Андоновска: Венко Филипче по 100 ти пат излажа

Венко Филипче по 100 ти пат излажа. Поминува февруари, а Македонија не доби ниту една вакцина.

Според Венко Филипче од почетокот на февруари, Македонија сега требаше да биде во процес на вакцинација со 200.000 кинески вакцини, но според Венко Филипче од денес, за кинеските вакцини сепак ќе почекаме. Колку ќе чекаме, ни самиот тој не знае. Но вакцинирање во февруари нема.

Ниту Венко Филипче, ниту Зоран Заев не ги спомнуваат веќе 833.000 вакцини кои ќе ни стигнат преку КОВАКС, или 800.000 вакцини од Фајзер.

Вакцини во Македонија нема ниту за здравствените работници, да не беше донацијата од Србија, немаше да може да се вакцинира ниту еден од здравствените работници во КОВИД центрите. Брука, срам и јад за Македонија.

Излишни се зборови, засрамете се Заев и Филипче!

Прашање е колку ова доцнење или немање на вакцини ќе влијае на бројот на заболени и воедно колку животи ќе ја чини Македонија ова чекање и негрижа од страна на здравствените власти!?

И како што сте неспособни да набавите вакцини, па уште мајтап терате со народот, дека во гостиварско недоволно се пријавиле, па и да се пријават, со што ќе ги вакцинирате и кога ќе ги вакцинирате?!

Македонија со Заев и Филипче е пред катастрофа, а тие ако не можат да набават вакцини, крајно време е да кажат и да се обратат за помош кај нашите пријатели од меѓународната заедница. Народот умира, додеа вие лажете.

Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Хашкиот суд му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да дозволи непречен проток на помош во Газа за да се спречи гладот во палестинската енклава.

Во едногласната одлука на највисокиот суд на Обединетите нации, беше речено дека Израел мора да дејствува без одлагање и да дозволи „обезбедување на итно потребните основни услуги и хуманитарна помош. Најпотребната помош вклучува храна, вода, електрична енергија, гориво, засолниште и облека, како и средства за хигиена и медицински материјали, пренесува Би-Би-Си. Израел обвинувањата дека земјата ја блокира помошта ги нарече „целосно неосновани“ и соопшти дека продолжува да промовира нови иницијативи за да овозможи континуиран проток на помош во газа по копно, воздух и море.

Фото: Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно?!

Скандалозна изјава на сопруга на украински фудбалер, „Не би можела да бидам со човек кој не заработува 10 000 евра месечно“.

Сопругата на украинскиот фудбалски репрезенативец Александар Зубков, убавата Ани ја шокира јавноста со неодмерени.

Само ден по триумфот на Украинците над Исланд вреден пласман на ЕУРО 2024, јавноста повторно беше изненадена од убавата Ани.

На денот кога Украина го победи Исланд во бараж дуелот сексапилната Ани го прослави својот роденден.

За жал, нејзиниот сопруг Александар Зубков не доби шанса да игра против Исланд. Селекторот Сергеј Ребров го остави на клупата за резерви.

Крилниот напаѓач на Шахтјор има одлична сезона, одигра 19 натпревари во првенството на Украина, постигна четири гола и забележа пет асистенции.

Ана Зубкова го привлекува вниманието на украинските медиуми со своите неодмерени изјави, но и со својот изглед.

Ана Зубкова пред две години ги запали социјалните мрежи со следнава изјава:

- Не би можел да бидам со човек кој не заработува многу пари. Или премалку заработува. И што? Се прашувате која плата би била нормална за мојот човек? Да речеме 10 илјади евра.

Провокативната Ани потоа истакнала дека месечно само за себе и својот изглед троши околу 3000 евра.

Инаку Ана Зубкова работела како модел, додека не го запознала фудбалерот на Шахтјор. Таа позираше за украинското издание на „Плејбој“ и така стана многу позната во јавноста.

Сега таа редовно објавува жешки фотографии на социјалните мрежи и со тоа предизвикува реакција кај јавноста во Украина.

ФЕД: Имотот на еден отсто од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 билиони

Имотот на еден процент од луѓето кои се најбогати во САД достигна рекордни 44,6 трилиони долари на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, пред се благодарение на растот на акциите, соопшти Американската централна банка ФЕД.

Вкупното богатство на еден процент најбогати луѓе, кои ФЕД ги дефинираше како оние со богатство над 11 милиони долари, се зголеми за два билиони долари во четвртиот квартал, а целата добивка дојде од нивните акции, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Вредноста на корпоративните акции и акциите на заедничките фондови во сопственост на првите еден отсто се зголеми од 17,6 билиони долари во третиот квартал од 2023 година на 19,7 билиони долари.

Невидениот раст на богатството започна во 2020 година, а оттогаш богатството на најбогатиот еден процент порасна за речиси 15 трилиони долари или за 49 отсто.

Економистите велат дека растечкиот пазар на акциите дава дополнителен поттик на потрошувачката преку таканаречениот „ефект на богатство“. /МИА

притисни ентер