Американскиот носач на авиони се вкотви во Јужна Кореја

Американски носач на авиони денеска се вкотви во Јужна Кореја за првпат по четири години, придружувајќи им се на други воени бродови што се толкува како демонстрација на сила за да се испрати порака

Американскиот воен брод Роналд Реган и други бродови од ударна група се вкотвија во поморската база во Бусан, пристанишен град на југот на земјата, јави агенцијата Јонхап.

Нивното пристигнување претставува најголемо распоредување на воени бродови во областа. Станува збор за зајакнување на „стратешките капацитети“ во таа област како средство за одвраќање насочено кон комунистичка Северна Кореја, односно зачувување на регионалната безбедност.

„Импозантниот американски носач на авиони пристигна денеска во Јужна Кореја на своите први комбинирани вежби со јужнокорејската морнарица во близина на полуостровот во последните пет години, додека сојузниците се стремат да го зајакнат одвраќањето на се поголемите севернокорејски воени закани. Авионот УСС Роналд Реган со нуклеарен погон се закотви во командата на флотата РОК во Бусан, 390 километри јужно од Сеул, поради загриженоста за можноста Северот да изврши нуклеарна проба или други провокации“, информира Јонхап.

Командантот на ударната група, адмирал Мајкл Донели, рече дека станува збор за зајакнување на односите со јужнокорејските сојузници и интероперабилноста меѓу двете морнарици, додавајќи дека „пораките им се препуштени на дипломатите“.

– За нас ова е можност да вежбаме тактики и операции, рече Донели.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, кој е на функција од мај 2022 година, се залага за заеднички воени маневри со САД и други манифестирања на воена моќ како предупредување за Северна Кореја, која изврши рекорден број ракетни проби оваа година.

Пјонгјанг одбива да го прекине развојот на својата нуклеарна програма и проектили.

Објавени се „љубовните писма“ меѓу Трамп и Ким, сите се измеваат

Неодамна се објавени писмата што некогаш биле разменети меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и поранешниот американски претседател Доналд Трамп во периодот од април 2018 до август 2019 година.

Корејско-американскиот клуб, непрофитна организација составена од јужнокорејски новинари од различни новински агенции, објавиле 27 лични писма разменети меѓу Ким и Трамп во најновото издание на своето списание „Корус Журнал“.

„Подготвен сум да работам со вашата екселенција од сѐ срце и посветено“, напишал Ким во писмото од 1 април 2018 година, речиси шест недели пред за прв пат да се сретне со Трамп на самитот во Сингапур. Истиот ден Трамп одговорил дека е „среќен што се запознава“ со Ким со цел „драстично“ да ги подобри односите меѓу нивните влади, пренесува Yahoo News.

Трамп, исто така, напишал писмо во кое му се заблагодарува на Ким за враќањето на посмртните останки на 55 американски војници кои загинале за време на Корејската војна помеѓу 1950 и 1953 година.

„Ви благодариме што го одржавте ветувањето дека ќе започнете со процесот на репатријација на нашите војници“, рече Трамп во писмото од 2 август 2018 година, додавајќи: „Со нетрпение очекувам да се видиме наскоро“.

Ким испратил писмо до Трамп на неговиот роденден во 2019 година и ја споменал годишнината од нивната „историска“ средба во Сингапур. Трамп одговорил два дена подоцна, велејќи дека тој и Ким споделуваат „уникатна врска и посебно пријателство“.

Според извештајот на Корус Журнал, Ким испратил две писма во септември 2018 година во кои ја изразил својата желба лично да разговара со Трамп за потенцијалната денуклеаризација на Северна Кореја. Планот ги исклучил тогашниот јужнокорејски претседател Мун Џе-ин и тогашниот американски државен секретар Мајк Помпео, а Ким исто така забележува дека интересот на Мун бил непотребен.

„Најважната причина за она што е главоболка за вашата страна во форма на „ракетни закани“ и нуклеарниот проблем се всушност воените дејствија на вашите и на јужнокорејската армија кои ја загрозуваат нашата безбедност. И додека овие елементи не бидат елиминирани, не може да се очекува поинаков исход“, напишач тогаш Ким.

Ким наводно му ги испратила писмата на Трамп три месеци по нивната прва средба во Сингапур. Во тоа време, Северна Кореја беше под зголемен притисок да започне преговори за потенцијална денуклеаризација. Трамп, кој пораките ги нарече „љубовни писма“, испрати и 16 писма до севернокорејскиот лидер, од кои 11 во 2020 година. Делови од тие писма беа цитирани од новинарот Боб Вудворд во неговата книга „Бес“.

Книгата тврди дека писмата укажуваат на „дипломатско додворување“ што резултирало со тоа што Трамп влезе во историјата како прв американски претседател што се сретнал со севернокорејски лидер. Според Вудворд, пораките биле исполнети со „декларации за лична посветеност кои би можеле да бидат изречени од витезите на Тркалезната маса или можеби од додворувачи“.

Двајцата претседатели активно разменувале писма околу една година, а таа практика ја прекинале дури откако нивниот втор самит во Ханој не постигнал напредок. Во последното писмо од август 2019 година, Ким му се пожалил на Трамп дека Северна Кореја не добила ништо од САД.

„Од сега па натаму, за мене и за мојот народ е многу тешко да ги разбереме одлуките и однесувањето на вас и на јужнокорејските власти“, напишал Ким Џонг-ун во писмото од 5 август 2019 година. Тој исто така изразил колку е „навреден од параноичните воени вежби“ на американските и јужнокорејските војници.

„Како што во одреден момент посочи вашата екселенција, ние имаме силна војска... и општо е познато дека вооружените сили на Јужна Кореја не се натпреваруваат со нашата војска“, напишал тогаш лутиот Ким. „Настрана разликите во воената моќ, немам намера да ја нападнам Јужна Кореја или да започнам војна. Навистина немам склоност да го направам тоа“, додаде тој.

Претходно оваа година, писмата на Ким биле меѓу претседателските записи и документи кои ги заплениле американските власти од одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп во Флорида.

Ненадејно почина 18- годишен војник, кој одел покрај ковчегот на кралицата Елизабета Втора

Младиот војник Џек Бурнел-Вилијамс (18), кој бил дел од единицата која одела покрај ковчегот на кралицата Елизабета за време на нејзината погребна церемонија, бил пронајден мртов во касарната Хајд Парк, јавуваат британските медиуми.

Младиот човек бил пронајден мртов во касарна во центарот на Лондон, а иако смртта била „неочекувана“, полицијата соопштила дека не се обвинува како сомнително.

„Смртта беше неочекувана, беше истражена и не се третира како сомнителна. Службениците ќе помогнат во подготовката на извештајот за патологот“, изјави портпаролот на Метрополитен полиција.

На денот на погребот на најдолговечниот британски монарх, Џек одиграл една од клучните улоги. Тој беше дел од поворката што го чуваше ковчегот на Елизабета додека го носеа на кочија од Вестминстерската опатија до Велингтон Арх.

Неговото семејство никогаш не престанало да нагласува колку се горди на својот син, особено затоа што, како што рекоа, „Џек ја изврши својата должност кон кралицата на нејзиното последно патување“.

Исто така, се смета дека Џек учествувал во голем број церемонијални настани за време на официјалниот период на жалост по смртта на кралицата на 8 септември - вклучувајќи ја и должноста чувар на кралот Чарлс III и постарите членови на кралското семејство додека ковчегот бил носен во Вестминстерската опатија.

Во јуни оваа година, само еден месец откако Џек наполни 18 години, неговата мајка Лора споделила видео од нејзиниот син како учествува на јубилејната парада на кралицата.

„Еден од најгордите денови во мојот живот“, напишала таа тогаш.

Таа сега на својот Фејсбук ја потврди трагичната вест, со емотивна објава дека целото семејство е со скршено срце и дека се уште се во неверување бидејќи ги загубиле саканиот син и брат.

Либанскиот претседател доби американски предлог за демаркација на поморската граница со Израел

Американската амбасадорка во Либан, Дороти Ши, денеска на либанскиот претседател Мишел Аун и на привремениот премиер Наџиб Миката им доставила предлог за демаркација на поморската граница со Израел.

Американската амбасадорка во Либан, Дороти Ши, денеска на либанскиот претседател Мишел Аун и на привремениот премиер Наџиб Миката им доставила предлог за демаркација на поморската граница со Израел, во екот на преговорите за граничниот спор за околу 860 квадратни километри во Медитеранот,

Американските медиуми пренесуваат дека Либан и Израел официјално се во војна од создавањето на еврејската држава во 1948 година, а двете земји тврдат дека полагаат право врз околу 860 квадратни километри од Средоземното Море.

Кабинетот на претседателот Аун потврди дека за време на денешната средба во претседателската палата во Баабда, амбасадорката Ши му ги претставила предлозите на американскиот посредник Амос Хохштајн.

Во минатонеделното интервју за локалните медиуми, претседателот Аун оцени дека преговорите наскоро би можеле да завршат, со порака дека Либан „ќе го добие правото да вади нафта и гас“.

притисни ентер