Американски воени Ф-16 ловеле мал авион, го пробиле звучниот ѕид над Вашингтон- нема преживеани - Канал 5

Американски воени Ф-16 ловеле мал авион, го пробиле звучниот ѕид над Вашингтон- нема преживеани

Американските власти синоќа испратиле група воени авиони за да ловат мал авион кој неовластено навлегол во воздушниот простор над пошироката област Вашингтон, а потоа се урнал во Вирџинија.

Американски воени Ф-16 ловеле мал авион, го пробиле звучниот ѕид над Вашингтон- нема преживеани

Воените авиони ја пробиле звучната бариера над главниот град на САД за да стигнат до Cessna Citation, кој можел да превезе седум до 12 патници, соопштија официјални лица.

Околу времето кога го пробивале воздушниот ѕид, Цесната се урнала во ридско подрачје во југозападна Вирџинија, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Цитирајќи неименуван извор, Си-Ен-Ен објави дека во малиот авион имало четири лица.

Службата за итна помош пристигнала на местото вчера вечерта, околу четири часа откако државните и локалните власти започнале потрага по соборениот авион. Надлежните соопштиле дека на местото на несреќата не се пронајдени преживеани патници.

Цесната била регистрирана во Encore Motors од Мелбурн. Си-Ен-Ен го контактирале Џон Румпел, кој изјавил дека неговата сопруга, сопственик на компанијата, е безбедна, но одбил да коментира повеќе. Барбара на својот Фејсбук профил коментирала: „Моето семејство го нема, мојата ќерка и внуката“.

YouTube video

Џон Румпел за Вашингтон пост изјавил дека членовите на неговото семејство, вклучувајќи ја неговата ќерка, внуката и нејзината дадилка, биле во авионот и се враќале дома во Њујорк по четиридневно патување. Тој додаде дека неговата внука имала две години.

Воените авиони не биле причина за падот, тврди неименуван функционер. Според информиран извор, се верува дека Цесната возела на автопилот и пилотот не одговарал на повиците.

Цесната полетала од аеродромот во Елизабеттаун, Тенеси и била на пат кон аеродромот Мекартур на њујоршкиот Лонг Ајленд, околу 80 километри источно од Менхетен, соопшти ФАА. Инцидентот ќе го истражува Националниот одбор за безбедност на транспортот, додаваат тие.

Според веб-страницата за следење летови Flight Aware, се чини дека Cessna се приближувала до пошироката област на Њујорк пред да направи круг од речиси 180 степени и да заврши во Вирџинија.

Воените авиони Ф-16 биле испратени од заедничката база Ендрјус, објави ABC News, цитирајќи неименуван официјален претставник. Најмалку еден воен пилот видел дека пилотот на Цесна се онесвестил, соопшти ABC.

Кршењето на звучната бариера вознемирило многумина во Вашингтон, кои твитнаа за силната бучава и тресење на земјата и ѕидовите. Неколку жители пријавиле дека ја слушнале вревата дури до Вирџинија и Мериленд.

Саудискиот принц престолонаследник: Израел сака да ги вовлече САД во конфликтот со Иран

- Убеден сум дека Иран ќе постапи разумно и ќе ја осуети целта на Израел,  рекол бин Салман. Тој додал дека „денес целиот исламски свет едногласно ви дава поддршка“, обраќајќи се до иранскиот претседател.

Саудискиот принц престолонаследник: Израел сака да ги вовлече САД во конфликтот со Иран

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, во телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјавил дека, според проценките на Ријад, Израел се обидува да го продлабочи конфликтот со Иран со цел да ги вовлече САД во војна, јави иранската новинска агенција ИРНА.

- Убеден сум дека Иран ќе постапи разумно и ќе ја осуети целта на Израел, рекол бин Салман. Тој додал дека „денес целиот исламски свет едногласно ви дава поддршка“, обраќајќи се до иранскиот претседател.

Пезешкијан, пак, истакнал дека од моментот на преземањето на функцијата работи на зајакнување на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, но дека Израел секогаш се обидувал да ги поткопа неговите напори кога биле блиску до успех.

- Се надевам дека Иран и Саудиска Арабија ќе можат да соработуваат за воспоставување смиреност и стабилност во регионот, изјавил Пезешкијан.

Во изминатите два дена Израел изврши напади врз иранска територија, вклучувајќи противракетни системи, нуклеарни објекти и цели на високи ирански воени структури. Иран возврати со ракетни напади врз Тел Авив и Ерусалим.

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

 Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, изјави дека играчите на тимот се решени да го освојат Светското клупско првенство.

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

- Ако ги погледнете четирите тренинзи што ги имавме во Лос Анџелес, можам да ве уверам дека желбата за победа е присутна. Тоа е нормално за овој тип играчи. Ќе покажеме многу добар резултат. Имаме амбиција да продолжиме да победуваме за да им го отежнеме животот на нашите противници, вели Енрике во интервјуто за „Марка“.

Светското клупско првенство во 2025 година се одржува од 15 јуни до 13 јули во Соединетите американски држави. ПСЖ ќе игра во група со Ботафого, Сиетл и Атлетико.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека воените напади врз Израел се акт на самоодбрана и дека Иран не сака проширување на конфликтот кон соседните земји, освен ако не биде присилен.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

- Нашата воена реакција е базирана на правото на самоодбрана, рече Арагчи, нагласувајќи дека нападите се одговор на претходните израелски воздушни напади, вклучувајќи и врз нуклеарниот објект во Натанц.

Тој побара од САД да ги осудат израелските напади и изрази сомнеж во тврдењето дека Вашингтон не бил вмешан. - Ние не веруваме дека САД немаат улога во нападите врз нашиот нуклеарен објект, изјави шефот на иранската дипломатија.

Арагчи нагласи дека Иран останува цврст во ставот дека не поседува нуклеарно оружје, но истовремено го брани своето право на мирнодобска нуклеарна програма. Тој исто така откри дека шестиот круг преговори со САД бил откажан, но Иран бил подготвен да даде гаранции.

- Израел е противник на секое дипломатско приближување меѓу Иран и САД, додаде тој.

притисни ентер