Американските танкери се претворени во болници (ВИДЕО)

Два болнички брода на морнарицата на САД пристигнаа  во пристаништата во Њујорк и Лос Анџелес за да го намалат притисокот во болниците што се полни со пациенти со коронавирус.

Двата брода имаат 12 комплетно опремени оперативни простории, 1.000 болнички кревети, центар за радиологија, лабораторија, аптека, скенер и два објекти за производство на кислород, соопшти американската морнарица.

Бродот Mercy е обично закотвен во Сан Диего , а Comfort во Норфолк.

„Пациентите ќе започнат да пристигнуваат од регионалните болници за неколку дена“, рече началникот на полицијата во Лос Анџелес, Том Гаси.

Денес бродовите се целосно опремени, но не секогаш се користeле во медицински цели. И двата брода всушност биле танкери за нафта, пред нивната промена во 1980-тите.

Во деновите кога превезувал нафта, се викал SS Worth. Во 1984 година, бил претворен во болнички брод за да обезбеди хуманитарна помош и да прими луѓе во случај на катастрофа.

„Товарниот дел од најголемото американско пристаниште во Лос Анџелес во моментов работи со капацитет од 80%“, вели извршниот директор на пристаништето, Џeин Серока, додавајќи дека два големи шока во дистрибутивниот ланец го потреселе системот.

Првиот е невнимателната трговска војна меѓу САД и Кина, а втората е епидемија на коронавирус, пренесува Си-Ен-Ен.

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

притисни ентер