Анализа на „Фајнанстинк“: Бизнис секторот со резерви за владините економски пакети

Ниската реализација на мерките од економските пакети, ја разнишува довербата на инвеститорите.

Бизнисот со резерва ги прима најавените економски мерки за ублажување на последиците од Корона кризата и поради несигурноста од развојот на пандемијата, покажува истражувањето на невладината Фајненс тинк.

Според анализата, првиот пакет мерки не само што не ги ублажил штетите, туку го продолжил падот на економијата. Вториот пакет мерки влеал доза на доверба во економијата, додека последните два бизнисот ги примил со резерва.

„ Неколку дена пред објавување на четвртиот пакет е објавена и реализацијата на мерките од претходните неколку пакети. Претпоставуваме дека пазарот ја зеде во предвид ретроспективата на реализацијата на мерките и реагираше соодветно, значи не ја прифати или се уште чека како ќе се развива реализацијата на четвртиот пакет. Бидејќи следува ребаланс, законски решенија, па потоа компаниите треба да поминат критериуми за да ја добијат таа финаскиска поддршка.“ истакна Бојан Србиноски, Фајненс тинк

Мерките се добро структурирани, вели Србиноски но најважна е нивната реализација. Во тој поглед Владата мора да биде поефикасна, сугерираат од Фајненс тинк. Внимателно да се таргетира кои сектори ќе бидат помогнати.

„ Секако дека Владата рационализира сега, бидејќи ограничен е буџетот и мора да таргетира внимателно кои ќе добие финансиска поддршка, а кои нема да добие, но мора тоа да оди побрзо затоа што веќе некои компании ќе почнат да одлучуваат и на долг рок целосно да ги затворат своите капацитети .“ изјави Бојан Србиноски, Фајненс тинк

Институтот ги анализирал реакциите на пазарот на капитал во време кога се објавувувани економските пакети. Оттаму, субвенционирањето на платите ја издвојуваат како мерка која дала најдобри резултати.

Ден пред изборите гласаа и затворените и притворени лица, како и оние во домовите за стари лица

Без никакви проблеми тече гласањето во затворите во Македонија, пред утрешните претседателски избори во земјава.

Првиот човек на КП Дом Идризово истакна дека гласањето почнало навреме и се надева дека до 19 часот поголем дел од затворениците ќе го искористат своето право на глас.

Директорот Јовановски исто така истакна дека женското одделение завршило со гласањето и своето право на глас го искористиле 80 отсто од затвореничките.

-Од пријавени 1084, 887 затвореници имаат право на глас. Досега имаме околу 20 отсто излезеност. Имаме ние воспоставено динамика на гласање, така да мислам дека до 19 часот ќе излезат поголем процент на гласачи. - Зоран Јовановски – директор на КП Идризово

Инаку, освен затворениците, денеска гласаат болни и изнемоштени и лица во старски домови.

Процесот се одвива без никакви неправилности и во најдобар ред, информираат од општинските изборни комисии.

-На територијата на Кисела Вода, за денешно гласање имаме пријавено 41 болно и немоќно лице, кои ќе гласаат во својот дом и 46 лица коишто гласаат во три старечки домови.- Татјана Алексовска - Сапунџиоска ОИК Кисела Вода

-На територијата на О. Центар има пријавно 23 лица, болни и изнемоштени, каде треба да се гласа на нивните домашни адреси. Во текот на денот вршиме достава на избирачкиот материјал до избирачките одбори и тие се должни да го спроведат гласањето во нивните домови.- Живко Мијовски ОИК Центар

Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни.

Инаку, право на глас на овиее избори имаат 1.814.317 гласачи, кои ќе гласаат на 3480 избирачки места во целта земја.

Македонија утре ќе гласа на седмите претседателски избори

Вкупно 1 814 317 македонски граѓани имаат право на глас на седмите по ред претседателски избори во државата. 

Гласањето зе иден шеф на државата ќе се одвива на 3 480 избирачки места низ Македонија. Според упатството за гласање објавено од ДИК на шест јазици – македонски, албански, српски, турски, ромски и влашки јазик гласачите гласаат лично и тајно со заокружување на редниот број пред називот на кандидатот со хемиско пенкало во сина боја, по претхдона биметриска идентификација, потпис во единствениот Избирачки список и приложување на личен документ....

Веројатноста да се избере шеф на државата во првиот круг е само теоретска – бидејќи еден од седумте претедателски кандидати ќе треба да освои мнозиство од вкупниот број избирачи, односно над 900.000 гласови. Во првиот круг од гласањето не е потребно исполнување на цензус, а во вториот круг се пласираат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг. За да биде избран претседател на Републиката потребно е едниот од нив да освои мнозинство гласови од избирачите кои изглегле на гласачките места, под услов излезноста да е над 40 проценти, односно над 725.000.

На претходните 6 изборните циклуси, условот беше исполнет, иако на некои од нив беше блиску до границата... Цензусот од најмалку 40 проценти е обезбеден на сите претседателски избори досега.

Во 2019 година излезноста во вториот круг била 46.65 проценти, во 2014 година - 54.36 %. Во 2009 година излезноста била најмала 42,61 процент. А најголема излесност имало на првите непсоредни претседателски избори по независноста во 1994-та кога на гласачките места излегле 77.4 проценти од запишаните избирачи.

Вториот круг од претседателските избори е закажан за 8-мај и ќе се одржи заедно со парламентарните избори.

Излезност на претседателски избори (втор круг):

2019 година - 46.65 %

2014 година - 54.36 %

2009 година – 42.61 %

2004 година - 53.6 %

1999 година - 69,1 %

1994 година - 77,4 %

Поврзаност меѓу здравата исхрана и срцевите болести кај жени со рак на дојка

Истражувањето спроведено од научници од Истражувачкиот центар „Кајзер Перманенте“ во Калифорнија (САД), е објавено во списанието „ЈНЦИ Канцер спектрум“ (JNCI Cancer Spectrum). 

Жените кои во времето на откривањето и дијагностицирањето рак на дојка, практикувале почесто јадење зеленчук, овошје, протеини и нискомасни млечни производи - се изложени на 47 отсто помала опасност од срцеви заболувања, отколку оние во чија исхрана преовладувале масти, црвено месо и производи од месо.

Истражувањето спроведено од научници од Истражувачкиот центар „Кајзер Перманенте“ во Калифорнија (САД), е објавено во списанието „ЈНЦИ Канцер спектрум“ (JNCI Cancer Spectrum). Наодите од испитувањата се важни и бидејќи се покажало оти жените кои се лекувале од рак на дојка се изложени на значително поголем ризик од кардиоваскуларни болести од оние кои немаат ваков вид рак.

Зголемувањето на можноста од срцеви заболувања е предизвикано од самиот третман на рак на дојка, којшто е кардиотоксичен, а за нив дополнително придонесува и неправилната исхрана, недоволната физичка активност, стареењето и пушењето цигари.

Истражувањето се заснова, вели еден од водечките автори д-р Исак Иргас, на проучување на повеќе од 3.400 случаи на агресивен рак на дојка.

Најуспешни резултати, поврзани со заштитата од срцеви заболувања, се забележани во случаите кога болните жени се лекувале со антибиотикот „Антрациклин“ што ги труе и убива канцерогените клетки. Според податоците на Светската здравствена организација, во 2022 година во светот се регистрирани 3,2 милиони случаи на рак на дојка и 670.000 смртни случаи од оваа болест. Во однос на бројот на заболени, како и по бројот на смртни случаи, ова е еден од најчестите карциноми кај жените во развиените земји во светот.

Научниците тврдат дека опасноста од овој вид рак се зголемува со возраста. Во таа смисла, жените до 40 години имаат 1,5 отсто можност да заболат од овој рак, на 50 - три насто, а на возраст од 70 години и повеќе, ризикот е поголем од четири отсто. /МИА

притисни ентер