Аналитичари: Коалицијата Вреди требаше да го испочитува одбележувањето за Делчев

Каква порака испратија вчера од коалицијата „Вреди“ со тоа што ниту еден министер или партиски претставник не се појави на централното одбележување да оддаде почит за ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев? Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Трамп со остри критики кон Зеленски, прво избори па Киев на преговарачката маса

Украина можеше да постигне договор, наместо да ја започне војната со Русија, му порача американскиот претседател Трамп на украинскиот претседател Зеленски, по реакциите дека Вашингтон со Москва кова договор за Украина без Украина.

-Многу сум разочаран. Слушам дека се вознемирени поради тоа што немаат место (во преговорите), па тие имаа столче три години и долго пред тоа. Денеска слушнав: „Оу, ние не бевме поканети“. Добро, вие сте таму три години. Никогаш не требаше да го започнете тоа (војната). Можевте да постигнете договор. Јас би можел да постигнам договор за Украина.

Трамп отиде и чекор понатаму. Оцени дека на Украина и се потребни избори, а дека рејтингот на Зеленски е незначителен, што ги подгреа шпекулациите за обид актуелниот лидер да биде изолиран, а функцијата во иднина да ја преземе проруски претседател.

-Имаме ситуација кога немавме избори во Украина, каде што во суштина имаме воена состојба и каде што лидерот во Украина, мислам, мразам да го кажам тоа, но тој е паднат на рејтинг од 4% - и каде што една земја е разнесена. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Зеленски, чиј мандат заврши лани, но поради воената состојба има право да ја врши функцијата и понатаму, ја прифати вербалната војна со Трамп. Го обвини дека живее во дезинформациски меур, поттикнат од Москва. Вели рејтингот му бил 58 проценти.

-Ако некој сака да ме смени во моментов, тоа нема да функционира во моментов. Друга работа, ако зборуваме за 4%, ја видовме оваа дезинформација. За жал, претседателот Трамп, со сета почит кон него како лидер на нација што ние многу ја почитуваме и која постојано не поддржува нас... За жал, тој живее во простор на дезинформации. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Кремљ соопшти дека средбата меѓу Трамп и Путин може да се случи до крајот на месецов. По вчерашната средба со американската делегација во Ријад, шефот на руската дипломатија Лавров се пофали дека односите со Вашингтон почнале да се нормализираат, а дека главен фокус за Москва е да се отстрани заканата Украина да се најде во Нато.

-Детално објаснивме вчера - зборуваме за елиминирање на заканите по безбедноста на Русија кои се создаваат многу години со вовлекување на Украина во НАТО. Претседателот Путин ја истакна оваа критична точка во неговиот телефонски разговор на 12 февруари со претседателот Трамп. , изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

Францускиот претседател Макрон попладнево е домаќин на втор по ред вонреден Самит посветен на Украина, на кој за разлика од пред два дена, се поканети и Канада и повеќе други европски земји.

Стружанец со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект

 Угостителски објект од Струга и неговиот сопственик заработија кривична пријава за кражба на електрична енергија, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, ОВР Струга поднела кривична пријава против правно лице од Струга и против А.Р.(28) од Струга, сопственик на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

- Пријавениот А.Р., без согласност од надлежен оператор, во просториите на неговиот правен субјект, неовластено поставил посебен уред, кој вршел промени во потрошени киловати на електрична енергија, со што се стекнал со протиправна имотна корист, појасни портпаролот Стефан Димоски.

Во периодот февруари 2024 до јануари годинава била направена материјална штета од околу 260.000 денари.

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година со одредени измени.

Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат да обезбедуваат финансиска поддршка за оние кои ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некои од најдобрите светски универзитети според Шангајската ранг листа. Конкурсите за доделување на стипендии за академската 2025-2026 година се објавени, а крајниот рок за аплицирање е 12 септември, соопшти на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа потсети дека станува збор за мерка што веќе 15 години ја спроведува државата, но, овојпат, со одредени модификации на условите за корисниците по стекнувањето на дипломата.

- Целта на измените е да се обезбеди ефективност на оваа мерка што, чини многу пари, ако се има предвид дека студирањето на најдобрите универзитети е исклучително скапо и на годишно ниво исплаќаме до 40.000 американски долари само за покривање на уписнината, а дополнително се покриваат и трошоците за живот, сместување и превоз на нашите студенти, појасни Јаневска.

На конкурсите можат да аплицираат македонски граѓани кои во академската 2025/2026 година ќе се запишат на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, медицинските науки и генетиката, согласно последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет.

Кандидатот треба да има соодветно претходно образование и соодветен просечен успех што е наведен во конкурсот и да не е корисник на каква било стипендија од друг давател во моментов. За стипендистите останува обврската по стекнувањето на дипломата, да се вратат во државава и да работат двојно повеќе време од времето на студирањето.

- Има неколку новини во конкурсот. По враќањето, стипендистите треба да се пријават во МОН и за првпат, да се регистрираат на посебен дигитален регистар - e-registar.mon.gov.mk, што го воведуваме оваа година, а што ќе биде споделен со државните органи, универзитетите и стопанските комори, во насока на полесно наоѓање соодветен работен ангажман. Ако на студентот не му биде понуден ангажман во рок од шест месеци, не му престанува обврската да работи во државата, информираше Јаневска.

Ако пак студентот, во рок од три месеци по дипломирањето се вработи во некоја компанија од Fortune top 500 листата во странство, тогаш надвор од државава може да остане најмногу до три години, со цел, како што рече министерката, стекнување на меѓународно корпоративно искуство, по што почнува да му тече обврската да работи во својата држава двојно повеќе време од времето на студирање.

- Доколку кандидатот одлучи да не се врати во државата, односно не ги исполни обврските од потпишаниот договор, ќе мора да ги врати средствата, онолку колку што Министерството му исплатило за студирање и тоа најдоцна во рок од две години по завршувањето на студиите. Во минатото се бараше враќање на десеткратно поголем износ, што всушност беше неприменлива договорна одредба, додаде министерката.

Осврнувајќи се на дигиталниот регистар на стипендисти во странство, Јаневска посочи дека целта е во него да се пријават сите завршени и тековни студенти во странство кои користат стипендија од МОН, за да може државата да има увид во состојбата на секој стипендист.

Регистарот содржи податоци за студентот, видот на студиите, периодот на студирање, работен статус, контакт - податоци и слично и секој ќе треба најмалку еднаш годишно да ги ажурира своите податоци доколку има каква било промена. Студентот може да одбере неговиот профил да биде видлив и така полесно ќе се вмрежува со други студенти, со научни и образовни установи и со работодавачи.

- Веќе сме во комуникација со многу од студентите да се пријават во регистарот и бидејќи тоа може да им донесе само корист, очекувам соработка и постапување. А задоволство ми е да споделам и дека Министерството за образование и наука веќе започна соработка со неколку дипломирани студенти, кои имаат желба и со голем ентузијазам работат на развој и промоција на својата држава, рече министерката.

Јаневска ги повика сите заинтересирани да ги погледнат условите во конкурсите и доколку ги исполнуваат, да ја искористат можноста што досега ја искористиле околу четртотини македонски граѓани, да го надградат своето знаење на реномирани светски универзитети.

притисни ентер