Американскиот секретар за одбрана Остин до Шекеринска: Македонија е наш ценет пријател

Секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин испрати писмо до министерката Радмила Шекеринска во кое се заблагодарува на честитката за неговото именување на функцијата секретар за одбрана и ни ја честита годишнината од членството во НАТО.

" Македонија е ценет пријател и сојузник и очекувам да ја продлабочиме нашата соработка во следните години. Честитки за претстојната годишнина од приемот во НАТО. Соединетите Држави високо го ценат придонесот на Македонија во мисиите на НАТО во Авганистан, Ирак и Косово", вели тој во писмото.

Оддавајќи признание за нашето плодно 28-годишно партнерство со Националната гарда на Вермонт, секретарот за одбрана Остин го поздрави потпишувањето на Меморандумот за соработка во одбраната меѓу Македонија и САД. „Овој Меморандум ќе ги прошири областите на нашата билатерална соработка и ќе биде поддршка на Северна Македонија на патот кон исполнувањето на своите цели како што е развивањето на Лесната пешадиска баталјонска група", се вели во писмото.

Изразувајќи очекување за продлабочување на соработката во 2021 преку активности како што е и американското учество на вежбата „Одлучен удар 21" чиј домаќин ќе биде нашата земја, секретарот за одбрана високо ја оценува иницијативата Криволак да го развиваме во полигон за поголеми и посложени вежби од кои ќе имаат бенефит нашите армиски сили, но и сојузниците, САД и НАТО, се наведува во соопшштението од Министерството за одбрана.

Фото: Иванишевиќ и Селеш како деца

Легендарниот екс југословенски тенисер Горан Иванишевиќ, сега тренер на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави фотографија стара повеќе од 30 години.

Старата фотографија ги разбудила спомените на Горан од времето на поранешна Југославија.

На носталгичната фотка тинејџерот Горан Иванишевиќ се ракува со едно насмеано девојче, за оние кој не ја препознаваат, тоа е некогашната најдобра светска тенисерка славната Моника Селеш.

-Добри стари времиња со една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека немавме поим што ќе постигнеме во годините кои доаѓаа, напишал Иванишевиќ во описот на сликата.

Моника и Горан подоцна го достигнаа светскиот врв. Иванишевиќ го оствари сонот со освојување на Вимблдон, а Моника Селеш владеше со светскиот тенис со до трагичното ранување во Хамбург во 1993 година од луд навивач на ривалката Штефи Графт.

Селеш во кариерата освои девет Грен слем титули.

Фото: Карлеуша во ленти

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно се разголе на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш ги воодушеви своите фанови со бујните облини покриени со минијатурни врвки.

Јелена нема проблем да позира во костим за капење или во долна облека, но со последниот избор на гардероба ги изненади сите. Карлеуша одлучила да се фотографира во минијатурен градник и уште помали гаќички врзани со ленти.

Во оваа прилика може да се каже дека Карлеуша покажа скоро се. Нејзините фанови за „храброста“ ја наградија со рекорден број од 70 илјади лајкови.

Флик на излезната врата на Баерн Минхен

 По само две години работа и освоени титули меѓу кои и во Лигата на шампионите, Ханси Флик си заминува од германскиот гигант  Баерн Минхен на крајот на сезоната.

Иако се споменува дека ќе стане селектор на Германија, тоа не е причината за заминувањето туку конфликтот со директорот на баварците Хасан Салихамиџиќ.

Германските медиуми остро коментираат дека откако Салхимаиџиќ е дојден на функцијата, Баерн кој беше познат по сигурноста за тренерите и работата на долги патеки, сега го смени курсот и пребрзо ги менува шефовите и тоа со добро завршена работа.

Се тврди дека од истите причини Баерн предвреме ги набрка Нико Ковач и Карло Анчелоти.

Критиките одат до таму што на Баерн јавно му се упатува прашање...дали е можно секогаш да се виновни тренерите, а директорите да се во право?

притисни ентер