Анализа: Се разгорува ли нова политичка криза?

Блокадата од Бугарија и дилемите околу преговорите Скопје – Софија ја вжетија политичката сцена - се разгорува ли нова политичка криза? 

Барањата на Софија на анекс или нов договор и неизвесниста дали во декември сепак ќе се тргне бугарската блокада за почеток на преговорите ,дилемите во домашната јавност околу содржината на преговорите а пред се нетранспарентноста на процесот дополнително ја вжештуваат атмосферата.. Опозицијата со протести и најава за интерпелација за Владата, превирања и во владеачката партија со барања за одговорност и потреба од вонреден конгрес..За дел од аналитичарите барем засега на повидок не се назираат суштински промени, ниту во однос на барањата на опозицијата ниту пак од драматичен расплет во СДСМ.

Сепак, клучно за тоа како ке се одвива политичката ситуација во следниот период ќе биде евентуалното добивање или недобивање на датумот за преговори , односно одржувањето на првата мегувладина конференција, и колку на овој бран ќе биде моќна опозицијата.

Политичката ситуација почна да се комплицира со барање за оставки и преодната влада по 17 ноември кога Софија стави блокада на преговарачката рамка за Македонија.. Во мегувреме јавноста со лавина реакции го дочека интервјуто на Заев за БГНЕС, по што од вчера опозицијата почна со протести а кон средината на декември во Собранието најави интерпелација за Владата.

Германија воведува строг карантин до 14 февруари, забранети се платнени маски

И покрај тоа што состанокот на германската канцеларка Ангела Меркел со лидерите на сојузните држави се уште трае, излегле голем број информации и содржината на документот со новите мерки.

Што е најважно, Германија оди во уште построга блокада што ќе трае до 14 февруари.

Меркел и лидерите на сојузните држави се согласиле дека покрај постојните, треба да се воведат и мерки за задолжително носење висококвалитетни медицински заштитни маски во продавниците и јавниот превоз. Ова ги вклучува т.н. хируршки маски и маските попознати по назнаките FFP2 и N95.

Според новите правила, на граѓаните ќе им биде забрането да носат платнени маски или шалови како замена за маските во јавниот превоз.

Покрај тоа, документот со новите мерки предвидува федералното Министерство за труд и социјала да издаде регулатива за работа од дома. Според неа, работодавците мора да им дозволат на вработените да работат од дома секогаш кога е можно. Ова ќе ги намали контактите на работа, но исто така и на пат кон работата, што треба да го забави ширењето на коронавирусот.

Исто така, од работодавците се бара да воспостават флексибилно работно време за сите оние кои треба да одат на работа и да избегнуваат гужви во јавниот превоз рано наутро и попладне. Ограничувањата ги содржи работниот документ што излегол од средбата меѓу Меркел и покраинските премиери. Бројот на нови инфекции се намалил, а притисокот врз болниците и единиците за интензивна нега малку е намален. Сепак, „падот на бројот на заразени во Германија мора дополнително да се забрза“ за да се спречи ризикот од ширење на новиот сој на коронавирус.

Германија е во вид на блокада од ноември, која првично требало да трае само четири недели и дефинитивно да заврши пред Божиќните празници. Во меѓувреме, училиштата, продавниците што не продаваат основни намирници, баровите, рестораните и забавните и културни објекти се затворени во земјата, со мерки што постепено се интензивираат од нивното воведување на почетокот на ноември. Во сила е и мерката според која едно домаќинство може да го посети само едно лице надвор од тој круг.

Во области каде има повеќе од 200 нови случаи на 100.000 жители, не е дозволено да се напушта куќата повеќе од 15 километри.

Американците го избраа БМВ за најомилен премиум бренд

BMW ја освои титулата најпродавана луксузна марка во Америка.

Тоа го постигнал со вкупно продадени 278.732 примероци, што е пад од дури 17,7% во споредба со претходната година. Лексус се најде на второто место со вкупно продадени 275.041 единици, што е за 7,5 проценти помалку од претходната година. Мерцедес мораше да се задоволи со третото место, што значи продадени 274.916 автомобили и годишен пад од 13%.

На четвртото место е Ауди со продадени 186.620 примероци, додека петти е Кадилак со 129.495 продадени автомобили. Следат Volvo (110.129), Линколн (105.410), Infiniti (79.502) и Porsche (57.924).

Интересно, единствениот со позитивен резултат е Volvo, што пораснал за 1,8% во споредба со 2019 година.

Што се однесува до моделите, најпродаван BMW бил X3 (59.941), додека најпопуларниот Мерцедес бил теренец, GLC со продадени 52.626 примероци. Од друга страна, Lexus ја задржал високата продажба и за малку помина пред Мерцедес, благодарение на RX со продадени дури 101.059 примероци.

Регистрирани се 400 нови случаи на Ковид 19, починале 11 заболени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на ковид-19 

Во: Скопје-198, Куманово-28, Тетово-16, Прилеп-14, Гостивар-9, Штип-8, Битола-7, Велес-14, Охрид-12, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-7, Кочани-5, Кичево-8, Гевгелија-1, Неготино-2, Дебар-10, Ресен-4, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-8, Пробиштип-6, Македонски Брод-2, Крушево-2, Македонска Каменица-1, Демир Капија-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 206 оздравени пациенти од: Скопје-146, Куманово-4, Тетово-3, Прилеп-1, Гостивар-5, Штип-2, Битола-4, Велес-3, Струмица-2, Кавадарци-1, Кочани-12, Кичево-2, Гевгелија-1, Дебар-1, Радовиш-13, Делчево-1, Пробиштип-3, Македонска Каменица-2.

Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (82, 63, 75, 74 и 53г.), еден пациент од Битола (66г), од Струмица (70г.), Кавадрци (55г), еден пациент од Струга (77г), еден од Кочани (71г) и еден од Пехчево (71г.). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89392, бројката на оздравени пациенти е 73983, на починати е 2726, а бројот на активни случаи изнесува 12683. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 38809, активни 7352

• Куманово 5046, активни 479

• Тетово 4973, активни 481

• Прилеп 4482, активни 315

• Гостивар 3542, активни 336

• Штип 3443, активни 178

• Битола 3174, активни 256

• Велес 2970, активни 346

• Охрид 2664, активни 367

• Струмица 2479, активни 389

• Кавадарци 2408, активни 412

• Струга 2148, активни 171

• Кочани 1702, активни 130

• Кичево 1670, активни 158

• Свети Николе 1060, активни 52

• Гевгелија 954, активни 130

• Неготино 944, активни 175

• Дебар 724, активни 127

• Ресен 712, активни 116

• Крива Паланка 705, активни 92

• Радовиш 676, активни 64

• Берово 567, активни 60

• Делчево 538, активни 155

• Пробиштип 482, активни 33

• Виница 476, активни 44

• Валандово 325, активни 29

• Демир Хисар 241, активни 13

• Македонски Брод 239, активни 17

• Богданци 214, активни 38

• Кратово 209, активни 16

• Крушево 192, активни 34

• Македонска Каменица 189, активни 47

• Демир Капија 179, активни 38

• Пехчево 175, активни 25

• Дојран 81, активни 8

Направените 2327 теста се преку: ИЈЗ-455, ЦЈЗ Скопје-38, Авицена-235, Биотек-290, МАНУ -139, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Систина со PCR метода -189, лабораторија Лаор –90, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-0, ГАК-0, Синлаб-33, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -642, УК Пулмологија со алергологија –6, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 434.568 тестирања на Ковид -19.

притисни ентер