијади, МОН ќе додели, поединечно, на ученикот и на наставникот кој го подготвувал за олимпијадата, парична награда во износ од 12.000 денари месечно за освоен златен медал, 10.000 денари месечно за освоен сребрен медал и 8.000 денари месечно за освоен бронзен медал. Паричната награда ќе се исплаќа за период од 12 месеци.

За повикот за парична награда за освоени први три места на меѓународен натпревар од областа на математиката и природните науки, МОН ќе додели поединечно парична награда во износ од 50 проценти од просечната нето плата исплатена во последниот месец пред доделувањето за освоено прво место, 40 отсто за освоено второ место и 30 отсто за освоено трето место.

Министерството за образование и наука во повикот напоменува дека не доделува парична награда за освоени први, втори или трети места на натпреварот по математика „Кенгур” што го организира Сојузот на математичарите на Република Македонија, кој е дел од Меѓународната асоцијација „Kangourou sans Frontieres”, бидејќи тој не се смета за меѓународен натпревар. Исто така, МОН не доделува парична награда за освоени први, втори или трети места на меѓународните натпревари кои се организираат преку онлајн-аплицирање и меѓународните натпревари кои се однесуваат на проекти.

Двата повика се отворени за пријавување на заинтересирани кандидати до 31 август 2024. Во нив се наведени повеќе информации за условите за учество и за начинот на пријавување.

МОН објави и повици за акредитација на здруженија на наставници за организирање натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование и за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на ученици од основните училишта.

Костадиновска-Стојчевска во Пустец: Преку соработка во културата ја зајакнуваме врската

Преку соработка во културата ја зајакнуваме врската со нашинците во Преспа.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска заедно со директорката на Заводот и музеј – Битола, Мери Стојанова, го посети Музејот посветен на ликот и делото на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, каде што оствари средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски.

Како што соопшти Министерството за култура, посетата е по повод продолжувањето на прекуграничната соработка со Албанија во рамките на програмата ИПА со проектот „Смарт4Ју2“, чија цел е да ги афирмира културните вредности што ги поседува регионот и да ги развие туристичките потенцијали на општините Битола, Пустец и Корча.

-Преку соработка во културата, ја зајакнуваме врската со нашинците во Преспа. Успешната реализација на заедничките проекти носи придобивки за граѓаните од двете страни на границата. Културата и културното наследство даваат идентитетско значење на луѓето од овој регион, а од економски аспект, претставуваат значаен туристички потенцијал, рече на средбата министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.

На средбата со градоначалникот на Општина Пустец, Колефски, се наведува во соопштението, беше потврдена заемната заложба за зачувување на нашето културно наследство бидејќи, како што кажа Костадиновска-Стојчевска, тоа значи зачувување и на нашиот културен и национален идентитет.

- Kолефски ги најави новите планови и активности во Глобочани, а беа разменети идеи за нови проекти за унапредување на соработката преку културната размена и промоција на туристичкиот потенцијал на овој регион, со цел подобрување на економскиот развој и животниот стандард на граѓаните што живеат во Преспа. Од страна на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска беше посочено дека Министерството за култура, преку традиционалната поддршка на манифестацијата „Македонско културно лето во Пустец и во Корча“, останува партнер во заедничките заложби за негување на македонската култура, идентитет и традиција во овој прекуграничен регион, соопшти Министерството за култура.

Директорката на Заводот и музеј од Битола, Мери Стојанова, информираше дека продолжуваат активностите што се планирани за наредниот период, за искористување на ЕУ-можностите за развој на културата и заштитата на културното наследство, и укажа на нови можности за соработка со општините Пустец и Корча.

-Проектот „SMART4YOU2“, кој е поддржан од Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, има буџет во вкупен износ од милион и двесте илјади евра европски неповратни средства за развивање на културните и туристичките потенцијали на прекуграничниот регион, се наведува во соопштението.

Во рамките на еднодневната посета, министерката за култура Костадиновска-Стојчевска ќе оствари средба со префектот на округот Корча, Нерти Јоли.

притисни ентер