Актуелниот договор на Гризман истекува во јуни следната година, но се шпекулираше дека тој ќе замине во МЛС лигашот Лос Анџелес во летниот преоден рок.
Сепак, според шпанските медиуми, миленикот на тренерот Диего Симеоне треба да го продолжи договорот до јуни 2027 година, што значи дека ќе игра за Атлетико барем уште една сезона.
Францускиот фудбалер се согласил и на намалување на платата, а неговата нето заработка по оданочување изнесува осум милиони евра по сезона.
Гризман дојде во Атлетико во јули 2014 година од Реал Сосиедад во трансфер вреден 30 милиони евра. По пет сезони минати во мадридскиот клуб, во летото 2019 година беше купен од Барселона, која плати отштета од 120 милиони евра. Францускиот напаѓач не ги исполни очекувањата и по две години се врати во Атлетико, прво на позајмица, пред мадридскиот клуб да го откупи неговиот договор во јули 2023 година за 22 милиони евра. /МИА