Американски медиуми: Калифорниските гласачи гласаа против отповикување на гувернерот

 Гласачите во Калифорнија одлучија на референдум да го задржат Гевин Њусом за гувернер, и тоа се првите проценки од резултатите објавени од американските медиуми.

Околу две третини од гласачите, врз основа на околу 60 проценти од пребројаните ливчиња, гласаа против отповикувањето, јавија Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си.

Со таква предност, се проценува дека демократот Њусом ќе остане гувернер на американската држава со најмногу жители. Републиканците се надеваа дека ќе добијат повеќе од 50 проценти од гласовите за да го отповикаат демократскиот гувернер.

Приврзаниците на отповикувањето ги гледаат причините за отповикувањето во ограничувањата наметнати од него за пандемијата, но и во големиот број бездомници и злосторства во Калифорнија.

Фото: Нивес во провокативно издание на кров од зграда

Инфлуенсерката Нивес Целзиус на Инстаграм сподели фотографија на која позира во краток син фустан со реси.

-Важна е перспективата, напиша Целзиус во описот на фотографијата.

За фотографијата да има што е можно подобра позадина, Нивес се качи на на кров од зграда во Загрев.

За помалку од 24 часа Нивес на објавата собра повеќе од 10.000 лајкови и многубројни коментари од фановите.

-Згодна; Презгодна си од секоја перспективна; Браво убавице; Кој живее на работ има и добар поглед, се дел од коментарите.

Четврти член на бразилската делегација во ОН позитивен на коронавирус

Педро Гимареш, член на делегацијата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во Обединетите нации, е позитивен на коронавирусот, напиша извршниот директор на банката „Каиша економика федерал" на социјалните мрежи.

Гимареш, кој рече дека е комплетно вакциниран, е четвртиот член на делегацијата кој е позитивен на Ковид, а кој беше со Болсонаро во Њујорк на неговото обраќање во ОН.

Тој рече дека бил асимптоматски, но бил во изолација од средата, кога се вратил во Бразил од Њујорк.

Бразилскиот министер за здравство Марсело Квирога, синот на Болсонаро, Едуардо и еден дипломат, исто така, беа позитивни.

Квирога, на кој коронавирусот му беше дијагностициран за време на посетата на Њујорк, се уште е во изолација во хотел во Њујорк.

Болсорано во неделата рече дека има негативен резултат на тестот за Ковид-19. Откако пристигнаа во Бразил, сите членови на делегацијата на Болсонаро беа во изолација и направија тестови поради контакт со министерот за здравство.

Ескобар доаѓа во Брисел на разговори поради ситуацијата на северот на Косово

Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар неделава ќе пристигне во Брисел за да разговара со европските партнери за актуелната ситуација во северно Косово.

Соединетите држави работат со ЕУ, НАТО и владите во Белград и Приштина „да преземат итни чекори за деескалација на ситуацијата и избегнување дејствија што ги зголемуваат тензиите, го загрозуваат напредокот постигнат во дијалогот со посредство на ЕУ и негативно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните “, рече портпаролoт на Стејт департментот за Радио Слободна Европа , додавајќи дека: „Соединетите држави продолжуваат да поддржуваат тесна регионална соработка со цел да се отстранат сите пречки за слободно движење, трговија и инвестиции од кои ќе имаат корист сите граѓани на Западен Балкан“.

Тензиите во односите Белград-Приштина се зголемија во минатата недела, кога специјалните сили на косовската полиција дојдоа на премините Јариње и Брњак во северно Косово за да ја спроведат одлуката на Приштина за одземање и замена на српските регистарски таблички.

притисни ентер