Антикорупциска поведе прекршочна постапка за десет поранешни специјални обвинители

Од антикорупциската комисија исто така информираа и  дека  продолжуваат да постапување по предмет оформен по пријава со наводи за сомневање за незаконски постапувања на поглаварот на исламската верска заедница.

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница одлучи да поведе прекршочна постапка за поранешните обвинители од СЈО, Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифоска, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе, бидејќи, како што велат од комисијата, континуирано примале дополнителни приходи односно надоместоци и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно законот за спречување на корупцијата.

притисни ентер