Американскиот амбасадор во Грција: Преспанскиот договор е на сила и мора да се почитува (ВИДЕО)

Американскиот амбасадор во Грција , Џорџ Цунис во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ изјави дека Преспанскиот договор е на сила и мора да се почитува.

На прашањето за прекршувањето на Договорот од новата влада во Македонија, американскиот амбасадор со грчко потекло одговори:

„Не сакам да бидам груб, бидејќи ова е нова влада. Но, би било погрешно да направи нешто што ќе го загрози Договорот од Преспа. Договорот беше историски и мора да се почитува. Изненаден сум што новата влада не ја нарекува државата со нејзиното уставно име, мислам дека сите сме изненадени, но сите се обидуваме да ургираме со почит. Згора на тоа, придржувањето кон меѓународните договори е столбот на дипломатијата.“

На прашањето дали мисли дека тие можеби го загрозуваат нивниот европски курс, американскиот амбасадор нагласи „Не зборувам во име на Европа, но би го повторил она што го кажа мојата влада, имено дека на нашите пријатели им дадовме сериозна препорака да не избегнуваат да ја наречат својата земја со нејзиното уставно“, рече амбасадорот Цунис за ЕРТ.

„Гответе со Дракче“ - Палачинки

Во среда (12.02.2025) во емисијата гостин ни беше Билјана Јаневска.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. брашно

1 јајце

250 мл. минерална вода

200 мл. млеко

200 гр. мелени бисквити

1 мало тегличе мед

200 гр. мелени ореви

чоколаден прелив

Напиток салеп

млеко и цимет по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Салах постави рекорд во Премиер лигата

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна гол и асистенција на презакажаниот натпревар од 15. коло на англискиот шампионат против Евертон (2:2). 

Натпреварот се одигра синоќа на „Гудисон Парк“ во Ливерпул.

Сега Салах има 13 гола и девет асистенции на 13 гостувања оваа сезона. Триесет и двегодишниот Египќанец стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал 22 поени (голови + асистенции) на гостински терен во една сезона.

Салах го собори рекордот на фудбалерот на Њукасл, Енди Кол од 21 поен (гол и асистенции) на гостински натпревари поставен во сезоната 1993/94.

Акција за собирање кабаст отпад на локации во Пролет, Водно и Буњаковец

Општина Центар започнува нова акција за собирање кабаст отпад, со цел заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живот во локалната самоуправа. 

Во периодот од 15ти до 20ти во наредните три месеци - февруари, март и април, граѓаните ќе можат бесплатно да го одложат кабастиот отпад на три локации:

- Во населба Пролет, кај Феријален дом;

- На Водно, кај КТК до контејнерите;

- Во Буњаковец, кај контејнерите кај Вучко.

„Апелирам до сите да ја искористат оваа можност и на еколошки начин да се ослободат од кабастиот отпад. Да ги чуваме нашите улици чисти и да придонесеме кон поздрава животна средина!“ – порача градоначалникот Герасимовски.

Акцијата се спроведува согласно Акцискиот план за чист воздух и во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Дополнително, службите на локалната самоуправа активно спроведуваат голема кампања за чистење на општината под мотото „Центар не чека, Центар чисти“. Оваа иницијатива доби силна поддршка и позитивни реакции од жителите.

Заедно со граѓаните продолжуваме да создаваме чиста и уредена општина, во која приоритет ќе биде здравата животна средина.

Општина Центар

притисни ентер