Амазон ќе вложи милијарди долари во Нов Зеланд

Амазон објави дека планира да инвестира 7,5 милијарди новозеландски долари (5,3 милијарди американски долари) во изградба на нови центри за податоци во Нов Зеланд.

Веб сервисите на Амазон ќе изградат нови центри за податоци, што ќе резултира со отворање илјада нови работни места во следните 15 години, соопшти американскиот гигант.

„AWS поддржува илјадници организации низ Нов Зеланд во нивните напори да иновираат, успеат и да растат на глобално ниво“, рече портпаролот на компанијата Прасад Калијанараман.

„Возбудени сме што ќе изградиме нова инфраструктура од светска класа на локално ниво, ќе ги научиме Новозеланѓаните за потребните дигитални вештини и ќе продолжиме да им помагаме на локалните организации во креирање апликации што ја забрзуваат дигиталната трансформација и стимулираат економски раст“, ​​додаде тој.

Проектот треба да им овозможи на корисниците да управуваат со нивните апликации и да обезбедат услуги за крајните корисници преку центрите за податоци лоцирани во Нов Зеланд.

Ова ќе создаде услови да се исполнат барањата на оние клиенти кои сакаат нивните податоци да останат во Нов Зеланд, рече Калјанараман.

Соопштението е поттик за дигиталниот сектор на Нов Зеланд и покажува доверба во економското закрепнување на Нов Зеланд, рече министерот за дигитална економија и комуникации Дејвид Кларк.

„Можеби сме мала островска нација, многу далеку од традиционалните пазари, но дигиталниот свет без граници постојано ни отвора нови иновативни економски можности“, додаде Кларк.

„Ова е чекор напред за дигиталната зрелост на Нов Зеланд, бидејќи сите ние се` повеќе се прилагодуваме на светот што брзо се дигитализира“, заклучил министерот.

AWS има мала канцеларија во Нов Зеланд од 2014 година, одвоена од онлајн продавницата на Амазон, која е достапна само за Новозеланѓаните преку Австралија, забележува агенцијата DPA.

Османи: Одвојувањето на Македонија и Албанија не зависи од нас

Одвојувањето на Македонија и Албанија не зависи од нас, тоа e одлука на ЕУ, вели Османи.

Процесот формално се заснова на индивидуални заслуги. Меѓутоа, отсекогаш била проценката дека се добива синергија, една сила повеќе доколку двете земји продолжуваат заедно, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи, нагласи дека, никогаш не бил поборник на одвојувањето, бидејќи, како што рече, овие процеси се циклични и може да сменат во обратна насока.

– Се сеќавате 2019 година беше обратна ситуацијата. Дали Македонија треба да ги продолжи, а Албанија заостана затоа што ги немаше тогаш исполнето условите. Имаше и меѓу нас такви коишто лобираа Македонија да се одвои. Отсекогаш сум предвидел дека овие процеси се циклични и може да се сменат во обратна насока, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конферениција со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид.

Важно е, посочи тој, поради многу причини и ќе даде поттик на целокупната регионална интеграција, доколку Албанија и Македонија се држат заедно и започнат преговорите заедно сега при крајот на годината, во текот на словенечкото претседателство, а потоа, како што рече, секој со својата среќа и брзина што ќе ја наметне.

– Но, мислам дека почетокот е важен затоа што Комисијата потврдува дека двете држави ги исполнуваат условите. И навистина би било лоша пораки кога поради прашања коишто не се поврзани со ЕУ, едната држава не продолжи. Мислам дека тоа ќе создаде значителен удар на кредибилитетот на европските интеграции во државата и во регионот, рече Османи. /МИА

Шилегов: Почна асфалтирањето на булеварот Киро Глигоров во Гази Баба

 За оваа реконструкција од Буџетот на Град Скопје се одвоени 110,4 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е 9 месеци.

„Драги скопјанки и скопјани, Скопје го менува својот лик. Скопје стана град кој ги поврзува своите граѓани. Булеварот Киро Глигоров е еден од симболите на тоа поврзување. Денес започнуваме со асфалтирање на бул. Киро Глигоров на потегот од мостот Близнак до крстосница со ул. Перо Наков“, соопшти градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.

Откако Град Скопје заврши со поставувањето на атмосферска и фекална канализација, денес веќе се финишира и со коловозот во должина на трасата од 682 метри. За оваа реконструкција од Буџетот на Град Скопје се одвоени 110,4 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот на изведба е 9 месеци.

„Тој рок започна да тече во јули, а требаше да заврши идната пролет. Како што гледате, ние планираме да завршиме многу побрзо од тоа. Сакам да им се заблагодарам на моите сограѓани за покажаното трпение и разбирање за неопходноста од реконструкциите кои се интензивираат во овој период од годината, ама треба да знаат дека оваа улица е исклучително фреквентна од причина што ја поврзува скопската општина Гази Баба со Аеродром и Кисела Вода“, кажа градоначалникот Шилегов.

Само за потсетување пред само 3 години по должината на целиот булевар беше изградена и велосипедска патека, која заедно со велосипедската патека на бул. Србија, како и оние на бул. Јане Сандански, АСНОМ и Александар Македонски, претставува важен велосипедски коридор кој ги поврзува Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.

„Изградбата на мостови и улици кои поврзуваат, кои обединуваат не смее да запре. Изградбата на европско, урбано и зелено Скопје мора да продолжи. Драги скопјанки и скопјани, Вие граѓаните сте силата на овој град, и само вие одлучувате во каков град ќе живеете. Иднината на Скопје е во ваши раце. Ајде да се обединиме затоа што имаме иста цел – силно, единствено Скопје, во кое се живее достоинствено. Да дадеме поддршка за Скопје кое ги поддржува младите да градат семејства тука и кој силно вложува во здрава иднина, чист воздух и модерна инфраструктура. Вашата сила, драги скопјанки и скопјани, е вашиот глас. Излезете на изборите и изберете силно Скопје, Скопје кое се гради, кое расте, Скопје кое го продолжува својот пат меѓу најразвиените градови во Европа“, потенцираше градоначалникот Шилегов.

Фото: Индиски „SUV“ од 7.000 долари

Само „Tata“ може да направи толку евтин „SUV“ модел.

Индискиот произведувач „Tata“ се прослави со најевтиниот автомобил на светот- моделот „Nano“ со почетна цена од околу 2.500 долари.

Иако на оваа компанија не и тргна со планот да го преплави пазарот со евтини автомобили, со оглед на тоа дека продажбата не ги достигна проектираните бројки, сепак во едно успеа- стана глобално препознатливо име и синоним за нискобуџетни возила.

Таков и нивниот нов „SUV“, „Tata Punch“, кој во основната верзија чини околу 7.300 долари.

Автомобилот наменет за индискиот пазар е прво возила на марката „Tata“ кое припаѓа во сегментот на мали „SUV“ модели, а негови ривали се „Hyundai Casper“, „Suzuki Ignis“, „Renault Kwid“ и „Mahindra KUV100“.

Дизајнот е плод на соработка на повеќе дизајнерски студија од оваа компанија, од Индија, Велика Британија и Италија, додека инжрнерскиот дел од работата е направен само во матичната земја.

„Tata Punch“ е стандардно поставен на 15 инчни тркала, додека со доплата се достапни и алуминиумски бандажи со пречник од 16 инчи.

Иако станува збор за „SUV“, а не за вистински теренец, произведувачот тврди дека „Punch“ има сосема солидни карактеристики за надвор од асфалтот.

Иако моделите кои се продаваат во Индија не се шампиони за безбедност, „Tata“ се пофали дека „Punch“ е оценет со 5 ѕвездички на „Global NCAP“ тестот.

Во себе овој модел има 1.2 литарски атмосфетрски бензински мотор со 3 цилиндари и 86 коњски сили.

Силат ана предните тркала се пренесува преку 5 брзински мануелен или 5 степен автоматски менувач

Патничката кабина е проектирана за 5 лица, но изгледа дека во автомобилот комфорно можат да се возат само 4 патници.

Најевтиниот „Tata Punch“ автомобил чини 7.287 долари а за најскапата верзија ќе треба да се издвојат 12.466 долари.

притисни ентер