Ангелов: Ќе побараме претставник во штабот и од невладиниот сектор

Вчера ја одржавме првата седница и денеска го разгледавме предлог Акциониот план, рече Стојанче Ангелов ,раководител Главниот Штаб за управување со кризната состојба. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

ССМ: Во Ниш тек е ревакцинација на бизнис заедницата

Во тек е ревакцинација на бизнис заедницата во организација на Стопанската комора на Македонија во Ниш.

Во тек е ревакцинација на бизнис заедницата, акција на Стопанската комора на Македонија, која заедно со Стопанската комора на Србија, а во рамките на Коморскиот инвестициски форум се реализира викендов во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија.

Се ревакцинираат вработени од Комората, како и вработени од компаниите членки на Комората, чии работни места се од висок ризик од пандемијата и единствено на овој начин ќе продолжат непречено да работат и да го задржат нивото на економска активност.

Процесот во овој момент се одвива непречено, без задржувања на вакциналните пунктови.

Ревакцинацијата ќе биде извршена на истото место каде и првата вакцинација, информираат од Стопанската комора на Македонија.

Трамп го прозва Бајден поради користење ливчиња за потсетување

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се огласи по повод снимката на која се гледа како неговиот наследник Џо Бајден користи ливчиња за потсетување за време на неодамнешната прес-конференција.

Трамп на Телеграм ја сподели видео снимката, која ја објави телевизиската мрежа „ОАН" со коментар: „Можете ли да верувате? Не е чудно што нашата земја оди по ѓаволите".

Станува збор за прес-конференцијата која Бајден ја одржа во Корнвел, во Англија, за време на самитот на Г7.

Медиумите пренесоа дека на ливчињата за потсетување се наоѓале одговори на евентуални новинарски прашања, меѓу кои и оние што се однесувале на Министерството за правда. Некои од подготвените одговори гласеле: „Трамп ги злоупотреби овластувањата", „Сега ние тоа треба да го расчистуваме", „Министерството за правда на Трамп е надвор од контрола".

Инаку, тоа не е првпат Бајден да користи ливчиња за потсетување. Западните медиуми пренесуваат дека Бајден истите ги користел и на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, како и на својата прва прес-конференција во март.

САД: Бурата Клоудет може да погоди седум милиони луѓе

 Националниот центар за урагани соопшти дека се очекува до полноќ по локално време силна бура, наречена Клоудет, да пристигне до американското тло од брегот на Луизијана.

Издадено е предупредување дека нова тропска бура, која може да погоди околу седум милиони луѓе кои живеат на јужниот брег на САД, би можела да стигне до копното.

Објавено е дека пороен дожд и силен ветар од Мексиканскиот Залив од утринските часови почнале да стигнуваат до копното на САД, заканувајќи им се на седум милиони луѓе кои живеат во регионот од Луизијана до Флорида.

– Кабинетот на гувернерот за национална безбедност и подготвеност за итни случаи (GOHSEP) мобилизира тим за кризни ситуации и заедно со нашите локални партнери сме подготвени за сите неопходни итни случаи, изјави гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс.

Вонредна состојба беше прогласена минатиот месец во Луизијана, каде во поројни дождови и поплави загинаа најмалку четири лица.

притисни ентер