Ангеловска:Скратени средства кај сите буџетски корисници, најмногу од стоки и услуги и капитални инвестиции што не може да се реализираат

Средствата од 6,5 милијарди денари што Владата вчера со Уредба ги прераспредели се обезбедени од сите буџетски корисници. 

Кратење, како што појасни министерката за финансии Нина Ангеловска се направени од делот за стоки и услуги, кај капиталните инвестиции и друго, а средствата се распределени во соодветни програми.

-За прераспределба помеѓу буџетски крисници за овие мерки и финансиска поддршка се разговараше три дена. Мораше да биде донесена. Вкупното кратење е 6,5 милијарди денари и тие се скратени од сите буџетски корисници. Има 1,5 милијарда денари од ставката стоки и услуги, од капиталните инвеестиции од оние, што се непродуктивни и што не можат да се реализираат во овој период. Има различни кратења, а овие средства се распределени на соодветни програми, односно 6,9 милијарди денари се во посебна програма во Владата за Ковид 19. Деведесет и пет милиони се за посебниот фонд за туристичкиот сектор, за оние мерки што беа прогласени за самостојните уметници 6 милиони, 30 милиони за спортистите, рече министерката Ангеловска, одговорајќи на новинарско прашање по средбата со претставниците од угостителскиот сектор.

Како што најави во одговор на прашање, денеска ќе има средба во Министерството за финансии за иницијативата да има т.н. совет за фискални мерки.

-Мора да сме отворени и мора да ги дискутираме за сите работи и следните мерки. Ова е една иницијатива да имаме т.н. совет за фискални мерки. Во него членови ќе бидат дел од економскиот совет, а дел кои не се во советот. Станува збор за околу 10 до 12 лица кои можат значајно да придонесат со нивните ставови и искуства за да може да разговараме за следни мерки и за реализацијата на мерките што ги преземаме, истакна министерката.

Таа појасни дека за издавањето еврообврзница е почнат само процесот на подготовка.

-Пазарите на капитал во овој период се ранливи, но се очекува наскоро да почне стабилизацијата. Многу развиени земји издадоа еврообврзници и сега се очекува стабилизација и да се отворат пазарите за земјите во развој. Имаме можност да го следиме пазарот и да одлучиме кога е најдоброто време. Ги проценуваме и ургентните потреби, ги проценуваме ризиците, условите, каква е состојбата на пазарот на капитал, за да го одбереме најдобриот тајминг. Процесот на издавање на еврообврзница трае од 45 до 60 дена. Ние само сме го почнеле процесот на подготвка и сметаме дека е одговорно да ги започнеме сите можни сценарија за да бидеме чекор напред, а не назад, истакна Агеловска.

За каматната стапка на еврообврзницата не сака да калкулира затоа што, како што посочи, ова е нешто што не се видело на пазарот на капитал досега, но ако се погледнат претходно издадените еврообврзници, очекувам подобра позиција.

Во однос на средствта што се очекуваат во земјава, наведе дека од ММФ се очекуваат 176 милиони евра, што е двојно повеќе од првично побараното, потоа средства од новиот инструмент на ЕУ, како и над 100 милиони евра поддршка од Светската банка.

-Сите работи ги имаме под контрола, за што поскоро поскоро да обезбедиме средства и ликвидност и за што поскоро да преземаме мерки, рече министерката за финансии.

Таа информираше дека е отворен и солидарен фонд во Владата и дека се работи на олеснување на процесот на донирање во фондот. Решението се бара со Министерството за правда за да се олесни процесот на тие што сакаат да бидат солидарни.

Ги повика компаниите кои можат да донираат и посочи дека има компании кои веќе донирале и веќе уплатиле авансно даноци, забалежиуваќи дека има компании кои во овој период растат и ќе растат.

Соопшти дека имало предлог и јавно да се објават оние што донирале и оти е можно таквиот предлог да биде прифатен.

Најави дека во солидарниот фонд ќе оди и нејзината минимална плата и потсети дека веќе се откажала од нејзината плата за март. /МИА

Путин: Ловците Ф-16 ќе бидат легитимна цел за Русија, како и аеродромите од кои полетуваат

Доколку американските ловци Ф-16 учествуваат во конфликтот во Украина, полетувајќи од аеродромите во трети земји, тие аеродроми ќе станат легитимна цел на руската армија, предупреди рускиот претседател Владимир Путин.

За време на посетата на Тверската област, Путин потсети дека борбените авиони Ф-16 можат да носат нуклеарно оружје и нагласи дека Москва „ќе мора да го земе тоа предвид“.

Тој порача дека ловците Ф-16 доколку бидат вклучени во конфликтот, руската војска ќе ги уништи тие авиони „исто како што ги уништува нивните тенкови, оклопни возила и друга опрема, вклучително и повеќе ракетни системи“.

Путин оцени дека ловците Ф-16, доколку западните земји ги испорачаат на Украина, нема да можат да ја променат ситуацијата на бојното поле.

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви:

Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија)

Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија).

Франција ќе тужи ученичка поради лажно обвинение дека била удрена од директорот поради хиџаб

 Францускиот премиер Габриел Атал денеска најави дека државата ќе тужи ученичка поради лажното обвинение дека директорот на училиштето ја удрил за време на расправија откако таа одбила да го тргне хиџабот.

Според францускиот закон, не е дозволено носење хиџаб и никаб во јавните установи, што директорот им го посочил на трите ученички, од кои две потоа ги тргнале шамиите.

Третата не ја тргнала шамијата и имало расправија, но полицијата не нашла докази дека директорот физички ја нападнал ученичката, а Атал сега тврди дека ќе биде изведена на суд.

„Државата секогаш ќе стои покрај овие службеници, оние кои се на линијата на фронтот соочени со овие прекршувања на секуларизмот, овие обиди на исламистите да влезат во нашите образовни институции“, рече тој.

Во деновите што следеле, директорот бил цел на смртни закани на социјалните мрежи, што училиштето го пријавило до Министерството за внатрешни работи, пренесува Би-би-си.

Обвинителите соопштија дека две лица се приведени во врска со смртните закани, а нивниот идентитет не е објавен, но Министерството за образование соопшти дека тие не се поврзани со училиштето.

Поради смртни закани и загрозена безбедност, директорот поднесе оставка по 45-годишна кариера во образованието.

притисни ентер