Ангелов: Во прашање се саати кога ќе се сруши целиот ѕид кај Клинички

Се урнаа дел од потпорниот ѕид и оградата на Клиничкиот центар на улицата Белградска во близина на Детската клиника во Скопје… 

Ангелов: Во прашање се саати кога ќе се сруши целиот ѕид кај Клинички

Се урна дел од потпорниот ѕид на улицата Белградска кој е е воедно и ограда на клиничкиот центар Мајка Тереза кај паркингот кај детската клиника. Токму за овој ѕид пред година и пол алармираше Стојачне Ангелов дека е накосен и дека ќе падне. Причинита е притисокот од улицата но главниот проблем е заради водите кои надоаѓаат од водно и кои наместо да течат под него во систем од цевки течат и притискаат на самиот потпорен ѕид и полека го буткаат.

За да не се случи поголема трагедија укажувањето е улицата привремено да се затвори во едната насока за да не се поминува со возилата до самата ограда каде и асфалтот е најоштетен и пропаднат. Во изминатиот период од кога прв пат укажале дека ѕидот има опасност да падне досега Цук упатиле писма до дваесетина институции и секаде топката за тоа које надлежен ја отфлале од себе.

Од Град Скопје пак тврдат дека тие немаа никаква надлежност. Според нив за оградата надлежноста е на клинички центар односно на министерството за здравство а улицата Белградска е во надлежност и сопственост на општина Центар додека само одржувањето е преземено од градот но не и градежни активности на улицата.

Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд во целата земја

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известува дека вечерва и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, при што во одредени делови врнежите ќе бидат пообилни и со интензивен карактер. 

Во текот на ноќта се очекуваат пообилни и интензивни врнежи од дожд во целата земја

Воглавно коритата на реките не се исполнети со вода и имаат простор за примање на новите врнежи, но се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава.

Во западните делови на земјата се очекува значително покачување на водостоите и полнење на речните корита. Исто така, според дел од нумеричките модели за прогноза, и во источните и југоисточните делови на земјата можно е да има интензивни врнежи од дожд (претежно за време на ноќта и утрешниот ден) што ќе услови зголемување на водостоите.

Поради можноста од појава на обилни и интензивни врнежи во одредени делови на земјата можни се и појави на одрони и свлечишта, како и можни проблеми во дел од градските населени места. Се предупредува на претпазливо движење покрај реките и суводолиците.

Познат фудбалер шокира: Да не беше кокаинот, лесно ќе ја освоев „Златната топка“

Поранешниот романски фудбалер Адријан Муту верува дека можел да ја освои Златната топка доколку не ја направел најголемата грешка во кариерата и конзумирал кокаин.

Познат фудбалер шокира: Да не беше кокаинот, лесно ќе ја освоев „Златната топка“

Муту, кој сега има 46 години, се пресели од Парма во Челзи во 2003 година за 16 милиони фунти и беше редовен во својата прва сезона, постигнувајќи 10 гола под водство на Клаудио Раниери. Меѓутоа, со доаѓањето на Жозе Мурињо, неговиот статус се промени, а ситуацијата кулминираше во октомври 2004 година, кога тој беше позитивен на тестот за кокаин и доби седуммесечна суспензија.

- Земањето кокаин за време на мојот период во Челзи беше најлошата одлука во мојата кариера. Бев сам и тажен, но ниту депресијата ниту ништо друго не ги оправдува моите постапки. Требаше да побарам помош, но не побарав. Сепак, учиш од се во животот, таа лекција ме направи подобра личност, многу позрела и свесна за моите постапки – изјави Романецот.

По скандалот, Муту никогаш повеќе не заигра за Челзи, но кариерата ја продолжи во Италија, каде блесна во дресот на Фиорентина со 69 гола во пет сезони - додека еден помина и во Јувентус. Сепак, тој е убеден дека можел да постигне многу повеќе.

- Многу пати сум размислувал за тоа. Верувам дека повеќе од една сезона бев меѓу најдобрите фудбалери во светот, па лесно можев да ја освојам Златната топка. Но, лошите одлуки ми го ускратија тоа. Сепак, се трудам да не се обвинувам премногу.

По завршувањето на кариерата во 2016 година, Муту се сврте кон тренерската работа. Раководеше шест клуба и беше селектор на романската репрезентација до 21 година, а последен ангажман му беше во Петролул од кој си замина по само четири месеци.

Открил тајна соба додека ја реновирал старата куќа- веднаш повикал помош

Корисник на Редит објави серија фотографии на кои е прикажана „тајна соба“ откриена при реновирање во неговиот дом.

Открил тајна соба додека ја реновирал старата куќа- веднаш повикал помош

Необичната соба ја нашол додека работел во бањата, а потоа решил да побара помош на социјалните мрежи, пренесува Мирор.

Совршено се вклопува.

"Купив куќа на рид во кој влегувате од средината. Долу има дневна соба, а горе спална соба. Задниот дел од куќата гледа надолу. Додека ја реновирав бањата, открив празна соба", објасни тој.

Мажот додал дека „тајната соба“ одлично се вклопува со дневната соба, што значи дека може да постави врата и да ја користи како дополнителна просторија.

„Се прашувам дали некој има идеја за намената на оваа просторија и дали ми треба посебна дозвола за да ја приспособам“, додаде тој.

UPDATE #1 - Found a hidden space under my house! Going to turn it into a wine cellar
byu/tuckerPi inhiddenrooms

„Внимавајте“

На објавените фотографии се гледа мал, изолиран простор кој би можел да се искористи. Многу корисници шпекулираа за што е тоа.

„Не сум сигурен за целта, но сум видел слични соби во бунгалови во планините. Тие се користеа како складиште или простор за намалување на влажноста“, напиша едно лице.

„Мислам дека поправањето на оваа соба би било мака, без вистинска вредност. Особено затоа што нема прозорци“, вели друг.

„Бидете внимателни и ангажирајте архитект ако планирате да направите промени. Можно е ѕидовите што ги гледаме да се носители и не би сакале да ја загрозите стабилноста на куќата“, советува трето лице.

притисни ентер