Американските фабрики се соочуваат со недостиг на работна сила

Со отворањето на американската економија се зголемува и побарувачката за артикли, и поради тоа фабриките се пред голем проблем, недостиг од работна сила, јави СНН.

Поради производствената активност во САД индустријата има потреба од половина милион работни места, а нема квалификувана и некфалификувана работна сила. Недостигот од работна сила не е нова појава, но проблемот се продлабочува и може да има последици.

Според анализите на „Дилојт" (Deloitte) и Институтот за производство (The Manufacturing Institute) 2,1 милиони работни места во произвиодството до 2030 година нема да се пополнат и тоа може да ја чини американската економија и до една милијарда долари до 2030 година.

Според работодавците сега е потешко да се најде квалификувана работа сила отколку во 2018 година и покрај тоа што невработеноста е многу повисока.

Повеќе од три четвртини од анкетираните изјавија дека очекуваат проблеми со вработување и задржување работници оваа година. Според анализите, една од причините е што голем број Американци не сакаат да работат во фабрики поради стравување од роботизирање на работните места.

Во анализата на „Дилојт" се наведува дека многу работдавци се соочуваат со недостиг на неквалификувана работна сила дури и кога минималната плата е повеќе од седум долари на час. Станува збор за позиции за кои не е потребно посебно образование или специфичности. Според анализата секоја четврта жена во САД размислува да ја напушти произвдоствената индустрија и тоа може да ги засили проблемите во индустријата.

Реал Мадрид го продава Еден Азар

Еден Азар нема да остане во Реал Мадрид доколку шпанскиот клуб добие понуда со која ќе бидат задоволни.

Белгискиот фудбалер беше дочекан пред две години како голема sвезда,а 50.000 луѓе дојдоа да го поздрават на презентацијата, додека неговиот трансфер од Челси беше платен повеќе од 100 милиони евра, а сега може да си замине.

Сето ова му го наведува шпанска Марка и пишуваат дека во клубот го изгубиле трпението со играч кој е склон на повреди и кој не го покажал очекуваниот квалитет кога бил подготвен. Исто така потсетува на забавата на теренот со неговите поранешни соиграчи по натпреварот во кој Реал Мадрид беше запрен во полуфиналето од Лигата на шампионите, а Челси тргна кон борбата за титулата.

На преостанатите првенствени игри, клубот очекувал Азар да придонесе во борбата за титулата во Шпанија, но тоа нема да влијае на статусот на Азар во клубот. Ниту смеата во друштво на играчите на Челси немале ефект, бидејќи одлуката да го напушти, тврди шпанскиот спортски дневен весник, е донесена пред неколку недели.

Тој го загуби статусот во соблекувалната и довербата на врвот на клубот, па затоа во иднина повеќе не се смета, туку се бара купувач. Кога дојде во Реал Мадрид, Трансфермаркт ја процени неговата вредност на 150 милиони евра. Денес изнесува 40 милиони.

Азар има договор со Реал Мадрид до 30 јуни 2024 година.

ВМРО ДПМНЕ е за нов Клинички центар кој би се градел наспроти ,, Жан Митрев Клиника“

Многу е едноставно, ВМРО-ДПМНЕ е за нов Клинички центар, но само со изготвен проект, а не со физибилити студија од 35 страни.

Филипче треба да изработи проект, а потоа со истиот да бара пари, односно заем за реализација на вака сериозен капитален проект. Сега Филипче сака да се изгласа закон за заем од 503 милиони евра за проект кој е само во неговата глава, се наведува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ има многу јасен предлог. Предлогот е, комплетно реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кое би чинело околу 100 милиони евра како и изградба на ургентен клинички центар кој би бил наспроти „Жан Митрев Клиника“ и со кој би се поврзале Поликлиниката „Букурешт“ и ГОБ „8-ми Септември“. Освен ова решение, треба да се изградат уште три универзитетски клинички болници во Тетово, Штип и Битола кои би чинеле по десетина милиони евра, се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ

СЗО ја одобри кинеската вакцина „Синофарм“ за итна употреба

Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба вакцината против Ковид-19 на кинескиот производител Синофарм.

Вакцината, една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад.

Исто така, СЗО за првпат одобри за итна употреба на кинеска вакцина против заразна болест.

Фактот дека вакцината на Синофарм е на списокот на СЗО на итни вакцини е сигнал до националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и ќе овозможи да се вклучи во системот Ковакс, глобална програма за сиромашните земји.

СЗО досега одобри итна употреба на вакцините против Ковид-19 кои ги развија Фајзер/Бионтек, Астра Зенека, Џонсон и Џонсон и Модерна.

притисни ентер