Ангел Димитров: Интервјуто на Заев не е доволно, треба меѓународно-правен документ

Интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС може да е игра на политичката сцена, смета шефот на бугарскиот тим на историчари, Ангел Димитров.

Во изјава за бугарското национално радио, Димитров вели дека за да се земе кажаното како сериозно, треба да има и нешто посериозно, како меѓународно-правен документ.

-Тоа што го кажа заев треба да биде внесено и во официјален документ во кој јасно ќе се нагласат новите позиции кои што се во согласност со договорот за пријателство и добрососедство - рече Димитров..

Копретседавачот на комисијата вели дека и тие документи треба да бидат усвоени и од македонското собрание, но дека со актуелната политичка конструкција и несигурноста на владејачката структура не е јасно како тоа би се случило. Димитров е категоричен дека откако заев го направи тој чекор, да признае дека двете земји имаат заедничка историја и дека бугарите не се фашистички окупатор, треба неговата партија да направи напор, чекор напред, а не, како што вели, ова да остане да виси во воздух.

Инаку следниот состанок на заедничката комисија треба да се одржи, следнава недела, на 3 и 4 декември, а ќе биде онлајн поради пандемијата.

Детска балетска претстава Петар Пан

 Во Националната опера и балет на 31 март премиерно ќе биде изведена детската балетска претстава Петар Пан во режија и кореографија на Ирена Лозинска.

Детали за претставата ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција.

Сценариото и сонговите за претставата ги напиша Ристо Самарџиев, визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката е на Владимир Дојчиновски –Дојчин, а продукцијата на М-Соунд.

Во овој музичко балетски спектакл учествуваат и 56 деца од балетско студио „Арт балет“, заедно со Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау, гостите при балетскиот ансамбл.

Детската балетска претстава за Петар Пан, момче што не сакаше да порасне, ќе биде изведена од 17:30 и 20 часот на 31 март, а билетите можат да се набават на mktickets.mk, Југотон и Литература.мк.

Нов Зеланд почнува кампања за утеха на млади со скршено срце

Владината кампања „Love Better“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажана во подкаст и на платформи како што е Инстаграм.

- Нов Зеланд почна кампања за да им помогне на младите во земјата да ги надминат болните раскинувања, охрабрувајќи ги оние со скршено срце да се помират со тоа и да ги блокираат своите поранешни партнери/партнерки на социјалните мрежи.

Владината кампања „Love Better“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажана во подкаст и на платформи како што е Инстаграм.

„Раскинувањата болат... но, морате засекогаш да ја свртите страницата. Преземете одговорност за вашите чувства“, вели смирувачки глас во видеото од кампањата.

Еден неименуван млад човек рече дека ја блокирал поранешната девојка на социјалните мрежи бидејќи не можел да спие ноќе и дека се станува чудно и надвор од контрола.

Властите на Нов Зеланд најавија дека ќе одвојат 6,4 милиони новозеландски долари (3,7 милиони евра) за тригодишната кампања.

„Знаеме дека раскинувањето на љубовните врски е болно. Сакаме да ги поддржиме нашите млади луѓе и да им дадеме до знаење дека има излез", изјави неименуван претставник на властите.

Кампањата им овозможува на младите да ги споделат своите приказни и на тој начин да им помогнат на своите врсници кои можеби поминуваат низ слични искуства.

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) објави дека Нов Зеланд има една од највисоките стапки на самоубиства меѓу развиените земји.

СДСМ: СДСМ покачува плати и пензии, ВМРО-ДПМНЕ блокира

СДСМ на дело покажува вистинска грижа за сите граѓани.

Во време кога државата се уште се соочува со последиците од глобалната економска криза, СДСМ обезбедува раст на платите и пензиите.

Пензиите, од овој месец, се покачуваат за рекордни 8,4 отсто, со што просечната пензија се зголемува за над 1.500 денари.

Минималната плата од март годинава изнесува 20.175 денари, што е зголемување за над 2.000 денари од досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари.

Додека СДСМ, како одговорна партија го унапредува животниот стандард на граѓаните, покачува плати и пензии, ВМРО-ДПМНЕ блокира и опструира се што е во интерес на народот.

Во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата беше 8.800 денари, а во текстилната кожарската и чевларската индустрија само 6.000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ се противеше на раст на минималната плата, нејзини функционери велеа дека ќе колабира македонската економија ако минималната плата се покачи.

ВМРО-ДПМНЕ останува против работниците, партија која во изминатите години блокираше и се уште блокира закони во интерес на граѓаните.

СДСМ

притисни ентер