Анализа за сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор

Промовирана Анализата за сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022).

Предвидените мерки од Стратегијата за реформи во правосудниот сектор (2017-2022) се делумно спроведени, со различен степен на напредок, но мора да се нагласи дека престојат уште многу чекори до исполнувањето на стратешките цели на државата.

Ова беше генералната оценка за спроведувањето на Стратегијата споделена на јавниот настан на Блупринт групата на кој беше промовирана Анализата за сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022). Во таа насока се движат и препораките утврдени по основ на наодите од секој дел од оваа Анализа, кои треба да послужат како придонес на Блупринт-групата и водилка за тенденциите што треба да се следат во подготовката на новата стратегија.

Настанот го отворија Нада Наумовска, постара програмска координаторка во Фондација Отворено општество – Македонија и Ардита Абази Имери, програмска координаторка на Институтот за европска политика. Клучните наоди од Анализата на настанот ги презентираа авторите и членови на Блупринт групата за реформи во правосудството – Јелена Кадриќ, извршната директорка на Институтот за човекови права; Гоце Коцевски, програмски директор на Македонското здружение на млади правници; Беба Жагар, истражувачка во Институтот за европска политика; Жарко Хаџи-Зафиров, програмски директор во Центарот за правни истражувања и анализи; Тона Карева, правна советничка во Хелсиншкиот комитет за човекови права и Дарко Аврамовски, извршен директор на Коалицијата „Сите за правично судење“.

На настанот се истакна дека останува нерешен проблемот со независноста на судскиот буџет, како и нефинализираниот текст на новиот Судски деловник. Од друга страна, беше пофалено усвојувањето на новиот Заокн за управување со движењето на предметите во судови, како и започнувањето на процесот на дигитализација во правосудството.

Во однос на мерките од Стратегијата поврзани со квалитетот, се исполни мерката за јасни и образложени одлуки на Судскиот совет на Република Северна Македонија за избор и унапредување на судии, а од друга, продолжува трендот Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија на својата веб-страница да не ги објавува јавно одлуките за избор и унапредување на јавните обвинители, како и другите одлуки што се донесени од негова страна.

Во делот на пристап до правдата беше кажано дека може да се забележи напредок во подготовката на релевантните закони, иако се забележува и доцнење во однос на роковите поставени во Акцискиот план на Стратегијата.

Забелешка беше кажана за немањето напредок во воспоставувањето на истражните центри во јавните обвинителства, како и за невоспоставувањето и применувањето на системот за електронска распределба на предмети во јавните обвинителства.

Во управно-правната област забележан е развој по новините воведени со Законот за управните спорови од 2019 година иако неусогласеноста со Законот за општа управна постапка останува горлив проблем.

Анализата за сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022) може да ја симнете на линкот: http://bit.ly/3txfLCY.

Настанот се организираше во рамки на проектот „За правда – граѓански придонес за унапредување на правосудството“, кој го координира Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, а е финансиран од Фондацијата Отворено oпштество – Македонија.

· Македонско здружение на млади правници (МЗМП)

· Институт за европска политика (ЕПИ)

· Институт за човекови права (ИЧП)

· Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС)

· Хелсиншки комитет за човекови права

· Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА)

· Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ)

Од домашно производство 96,4 отсто од потрошената струја

 Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули годинава, вкупно биле потрошени 483 722 МWh електрична енергија, 28.789 мил. нм3 природен гас, 335 319 тон јаглен и 99 448 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.4 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95.3 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Мицотакис му честитал на Каселакис и го поканил на средба

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис, му честитал за победата и го поканил да се сретнат во следните денови.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со новиот лидер на СИРИЗА Стефанос Каселакис, му честитал за победата и го поканил да се сретнат во следните денови, соопштија од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, коментирајќи ја победата на Каселакис на партиските избори, изрази надеж и желба дека земјата „конечно ќе добие сериозна и веродостојна опозиција“, а СИРИЗА ќе се врати „на патот на вистината и реализмот“.

-Нашата конфронтација со господинот Каселакис ќе биде политичка и затоа ги очекуваме неговите позиции и предлози за сите големи прашања и целокупно за прашањата што се однесуваат на граѓаните. Исто така се надеваме дека ќе ја напушти логиката на токсичност и на говорот на поделба, што за жал многу години ѝ служи на партијата на која е избран за претседател, рече Маринакис, објаснувајќи дека со оглед на минатото на оние кои јавно го поддржаа Каселакис, Владата се сомнева дека ќе се напушти токсичниот говор.

Паралелно, владиниот портпарол се осврна и на фактот што Каселакис не е пратеник и нема да може да присуствува на парламентарните процедури.

-Во Парламентот се предлагаат и се гласаат сите големи реформи и сите големи промени, кои им се потребни на народот, а отсуството на опозициски лидер од овие процедури, во еден голем временски период, речиси четири години, сигурно претставува еден сериозен институционален недостаток. Затоа ние во Нова демократија, на Конгресот во 2016 година изгласавме предуслов дека за некој да биде кандидат за претседател на партијата, да биде член на пратеничката група, посочи Маринакис.

Претрес во скопско Количани, пронајдени пушки, приведено едно лице

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска  го лишиле од слобода М.И.(35) од с.Долно Количани.

Како што известуваат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер