Ангеловска: Приговорите за домашната платежна картичка се категоризираат и проверуваат од надлежните институции

Пристигнати се над 20.000 меилови, но само дел од нив се со приговори на студенти кои не се нашле на листата на корисници на домашната платенна картичка kupuvajdomasno.gov.mk, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Навистина се пристигнати голем број на меилови, но не се сите приговори, туку има и многу прашања од корисници како ќе можат да ги трошат средствата. Генералниот секретаријат има формирано тим од луѓе кои ги категоризираат согласно природата на пораката која е стигната. Има граѓани кои добиле картичка а сега прашуваат како да ја активираат, како може да ги трошат средствата. Има граѓани кои што имаат поднесено конкретни барања дека ги нема во листите, но се уште не е завршена категоризацијата за да може да кажеме дека на пример има 5.000 граѓани кои ги нема на листата и достваиле доказ, рече Ангеловска на новинарско прашање и додаде дека транспарентно ќе информираат за какви било било дополнителни корекции за бројот на приговорите и за прифатените приговори.

Лицата кои ги нема на листата kupuvajdomasno.gov.mk , приговорот преку меил го праќаат до надлежната институција, која треба да ја изврши проверката и да ја потврди.

-Приговорите се поднесуваат на веб страницата за мерката ако лицето кога ќе го впише матичниот број и не го има во листата му излегува точно напатствие за тоа. Доколку смета дека е во една од трите одредени групи да се обрати со меил адреса со наведување за што се работи, – име и презиме и докааз дека треба да влезе во една од трите групи. Податоците на листите се дел од УЈП, дел од Агенцихата за вработување, од МТСП и дел од МОН добиени преку универзитетите и средните училишта, а дел од ФЗОМ во однос на групата на лекарите кои добиваат награда преку оваа картичка од 40 отсто од основната нето плата, рече Ангеловска.

Таа нагласи дека оваа домашна платежна картичка е обемен проект кој прв пат воведува транспарентни и јасни начини за имплементација согласно на базите со кои располагаат институциите. Сепак, вели, имаме значаен простор за подобрување на квалитетот на дата базите на институциите.

-За студентите податоците – име и порезиме и матичен бриј, ги доставува МОН кое ги прибавува за студентите од универзитетите и за средношколците од системот за електронската евиденција за средношколци. Се прави дополнително проверка на сите бази од институциите односно во МОН, и доколку постои неажурност во податоците кои тие ги имаат доставено, дјството може да се корегира. Ако гледаме реално нормално е дека при волкави бази на податоци треба да се направат корекции и затоа беше воспостгваена нова меил адреса. Ова ќе придонесе понатаму за подобрување на дата базите на сите институции со кои што располагаат се со цел подобро и полесно да се импелементираат какви било мерки во иднина.Затоа и споменав дека тоа е начин на дебирократизација до некаде без да ги тераме корисниците и граѓаните да одат по шалтери, рече Ангеловска.

За променатата Уредба за поврат на ДДВ што се однесува до висината на вкупниот максимален износ останува иста, рече министерката Ангеловска.

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван

По неколкумесечно одложување, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван, вреден 95 милијарди долари, како и за евентуалната забрана на ТикТок во САД.

Предлог-законите се резултат на повеќемесечни тешки преговори меѓу демократите и републиканците, како и притисокот од сојузниците на САД и постојаните молби за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Законите, сепак, сè уште имаат гласни противници во Конгресот, а надежите за усвојување зависат од кревката двопартиска коалиција која се обидува да ги надмине големите процедурални и законодавни пречки, пренесува Би-Би-Си.

Спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон изјави дека е решен да ги поднесе законите на гласање, и покрај фактот што радикалните републиканци може да побараат негово разрешување.

Предлогот предвидува 60,8 милијарди долари помош за Украина, 26,4 милијарди долари за Израел и 8,1 милијарди долари за индо-пацифичкиот регион, вклучувајќи го и Тајван.

Претставничкиот дом ќе гласа за секој предлог-закон поединечно, што значи дека некои може да поминат, а некои не.

Претседателот Џо Бајден и демократските пратеници во Конгресот со месеци се залагаат за нов голем пакет оружје за Украина, но републиканците под влијание на нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп, ја условуваа помошта.

Со усвојување на законите, исто така, ќе му се овозможи на Бајден да конфискува и продава руски имот, а средствата да ги намени за помош на Украина, потег што беше прифатен и од другите земји од Г7.

Претставничкиот дом ќе ја разгледа и предложената законска одредба со која треба да се принуди ТикТок да се откаже од кинеската матична компанија ByteDance или ќе се соочи со забрана во САД, каде што има околу 170 милиони корисници.

Белата куќа соопшти дека „силно го поддржува“ вкупниот пакет помош и оти Бајден ќе ги потпише законите веднаш штом бидат усвоени од двата дома на Конгресот.

Тоа би можело да се случи за неколку дена, бидејќи лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, вети дека Сенатот со мнозинство од демократите брзо ќе преземе мерки штом бидат усвоени од Претставничкиот дом.

Сепак, политичките аналитичари во САД оценуваат дека усвојувањето на законите во Претставничкиот дом, би можело да го чини спикерот Мајк Џонсон губење на спикерското место. Неколку екстремно десничарски републикански пратеници предупредија дека може да го соборат Џонсон поради поддршката на нацрт-законите. /МИА

притисни ентер